Ознака: кои

akcija crven krst

„За посреќно детство“ по четврти пат

Post Views: 1 Финишираат подготовките за четвртата по ред Традиционално хуманитарна спортско-рекреативна акција “За посреќно детство”. Манифестацијата ќе започне со „главна трка” со старт од  плоштадот „Чинар”, која ќе се движи по улицата “Македонски Просветители” и цел на Градскиот плоштад. На терасата на комплексот Летница, паркот пред маркетот Тинекс и на Градскиот плоштад “Климент Охридски” од 11:00 – 15:30 ч. ќе се одвиваат спортско-рекреативни натпревари и културно-забавни содржини. „За учетво во игрите потребен е ученички број – талон кој чини 30 денари. Со парите...

Continue reading

nerabotni denovi

Една третина од годината Македонија не работи

Post Views: 3 Македонците обично важат за вредна нација која не се плаши да ги засука ракавите и да сработи нешто. И ова донекаде е точно. Но ако ѕирнеме во статистиката, малку ќе ја разнишаме оваа теорија. За сите, па дури и за нас тука во Македонија, годината си има 365 дена ама многу е јасно дека не може сите да се одработат бидејќи нацијава ќе ни беше ептен уморна. Не, не работиме 365 дена. Ако од оваа бројка ги одземеме 105те дена од 2012 година кои отпаѓаат на неработни викенди, излегува дека работиме 260 дена годишно. Ама не е така, затоа што ние, а кога велам ние, мислам на...

Continue reading

ulica

Прес без реакции

Post Views: 2 Градоначалникот Александар Петрески не реагираше  на обвинувањата на портпаролот на ОК ВМРО – ДПМНЕ изнесени во вторникот на прес, во врска лошата локaлана патна инфраструктура. Но само ден подоцна не одолеа на нашето прашање зошто не реагирале од Локалната. „Сигурно дека ВМРО – ДПМНЕ држи секојдневно прес конференции и во нив не се пресметува со нивниот политички противник него стално ме има мене за цел како градоначалник. Јас сум градоначалник на сите, и партиите меѓу себе нека се расправаат а мене да ме остават на мира. Ако тие се без работа, ако тие немаат идеи и...

Continue reading

kafulinja

Работното време на угостителските објекти се продолжи

Post Views: 1 Угостителските објекти во Охрид за време на туристичката сезона ќе работат со продолжување од еден до два часа. Но, само за празниците за кои Охрид е најпосетен од туристите. Пред донесувањето на ваквата одлука од страна на мнозинството на Советот на општината, претходеше реакцијата на жителите од Урбаната заедница Стар Град. Членовите на Урбана заедница еден, бараат да не се продолжува работното време на угостителските објекти во викенд зошто велат, за гостите секој ден е викенд.Тие исто така со барање, концесионерите на плажите стрикно да се придржуваат до работното...

Continue reading

Duhovden

Духовден- ден за симболична средба со починатите

Post Views: 3 Духовден или дуовден е државен празник во Македонија. Овој христијански празник е посветен на слегувањето на Светиот Дух врз апостолите и формирањето на Црквата. Духовден оваа година се слави во понеделник, на 4 Јуни. Овој празник како и Велигден се празнува три дена. Во Македонија и во остантите земји со православна вероисповед првиот ден од Духовден е и ден на  Св. Троица. Педесетницата се нарекува уште и „крај на празниците“, ден преку кој се довршува историјата на Спасението остварено преку Исус Христос токму поради тоа што православното учење како една службите...

Continue reading

svetski den protiv pusenjeto

„Остави цигаре, земи јаболко“, порачаа младите

Post Views: 0 Формалдехид состојка која се користи за зачувување на лешевите од распаѓање, Ацетон, Амоњак, средства за разредување на боја, се само мал дел од супстанциите од кои е составено секое цигаре. Возрасните иако знаат колку се штени цигарите, сепак некои од нив не се откажуваат од нив, но за среќа има и такви кои откако ги почувствувале негативните последици се откажале од овој порок. Мате Гогоски претседателот од НВО „Енхалон“ е еден од оние кои цигарите ги гледа како најлошиот порок кој може да го има човекот во себе. „Пушев од мали нозе, сега не пушам. Почувствував големи...

