Post Views: 4
На 10.02.2022 година во 01:10 часот во близина на казино лоцирано на улицата „Абас Емин” во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид го привеле Д.А. (29) од Охрид.
Тој го нарушил јавниот ред и мир со вербална расправија кон вработен задолжен за обезбедување на објектот, а потоа и со агресивно однесување кон полициски службеници кои преземале службени дејствија. Против него ќе биде поднесена соодетна пријава – информира Стефан Димоски, портпарол на СВР Охрид.
Post Views: 5
На 10.02.2022 во 00:10 часот во СВР Охрид приведен е А.Н. (42) од Охрид кој претходно, во близина на казино лоцирано на улицата „Абас Емин” во Охрид, го нарушил јавниот ред и мир со агресивно однесување кон полициски службеници кои преземале службени дејствија.
Против него ќе биде поднесена соодветна пријава – информираат од СВР Охрид.
Post Views: 2
На 5-ти февруари 2022 година во 22:05 часот, пред казино лоцирано на улицата „Св. Климент Охридски” во Охрид, нарушен е јавниот ред и мир со физички напад извршен од С.Д. (23) и А.Ј. (18) врз Д.М. (19), сите од Охрид.
Против напаѓачите ќе биде поднесена соодветна пријава – информираат од СВР Охрид.
Post Views: 5
На 11.12.2021 година во 18.20 часот, пред казино лоцирано на улицата „Абас Емин“ во Охрид, Р.Х.(41) од Скопје го нарушил јавниот ред и мир со агресивно однесување кон вработените, а потоа и кон полициските службеници кои пристигнале на местото.
Тој е приведен и против него ќе биде поднесена соодветна пријава – информираат од СВР Охрид.
Post Views: 5
На 23.01.2022 година во 07.30 часот, во казино на улицата „Партизанска” во Охрид, нарушен е јавниот ред и мир со физички напад извршен од Ж.Р.(32) врз Б.Х.(23), двајцата од Охрид.
Против напаѓачот ќе биде поднесена соодветна пријава – информираат од СВР Охрид.
Post Views: 1
СВР Охрид поднесе кривична пријава против 31-годишниот Ч.Р. од Охрид, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување со опасно орудие при тепачка или караница“.
На 28-ми август 2021 година, во казино во Охрид, пријавениот со нож се заканил на вработен во казиното – информираат од МВР.
Post Views: 2
Фатен разбојникот кој ограбуваше банки и казина во Охрид, Струга и Кичево. Сторител на кражбите е триесет и четиригодишниот Ч.Д. од струшкото село Ливада, кој вчера бил уапсен од страна на полицијата во Кичево откако претходно извршил грабеж во експозитурата на „Шпаркасе банка“, како што информираат од СВР Охрид. Портпаролот Стефан Димоски кажа дека денес против него била поднесена кривична пријава поради сторено казнено дело разбојништво.
„Кај него се пронајдени пари ставени во најлон кеса претходоно одземени од банката, исто така пронајдени се наочари, нараквици, капа...
Post Views: 0
Во охридското казино „Адмирал“, синоќа, стружанец со нож тешко повредил две лица од Охрид. Охридската полиција утринава го уапси 35 годишниот Б.Д. од струшкото село Ливада, откако во 1:30 часот, во казиното го повредил Н.М. (34) во градите, а на Е.М. (35) му нанел два убода во слабината и грбот. Како што информираше портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски, пријавениот откако со нож ги нападнал и тешко ги повредил двајцата охриѓани веднаш со своето возило го напуштил казиното и се упатил во правец кај Струга.
„Таму тој се обидел да се самоповреди во пределот на главата...
Post Views: 1
Пишува: Ардит Рамадани
Во овој напис се тврди дека лидерот на Алијансата за Албанците е против објектите за игрите на среќа, иако тој никогаш не изјавил такво нешто. И за да го „демантира“ нереченото од Села, авторот објавува слика на секретарот на АА направена во еден хотел кој се вика „Казино“.
Села против игрите на среќа, а Таравари „се релаксира“ во Хотел „Казино“ во Гевгелија, се вели во насловот на рецензираната вест.Како прво, не е вистина дека Зијадин Села, лидерот на Алијансата за Албанците (АА) е против игрите на среќа. Тој изјавил дека со доаѓањето на неговата...
Post Views: 6
На 11.07.2021 година во 03,10 часот, во казино лоцирано на улицата „Абас Емин” во Охрид, нарушен е јавниот ред и мир со физички напад извршен од Т.Р.(30) од Охрид врз Н.М.(41), работник на обезбедување во објектот. Напаѓачот е приведен и против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 11.07.2021 година во 01,30 часот, во авто кампот „Градиште” во Охрид, нарушен е јавниот ред и мир со тепачка помеѓу М.Ј.(20) и неговиот брат Ф.Ј.(26), двајцата од Битола. Против двајцата, СВР Охрид ќе поднесе соодветна пријава.
На 10.07.2021 година во СВР Охрид, пријавен...