Сцената на охридскиот театар ќе засветли со новата опрема
Post Views: 6
Сцената на охридскиот театар ќе засветли со современата опрема како што се разни видови рефлектори, ламби, пултови, филтри и соодветни кабли за напојување, звучници, засилувачи на звук, аудио-миксери, микрофони, реквизити. Покрај ова ќе има и современа сценска, светлосна и тонска опрема. Дел од опремата е веќе пристигната, информира директорот на театарот Горан Стојаноски.„ Еден дел од опремата е стигната, дигитална миксета со 2 димери и 5 зум профили рефлектори. Очекуваме уште 30 тина парчиња до крај на годинатат и дел од следната година. Со тоа би биле комплетни ...