Continue reading

znak

Нов сообраќаен режим за нова туристичка сезона

Post Views: 0 Според стручните служби, тој единствено ќе се темели врз безбедноста на граѓаните и обезбедување на непречени сообраќајни токови. Службите објаснуваат и дека нивна интенција е се повеќе да се воведе еднонасочниот сообраќај, но додаваат дека за успешно спроведување на режимот, потребен е поголем напор, од повеќе чинители. „Годинава ќе имаме чекор напред во она што треба да значи безбеден, несметан и ефикасен сообраќај, низ охридските улици. Доколку немаме соработка со МВР и нивните репресивни ингеренции во однос на почитувањето на сообраќајната сигнализација и немаме...

Continue reading

cresi

Јаболко како од приказната за Снежана

Post Views: 3 „Јас здраво се хранам. Секој ден конзумирам зеленчук и овошје“. Оваа реченица многу често можеме да ја слушнеме, но колку има вистина во неа. Дали зеленчукот и овошјето што ги јадеме се навистина здрави. Колку надлежните институции водат сметка дали производите на македонските ниви и пазари  ги задоволуваат европските стандарди. Дел од граѓаните кои ги запрашавме дали државата се грижи за квалитетот на храната што ја конзумираме велат дека не се грижи, а има и такви кои сметаат дека храната се контролира и е релативно здрава. Агенцијата за храна и ветеринарство неодамна...

Continue reading

sovetnici

Сeдница во знакот на претстојната туристичка сезона

Post Views: 1 ’47-то издание на советот на Општина Охрид посветено на подобро спроведување на сезоната која претстои. Така, експресно поминаа точките кои се однесуваа на новата програмата за поставување на урбана опрема, новиот режим на сообраќај и продолжувањето на работното време на угостителските обекти. Не поминаа точките предложени од страна на советничката група на ВМРО-ДПМНЕ, за разрешување на Претседателот на советот и неспроведување на одлуката за рушење на дивоградбата во Трпејца. Точката за кредитно задолжување на ЈП, Нискоградба“ предложена од страна на Градоначалникот...

Continue reading

sednica

Каде е демократијата?

Post Views: 25 Најнедемократски чин во Охрид. Вака во кратки црти беше опишана 47 та седница на охридскиот совет, од советничката група на ВМРО – ДПМНЕ. Причина,  неподржувањето на двете предлог точки на оваа советничка група.  Едната, која се однесуваше на неспроведување на одлуката за рушење на дивоградба во Трпејца и другата, интерпелацијата на претседателот на Советот Душко Јаковчески. Координаторот Дејан Паноски, потенцира дека немале основ да присуствуват на седницата бидејќи не се разгледуваат критичните прашања кои ги засегаат граѓаните на Охрид. „Ова е врвот на нарушувањето...

Continue reading

kampanja turizam vlada

Владините спотови за туризмот го налутија Петрески

Post Views: 7 Македонски езерски келнер, македонска пансионска газдарица, македонски алфа мажјак, ова се некои од насловите на неколкуте владини спотови кои деновиве ја брануваат целокупната јавност, а особено охридската. Владината кампања ,,Ти си лицето на твојата земја, од туризмот сите добиваме “ го налути  и првиот човек на Охрид, градоначалникот Александар Петрески. Тој остро ги осуди овие спотови со кои, како што вели , се валка честа и достоинството на сите македонски граѓани и побара итно запирање на емитувањето на спотовите. Тој вели туристите секогаш се воодушевувале од...

Continue reading

drim kor grupa

Прв состанок на Дрим Кор групата

Post Views: 1 Прв состанок на Дрим Кор групата која работи на прашањата позврзани со управувањето на Дримскиот Басен. Ова е прв официјален состанок на Дрим Кор Групата откако е потпишан Договорот за заедничка визија за Дримскиот Басен ,меѓу 5-те земји , со кој Групата стана официјално тело со преставници од сите земји.  Ова е прва средба на која се донесоа  значајни одлуки како што се акциониот план до 2014 год., но и се прецизираше што се се прави за да се подобри соработката помеѓу земјите. Присутните на работниот состанок дискутираа и за тоа како да се решаваат проблемите најмногу...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top