Post Views: 5
Нафтената дамка која се шири до брегот на Квинсленд, северо-источна Австралија е десет пати полоша отколку штоо беше кажано во првичниот извештај.
Брод во сопственост на Хонг Конг, поради оштетувања претрпени од тропска бура испушти 230 тони нафта, а не 20-30, како што првично беше кажано. Изјавите кажуваат дека дамката исто така содржи и отровни и канцерогени материи кои му се закануваат на живиот свет.
Десетина плажа во должина од 60 км на Сончевиот брег веќе се прогласени за опасни зони.
{loadposition content9}
Post Views: 3
Во водите на езерото , на кејот кај малото пристаниште, тажната слика на повлечената вода ја надополни и дамка во радиус од околу два метри која изгледа како излеани деривати на нафта. Природата на загадувањето не е утврдена бидејќи од Центарот за јавно здравје досега не било побарано да се направи хемиско и микробиолошко испитување за да се утврди за какво загадување станува збор. Се обидовме да стапиме во контакт со комуналниот инспекторат и со инспекторатот за животна средина при локалната самоуправа. Не успеавме да добиеме одговор од надлежните дали инспектори...
Post Views: 2
Нафтената дамка која се појави во тревната површина во непосредна близина на хотелот Инекс Горица најверојатно е причинета од човечки фактор. До вакви индиции дошол тимот на Штабот за заштита и спасување при локалната самоуправа, а во кое тело делуваат претставници од СВР Охрид, Центарот за управување со кризи и јавните претпријатија од градов. По добиена информација од загрижени граѓани, тимот уште вчера излегол на терен со цел да утврди дали нафтената дамка претставува потенцијална опасност за граѓаните и животната средина. Тие констатирале дека таква опасност воопшто...
Post Views: 1
Во водите на Охридското Езеро, во близина на кејот, викендов е забележана маслена дамка. Дамката била со мала густина, во радиус од 100 метра и се протегала на потегот од хотел Палас до споменикот на Св. Кирил и Методиј. На терен веднаш излегла екипа од Центарот за јавно здравје на повик од државниот инспектор за животна средина. Екипата ја измерила концентрацијата на кислород и било констирано дека е на долна граница, но во границите на нормалата. Специјaлистот броматолог Сашо Точко вели дека зеле по 2 примероци од нафтената дамка за хемиско и микробиолошко испитување....
Post Views: 3
Нафтена дамка во водите на езерото. Оваа појава вчера во попладневните часови ја регистрира екипата на ТВМ за што веднаш алармира. Надлежните веќе формираа координативно тело и се проверуваат сите шахти во градов со цел да се детектира потеклото на излеаната нафта и сторителот на ова дело.
Се потврди информацијата дека масната дамка во водите на езерото потекнува од нафтени деривати. Имено, како што ТВМ информира, надлежните екипи на МЈП „Проаква“, Општинскиот и Државниот инспекторат, од вчера постојано се на терен на кејот од езерото каде што е регистрирана оваа појава....
Post Views: 1
Камерата на ТВМ, вчера попладне, забележа мрсна дамка на површината на Охридското Езеро покрај кејот во центарот на Охрид
Потеклото не е познато, но се претпоставува дека се работи за материјал од нафтени деривати истурен во канализациската мрежа.
Денес на местото се излезени претставници на Државниот инспекторат за животна средина, локален комунален иснпекторат и од меѓуопштинското јавно претпријатие „Проаква“, кое стопанисува со Колекторскиот систем за заштита на езерото.
Според државниот инспектор за животна средина Фирус Мемет, причината за излевањето е непозната,...