Post Views: 2
Охрид понапред. Ова е насловот на изложбата на документаристички фотографии на нашиот сограѓанин, Никола Митровиќ. Низ 35 фотографии на места и објекти низ градов фатени низ објективот на фотоапаратот пред петнаесетина години и денес може да се види како градот растел и се менувал низ времето. Митровиќ идејата за ваков вид фотографија ја добил од својата професија. Тој е историчар архивист, а архивистиката се занимава со документите. Митровиќ вели дека фотографијата е еден многу важен документ од кој можат да се добијат многу податоци.
Промоторот Зоран Велјаноски Летра...
Post Views: 0
Охриѓани слабо заинтерсирани да дадат поддршка на народната иницијатива Аман за измени во Законот за енергетика. Охриѓани во споредба со граѓаните од останатите градови во земјава не покажале голем интерес да ја поддржат иницијативата. Со таквиот однос одаваат впечаток на слободни стрелци некој друг да им ја заврши работата, а тие да ги користат придобивките. Од почетокот на иницијативата за собирање потписи па досега само 256 охриѓани го ставиле својот потпис на иницијативата. Овој број е многу поголем во останатите градови како што се Битола, Прилеп , Скопје, Куманово...
Post Views: 3
Охриѓани подготвија 3,3 тони рибина чорба, со која најверојатно го соборија Гинисовиот рекорд поставен од американски колеџ, за најголема количина рибна чорба. Сето ова се случуваше вчeра под будното око на преставниците на Гинис, на празникот Св. Јован кога традиционално се одбележува Денот на рибарите.
„Еве можам да кажам дека Гинисовиот рекорд е соборен, затоа што тој досега изнесуваше 3 тони и 25 литри рибна чорба, а ние правиме 3 тони и триста. Се е снимено и заверено на нотар. Направивме се според инструкциите на Гинис“, вели Љупчо Арнаудов, преставник на здружението...
Post Views: 3
Развојот на туризмот во Охрид и Македонија и владините мерки и активности кои се преземаат за развој на оваа област , беше темата на трибината која се одржа вчера во Центарот за култура „Григор Прличев“.Пред присутните свое излагање имаше пратеникот Харалампие Шокароски кој го истана своето задоволство од како што кажа зголемувањето на бројот на странските туристи преку субвенционирање на тур- операторите, субвенционирањето на нискобуџетните летови, како и подршката која им се дава на граѓаните кои се бават со туризам.
„За жал ни Охрид и Р Македонија не се на светската...
Post Views: 1
За прв пат кај нас направен спој на археологијата со компјутерската технологија. Визуелизирана ранохристијанската базилика од 5 век на Плаошник. Неколкумина студенти од Универзитетот Апостол Павле под менторство на арехологот Владо Маленко изработија проект со кој може да се види како изгледала базиликата во периодот на нејзината градба. Професорот Јане Бакрески кој исто така учествуваше во проектот се надева дека ова ќе биде мотивација за институциите. Тие треба да сфатат каква е сериозноста на ваквите проекти и колку може да се придонесе да се промовира културното...
Post Views: 17
Јован Бабаче најсреќен од сите кои денес скокнаа во студените и разбранувани води на езерото за да го фатат светиот крст.
Околу 1100 капачи 17 минути го бараа крстот, но тој како да чекаше токму Бабаче да го фати. Него веќе петти пат му се посреќува. Тој вели дека нема никакво правило и дека се е божја воља. Објаснува дека оваа година воопшто не планирал да се фрла по крстот, но кога видел дека капачите неможат да го најдат некоја внатрешна сила го натерала да скокне за да го најде.
Кумот на овогодинешната манифестација Водици, Стојан Ѓоргоски на Јован Бабаче му подари...
Post Views: 3
Се поставуваат шатори за медицински екипи и за капачите, се украсуваа бродовите, поставуваа огради и тезги на кои ќе се точи топла ракија , а нуркачите го чистеа и езерското дно каде ќе се фрла светиот крст. Обележана е и линија која ќе овозможи сите кои ќе се обидат да го фатат крстот до него да стигнат со пливање, што би значело сите пријавени да тргнат во исто време и од исто место, а не како досега.
„Како што нагласивме во повеќе наврати овојпат ако некој нечесно или предвреме тргнит или скокни од брод или чамец, нема да ги добијат наградите кои ги дава здруженито....
Post Views: 10
„Само делата се вистина“. Излезе од печат монографијата на „Адора Инженеринг“, по повод 10 годишниот јубилеј на компанијата. На 150 страници од монографијата ги забележавме сите успеси од една плодна деценија успешна работа на полето на градежништвото вели Чифлиганец.
„Направивме над 1250 елитни станови, 1600 модерни паркинзи и 200 – 300 деловни простори и успеавме за овие 10 години. Успеав да направам компанија со сите брендови овие 10 години на 20 то место по успешност во Р. Македонија“.
Тајната на успехот според Чифлиганец е од ништо да се создаде многу. Во неговата...
Post Views: 7
Охридски Комуналец во акција. Екипите на ова Јавно Претпријатие по втор пат, веќе два дена во услови на дожд, излегоа на терен за ги чистат отпадоците расфрлани странично од коловозната лента на влезот на Охрид од петљата па се до Подмоље, како и од Биљанини извори до Св Наум. Првиот човек на претпријатието Сашо Алче, вели дека тоа го прават за да ја тргнат лошата слика на расфрлан смет на патниот правец кој води до Охрид, бидејќи очигледно дека тоа не му смета на претпријатието под чија што надлежност е овој патен правец.
„И минатата година во месец јули откога увидовме...
Post Views: 1
Sparrow е името на новата игра за Windows 8 оперативниот систем и Windows паметниот телефон на гигантот Мајкрософт. Зошто е ова значајно за нас? Затоа што нејзини креатори се тројца млади студенти од Универзитетот за информатички науки и технологии „Свети Апостол Павле“ од Охрид.
Рахим Исламоски, Ертај Шашко и Абдула Алиоски, оваа интересна апликација ја програмираа за само 48 часа на огромниот Wowzapp настан организиран токму од Мајкрософт. Таму, на таканаречениот „хакатон“ или маратон во програмирање, охридскиот универзитет настапи со 4 тима.
„Овој настан е прифатен...
Post Views: 4
Добра идеја, успешна реализација. Акцијата која Општина Охрид заедно со Црвен Крст и ракометарите ветерани ја спроведоа уште пред новата година, денес доби свој епилог. Од средствата кои се собраа од одржувањето на хуманитарниот ракометен натпревар помеѓу РК „Охрид 2012“ и ветераните, се купија спортски реквизити кои денес беа донирани во градинката „Јасна Ристеска“, вели Филип Јованоск, портпарол на Локалната самоуправа.
И од Црвен крст задоволни како протекла оваа хуманитарна акција. Претседателот Сашо Точко ветува дека и понатаму ќе соработуваат со детската градинка...
Post Views: 2
Активностите од проектот „Преку езерото“ на Младинскиот совет од Охрид земаат свој облик. Овој проект за изработка на интеркултурна стратегија за општините Охрид и Поградец, денес резултираше со средба помеѓу институциите и организациите кои потенцијално би биле учесници во неговото спроведување. На денешната средба претходеше формирањето на двете работни групи составени од средношколци, и студенти обучени на разни теми корисни за реализацијата на овој проект.
„Тие две групи подготвија база, односно листа на потенцијални организации и институции кои ќе бидат вклучени...