Post Views: 0
Владата го усвои новиот Предлог – закон за легализација на дивоградбите и ќе го достави пред пратениците. Ќе можат да се легализират дивоградби изградени до 1 јануари 2021 година. Новиот Предлог-закон денеска го презентираа министерот за транспорт и врски Благој Бочварски и за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини. Со Предлог-законот се предвидува дека нема да бидат легализирани сите видови на дивоградби изградени во рамки на заштитните подрачја посочи министерот Нуредини.
Сите видови на бесправно изградени објекти во границите на охридскиот регион,...
Post Views: 3
Султанот од Брунеи, во југоисточна Азија, неодамна дошол на удар на светската јавност поради воведувањето на шеријатскиот закон спрема кој хомосексуалците се каменуваат а на арамиите им се сече рака. Воведување на смртна казна е следниот неизбежен чекор, пишува Business Insider.
Таа кралска фамилија е најбогата на светот, а богатството на султанот се проценува на 20 милијарди долари.
За каков раскошен живот се работи, говори податокот дека султанот живее во палата со 1788 соби и 257 купатила! Неговата палата е втора најголема во светот, зад кинескиот забранет град....
Post Views: 2
Директорот на Комуналното Претпријатие ги критикува полициските служби дека минимално се ангажирани. За непочитување на одредбите од законот засега се казнети само 10 лица.
Законот за јавна чистота позитивно се одразува врз хигиената на Струга. Граѓаните заплашени да не бидат казнети за прекршување на правилата и законските одредби, внимаваат каде ги фрлаат отопадоците. Граѓаните отценуваат дека спроведувањето на законот може да повлијае на хигиената во градот.
Граѓаните велат дека се забележува оти градот е почист по стапувањето на сила на законот.Првиот човек на Комунално,...
Post Views: 10
Во некои земји како Италија и Шведска забрането е да се дава име поради кое детето може да биде изложено на потсмев и срам.
Anderson
Презимиња кои треба да се во служба на име не се дозволени во Германија, како и имиња на објекти или производи. Германците треба да заборават да му дадат име на детето како Тобис, Квинс, Тејлор а истовремено мора да бидат специфицирани, односно да се знае дали се работи за женско или машко име.
Bear (мечка)
Во Малезија не може да му се даде име на дете по некое животно, овошје или зеленчук. Тоа е забрането со закон.
Carolina
Имиња кои...
Post Views: 1
Граѓаните можат да спремаат зимници и да не бидат казнети, само доколу тоа го прават во дворот на сопствениот дом.
Ако се почитува тоа, тогаш „Законот за јавна чистота“ не предвидува парична глоба, која ги обврзува граѓаните да ја платат. Ако се спремаат зимници на јавна површина тогаш важи спротивното. Оваа забуна се јави стружани откако стапи на сила, „Законот за јавна чистота“. Граѓаните се трудат да научат за што ќе бидат казнети а за што не.
„За почитување на законот не се доволно информирани инспекциските служби а камо ли граѓаните“, вели комуналниот инспектор...
Post Views: 7
Јавна трибина на тема “Воведување на систем на кариера во новиот Закон за внатрешни работи“ ќе биде одржана денеска во Центарот за обука во Идризово.
Нејзината цел како што се наведува во лиферуваното соопштение од еден од организаторите Полицискиот синдикат е посеопфатно информирање на членовите на МПС, на вработените во МВР околу новините вградени во новиот закон. На трибината фокус ќе биде ставен на хоризонталното и вертикално напредување во кариерата, начинот и критериумите на оценување на службениците. Ќе се разговара и за дисциплинската одговорност и за санкционирање...
Post Views: 4
Собранието вчера попладне го изгласа дополнетиот Предлог на закон за внатрешни работи. Против гласаше опозицијата зашто, според нив, и покрај дополнувањето, текстот на законот не бил подобрен и не бил прифатен ниту еден нивни амандман.
Пратениците од опозицијата забележаа дека се работи за мали технички промени и сметаат дека законот е штетен, укажаа на опасност за кршење на човековите права поради концентрација на моќ во тајната полиција и ги оспоруваа дискрециските права на министерот за внатрешни работи за регулирање суштински работи.
Во попладневниот дел од 64. седница...
Post Views: 4
Според податоците на Државниот завод за статистика, бројот на пријавените полнолетни лица – познати сторители, во 2016 година, во споредба со 2015 година, е намален за 23.0%.
Во 2016 година, во споредба со 2015 година, бројот на осудените полнолетни лица е намален за 20.8%, а бројот на обвинетите лица, исто така, е намален за 22.0%.
Бројот на пријавени деца во судир со закон – сторители на кривични дела, во 2016 година, во споредба со 2015 година, е намален за 24.0%.
Во 2016 година, во споредба со 2015 година, бројот на осудените деца во судир со закон –...
Post Views: 0
Министерот за одбрана на Владата на Република Македонија Зоран Коњановски денеска ќе го презентира Законот за воена академија.
Пред одржувањето на презентацијата министерот Коњановски ќе одржи средба со пратениците од Комисијата за одбрана и безбедност на Собранието на Република Македонија, поранешни функционери од областа на одбраната и безбедноста и стручни лица, авторитети од областа на воените науки.
{loadposition content9}
Post Views: 0
Новиот Закон за енергетска ефикасност кој минатата недела беше изгласан во Собранието на Северна Македонија и беше објавен во Службен весник на денеска стапи на сила.
Материјата за енергетска ефикасност досега беше регулирана со стариот Закон за енергетика од 2011 година и соодветните подзаконски акти. Имајќи го тоа предвид, постоеше значајна бариера за имплементација на мерки за енергетската ефикасност во нашата држава.
Старото законско решение го попречуваше развојот на пазарот на енергетските услуги, со тоа и инвестициите во оваа област, иако приближно 300 енергетски...
Post Views: 8
Платнените торби се враќаат повторно при пазарување, а со цел да се дестимулира користењето на пластичните кеси, нивната цена по Нова година ќе изнесува најмалку 10 денари. До 2021 година ќе нема бесплатни пластични кеси во маркетите. Ова го предвидуваат измените на Закон за управување со отпад кој е во собраниска процедура и се очекува да бидат донесени пред распуштање на парламентот.
Од Асоцијацијата за управување со посебни текови за отпад сметаат дека ваквата новина е добра бидејќи значително ќе се намали користењето пластични кеси, а со тоа ќе се влијае на заштитата...
Post Views: 1
Стапи на сила контроверзниот Закон за забрана на протести во Украина и покрај насилните демонстрации против него кои втор ден продолжуваат низ улиците на Киев.
Законите се објавени во службениот весник „Глас на Украина“ и официјално се на сила, иако опозицијата и натаму бара нивно повлекување.
Законите кои пред четири дена ги потпиша претседателот на Украина Владимир Јануковиќ предвидуваат казни до 15 дена за поставување на шатори или бини на јавни места без одобрени од власта. Како и затворски казни до 5 години за луѓе кои ги блокираат државните згради и казни за оние...