Post Views: 3
Охридските матуранти, идни студенти, имаа можност да се запознаат со студиските програми на новоформираниот Факултет за информатички науки и компјутерско инженерество, популарно познат како ФИНКИ. Доцент Доктор Анастас Мишев од овој факултет, истакна дека ова е најмладиот факултет, при најстариот универзитет кај нас, универзитетот Св. Кирил и Методиј. Мишев Потенцира дека, ФИНКИ претставува една нова високо образовна институција која ги спои досегашниве две информатички катедри и тоа, онаа на Природно-математичкиот факултет и Факултетот за електротехника и информациски...
Post Views: 14
Меморандум за соработка помеѓу Државниот Универзитет во Тетово и Универзитетот за информатички технологии.Покрај размената на академските и научните кадри, соработката помеѓу двата универзитети ќе се прошири и во сферата на меѓусебно логистичко помагање.
„Ние сме слуги на студентите“. Со овие зборови, ректорот на Универзитетот за информатички технологии, „Св.Апостол Павле“, ја објасни улогата на професорите, пред својот колега од Државниот универзитет од Тетово, Агрон Река, со кој денес беше потпишан меморандум за соработка. Ректорот на Универзитетот за информатички...
Post Views: 1
Суперкомпјутер за секој студент. Изманативе 4 месеци на Универзитетот за информатички науки и технологии се создаваше првиот македонски суперкомпјутер. Овој компјутер е дизајниран од младите докторанти Драги Кимовски и Атанас Христов, со помош на студентите од Универзитетот. „Овој компјутер е создаден за паралелно процесирање“, вели асистентот по информатички науки Драги Кимовски и додава „Се обидовме да создадеме систем со многу малку средства, кој во иднина ќе се користи да развиеме кадри и да фатиме чекор со трендовите во светот“.
Кимовски појаснува дека компјутерот...
Post Views: 6
Универзитетот за информатички науки и технологии „Свети Апостол Павле“ во Охрид најави презентација на првиот македонски суперкомпјутер.
Дизајнот на компјутерот е дело на докторантите на Универзитетот во Охрид, а дизајниран и осмислен со помош и поддршка од студентите по информатичка технологија.
По тој повод утре со почеток од 10 часот ќе се одржи прес-конференција во амфитеатарот во новиот објект на Универзитетот.
{loadposition content9}
Post Views: 0
Ректорот на овој универзитет тврди дека токму под закрила на овој светец ќе ги жнеат успесите во иднина.
На седницата на Собранието на Република Македонија од 12.01 изгласана е одлуката за именување на новиот универзитет во Охрид, како „Универзитет за информатички науки и технологии – Свети Апостол Павле”. „Станува збор за континуитет на поврзување на Охрид со настаните од Христијанството и историјата на Македонија“, рече ректорот Благоја Самакоски објаснувајќи од каде дојде идејата за името на универзитетот. Интересен е податокот дека Апостол Павле, при...
Post Views: 5
Ултра квалитетни студенти по информатика. Финишираат инфраструктурните работи на локацијата кај стариот дом на АРМ, кој прерасна во универзитет за информатички технологии. Министерот за образование и наука Никола Тодоров денес, во рамките на својата работна посета на Охрид, покрај целта да го проследи академскиот час, најави дека до средина на декември студентите по информатички технологии предавањата ќе ги одржуваат во новите простории. Недостасува опремување уште на амфитеатарот додаде тој, и задоволен е од досегашниот тек на настаните. На универзитетот за информатички...
Post Views: 10
Од 125 –те предвидени слободни места, во двата уписни рока, се примени 80 бруцоши. Гласините кои се шират низ охридската чаршија дека на Универзитеот се примаат студенти, членови на Вмро Дпмне, ректорот Благоја Самакоски ги отфрла како чиста глупост. „Сум слушал многу за интриги во малите места, но ова е врвна глупоста која сум ја слушнал досега.Би било добро охриѓани и Охрид да сфатат каков историски чекор направи Владата што го лоцира Универзитетот во Охрид. Сега во Охрид се враќа центарот на образованието кој бил и центар пред 1000 години. Секој кој го сака Охрид...
Post Views: 7
„Охрид ќе добие универзитет за уметности и музеј“ – најави градоначалникот Александар Петрески.
Збирката со 200 слики од италијанскиот уметник Винченцо Бјанки, додека се изгради музејската зграда ќе биде сметена на третиот спрат од гимназиската зграда рече Петрески, а седиштето на универзитетот е веќе одредено и ќе биде во поранешната училишна зграда Св. Сава. Објектот ќе биде остапен од Гранит кажа Петрески.
Италијанскиот уметик, вљубеник во Охрид, Винченцо Бјанки со неколку професори од Open Univerzity од Италија се задоволни што и во Охрид ќе има дел од...