Ознака: кои

izduvni gasovi

Хронично труење

Post Views: 5 Штетното влијание на издувните гасови, голем проблем и во Охрид. На оваа тема денес во просториите на Црвениот Крст, се одржа трибина во присуство на претставници од повеќе институции. Седми април светскиот ден на здравството не случајно беше избран како најпогоден термин за почеток на кампањата, која што ја спроведува Општинскиот совет за безбедност во сообраќајот на патиштата, смета претседателот на Црвениот крст, Сашо Точков, и додаде дека комплетно ја имаат нивната поддршка. Подигањето на свеста кај населението од штетноста која што се случува заради движењето на...

Continue reading

jp Komunalec

Подигање кабаст отпад

Post Views: 8 Јавното Претпријатие “Охридски Комуналец” ги известува жителите од населбата „Стар Град“ дека во сабота ќе организира акција за подигање на кабаст отпад (душеци, стар мебел, телевизори, шпорети, теписони и др.). Се молат граѓаните кои живеат во овој дел од градот, доколку имаат ваков отпад да го извадат најкасно до 10.00 часот, на места кои се лесно пристапни за возилата на „Комуналец“ или до контејнерите, со претходно пријавување на локацијата на дежурниот телефон  046/265-353.  {loadposition content9}

Continue reading

ulica-sanacija

Лифтинг за локалната патна инфраструктура

Post Views: 0 Деновиве, на иницијатива на Одделението за комунален развој и сообраќај започна асфалтирањето на дел од улиците, на кои минатата година се изведуваа градежни зафати, поради поставување канализациона и водоводна мрежа. Од ова одделение најавуваат дека ќе се обидат да го решат проблемот со улицата која ги поврзува населбите „Гоце Делчев“ и Видобишта со патниот правец Охрид-Свети Наум. Шикалески додава дека станува збор за улица на која пред десетина години е изведено поставување на водоводна мрежа, од страна на ЈП Проаква. Шикалески потенцира дека во тој период се укажувало...

Continue reading

sostanok-delikvencija

Малолетниците стануваат се поагресивни

Post Views: 4 Насилство и агресивност во училиштата се почеста појава. Токму на оваа тема денес разговараа и претставниците од СВР-Охрид и советодавната група на граѓани. За жал покрај средните училишта, од оваа негативна појава зафатени се и основните училишта. За решавање на овој сериозен проблем, потребно е вклучување на сите релевантни фактори. „Малолетничката деликвенција како асоцијална појава е феномен со кој што се соочуваме сите ние. И ние како полиција преземаме одредени превентивни и репресивни мерки во насока на сузбивање на овој вид на криминалитет и воопшто како негативно...

Continue reading

kuce-maska

СВР Охрид со мерки против несовесни сопственици на кучиња

Post Views: 15 Секторот за внатрешни работи Охрид, до Основниот Суд во Охрид поднесе  барања за поведување прекршочна постапка против шест лица кои, своите домашни миленици односно кучиња, невнимателно и без заштитни маски ги шетале своите кучиња на јавно место. Пријавите се поднесени против Е.М.(18) С.С.(29) И.Р.(29) М.Г.(26) П.С.(24) и Д.М.(48) сите од Охрид кои во текот на минатиот месец се затекнати на различни места  на подрачјето на Општините Охрид и Дебрца. Тие ги воделе односно невнимателно и без надзор ги имале пуштено своите домашни   кучиња од расите „Пит бул,, „Доберман„...

Continue reading

zs tocak

Уште еден викенд во знак на охридските велосипедисти

Post Views: 9 Членовите на планинско-друмскиот велосипедски клуб Еко Дром го продолжуваат проектот ‘‘Да ја запознаеме нашата околина‘‘. Викендов  кој е зад нас тие го посетија селото Лин во Албанија. Воодушевени од посетата на ново откриената некропола и изненадени од автентичноста на градбите во стар стил од овој дел на крајбрежјето, за на јужната страна од полуостровот, да ги пречекаат ново изградени ресторани и хотели, како и убави широки плажи. Успешно е завршена и велосипедската тура и воедно еко патрола, од страна на клубот “З’ш Точак”. Вчерашната тура беше поделена на две...

Continue reading

nasilstvo

Која е причината за се поизразеното врсничко насилство?

Post Views: 9 За само десетина дена, неколку пресметки помеѓу врсници во основните училишта во Охрид. Причините – банални. Порака на facebook, непочитување на командите на својот соученик – лидер, кој се поистоветува со лик од сериите или последната, која се случи во ОУ Григор Прличев, кога средношколец од Гимназијата во заштита на својот помал брат, предизвика масовна тепачка. Некои родители загрижени за она што им го раскажуваат децата по поминатиот училиштен ден. Еден од нив е Александар Ѓоргиевски, дипломиран графички дизајнер, човек чија професија е тесно поврзана со она...

Continue reading

gradbi

Mенувањето на законските прописи ги спаси дивоградбите

Post Views: 1 Локалната самоуправа сеуште мака мачи со дивогрдбите. Наследените 1200 диви градби од 2005 год. не само што останаа, туку и се намножија. Раководителот на комуналниот инспекторат Танас Танасоски вината за ова ја гледа во законските прописи кои постојано се менуваат.  „Министерството за транспорт и врски уште пред три години објави дека ќе донеси закон за дивоградби и ние го чекаме“, истакнува Танасоски. „ Се донесе закон за градба. Дојде и дотаму на оние кои го имаа прекршено да им се одземи и земјиштето. Потоа се донесе законот за легализација, со кој од прекршок премина...

Continue reading

decinja

Дечињата и нивните Првоаприлски маски

Post Views: 3 1ви Април, денот на шегата е веројатно денот кој дечињата нетрпеливо го очекуваа. Градинките од Охрид, со заедничка огранизација им овозможија да ја покажат својата креативност. Заедно со своите воспитувачки тие си имаа подготвено музички и танцови изведби, се забавуваа, кажуваа шеговити стихотворби. Но, за нив најважно беше што можеа да се маскираат во своите омилени ликови од цртаните филмови, од приказните… Пеперутки, самовили, принцези, мечиња, пчелички се само дел од креативните маски на дечињата кои беа присутни. За „Априлијадата“ да изгледа и звучи онака...

Continue reading

Grigor Prlicev

Причината непозната за тепачка во дворот на ОУ „Григор Прличев“

Post Views: 56 Две групи ученици се степале во кругот на основното училиште Григор Прличев. Во средата во меѓусмена, по завршувањето на наставата за осмоодделенците помеѓу ученици дошло до  физичко  пресметување. Во одбрана на помалиот брат ученик во училиштето  се вклучиле и двајца гимназијалци. Училишниот педагог  Офелија Петреска негира дека станува збор за масовна тепачка, како што некој сака овој инцидент да го престави во јавноста. Станува збор за размена на неколку шлаканици помеѓу учениците кои поминале без сериозни повреди и навреме била  спречена,  изјави за ТВМ Петреска. И...

Continue reading

den na drvoto

Акцијата „Ден на дрвото“ успешно спроведена и Охрид и Струга

Post Views: 3 Прeтеседателот на советот на Општина Охрид, како и претставници на Локалната, засадија садници на клучката пред влезот на Охрид. Пратеничките од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, се приклучија кон акцијата, засадувајќи садници во паркот во Струга. „Ајде на садење, батали политика“. Под ова мото, по седми пат во нашата држава се одржа акцијата Ден на дрвото. Покрај учениците од основните и средните училишта од нашиов град, кон истата се приклучија и членовите на Советот на општина Охрид, кои го пошумуваа делот кај клучката на влезот на Охрид, со садници кои ги обезбеди ЈП „Охридски...

Continue reading

carshija

Нов трговски, чиста шпекулација?!

Post Views: 4 Не стивнуваат гласините, кои зборуваат дека во старата чаршија треба да никне нов габаритен трговски објект. Од Секторот за урбанизам, децидни. Ниту еден од објетите зацртани во предлог планот не е поголем од П+2. Нацрт планот пак за овој опфат моментално се наоѓа во Скопје во Министерството за животна средина. Деновиве низ градов се позачестени се гласините дека извесен стопанственик ќе гради голем трговски објект во старата чаршија. Имено станува збор за објект кој наводно треба да никне на дел од просторот на планскиот опфат во Нацрт- ДУП кој пак е во границите...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top