Post Views: 3
Како што се приближува крајот на годината во нашата установа секојдневно се обработуваат нови и нови наслови од домашната и светската книжевна продукција.
Оваа среда ви ги предлагаме да ги прочитате следниве наслови: „Зелената гуска“ од Љубиша Никодиновски – Биш, „Златната средина“ од Анабел Лајон, „И на небо и на земја“ од Милан Ѓорѓевиќ , „Тихување“ од Тихомир Јанчовски, „Во главата слушам песна“ од Елизабета Баковска , „Вистинската приказна за Дедо Мраз“ од Тодор Јовчевски, „Графитот, Рак, Мерак и Глупак“ од Ленче Китанова и „Македонија“ од Харви Пикар и Хедер Роберсон.
Пултот...
Post Views: 1
Според евиденцијата од Одделот за издавање во категоријата деца и млади ласкавата титула Најчитател и’ припадна на Ања Стефаноска. Таа е осмоодделенка во ОУ „Христо Узунов“ во Охрид и вели дека покрај задолжителните лектири доаѓа во библиотеката и чита и белетристика од домашни и странски автори.
Охриѓанката Десанка Коцарева – Беба е пензионерка и денеска ја прогласивме за најредовен и најчитател во одделението за возрасни. Таа вели дека без книга не може и дека чита од како знае за себе. Можеби патот од нејзиното родно Берово до Охрид може да се покрие со книги кои...
Post Views: 5
Со финансиска поддршка на Општина Охрид се реновираа санитарните јазли во новата зграда од ОУ „Григор Прличев“ каде предметна настава следат ученици од шесто до деветто одделение.
Училишните тоалети се молерисуваа, поставени се нови плочки, ВЦ школки и акцесоари. Во зградата во тек е промена на дограмата на приземјето , а нови прозорци веќе се поставени на првиот кат.
Изминатиов период беа молерисани училниците и останатите простории во старата училишна зграда.
Post Views: 0
Ова среда ви претставуваме осум нови наслови кои уште од денеска ќе можат да се позајмат во Библиотеката.
Се работи за дела од домашни и странски автори кои имаат интересен, впечатлив и привлечен раскажувачки стил. Прва на листата е книгата „Каде е Елизабет?“од Ема Хили која во светски познатиот Sunday Times е најавена како бестселер од авторката и добитник на наградата Costa за 2014 г. Во денешната понуда се и книгите: „Марсовецот“ од Енди Вир, „Паралел“ од Верица Ацеска, биографијата на Фрнац Кафка од Макс Брод, „Јапонски бајки“ – Јеи Теодора Озаки, „Елеганцијата...
Post Views: 12
Филмот „Хомо“ премиерно на кино репертоарот во НУ Центар за култура „Григор Прличев” – Охрид и тоа во деновите 10-ти, 11-ти 12- ти и 13 ти Ноември 2020 година, со почеток во 19.00 часот, цена на карта 150 денари.
Што е тоа човек? „Хомо“ прикажува шест лица, шест состојби во луцидно поврзани епизоди проткаени со црн хумор.Оригинален наслов: ХомоТраење на филмот: 91 МинутиЗемја / година: MKD/2020Жанр: ДрамаГлумци: Наташа Петровиќ, Игор Ангелов, Оливер Митковски, Јелена Јованова, Сашко КоцевРежија: Игор Иванов – Изи
Дистрибутер: Скопје Филм СтудиоВозрасна Категорија:...
Post Views: 2
НУ Центар за култура „Григор Прличев” – Охрид Ве поканува на ИЗЛОЖБА НА ЛИКОВНИ ДЕЛА ОД СТРАНСКИ АВТОРИ, по повод 7-ми Ноември Денот на ослободувањето на градот Охрид.Селектор (куратор) на изложбата е познатиот охридски сликар Славко УпевчеИзложбата ќе биде отворена на 06.11.2020 година (петок) во 18.00 часот во изложбениот салон на Центарот за култура, влезот е слободен!!!
Post Views: 11
Филмот „Хомо“премиерно на кино репертоарот во НУ Центар за култура „Григор Прличев” – Охрид и тоа во деновите 10-ти, 11-ти и 12- ти Ноември 2020 година, со почеток во 19.00 часот, цена на карта 150 денари.Што е тоа човек? „Хомо“ прикажува шест лица, шест состојби во луцидно поврзани епизоди проткаени со црн хумор.Оригинален наслов: ХомоТраење на филмот: 91 МинутиЗемја / година: MKD/2020Жанр: ДрамаГлумци: Наташа Петровиќ, Игор Ангелов, Оливер Митковски, Јелена Јованова, Сашко КоцевРежија: Игор Иванов – ИзиДистрибутер: Скопје Филм СтудиоВозрасна Категорија:...
Post Views: 2
Во тек се работни активности за промена на дограмата во ОУ „Григор Прличев“. Нови ПВЦ-прозорци се поставуваат во сите училници на приземјето од новиот објект на училиштето. За оваа инвестиција се обезбедени 652.607 денари од буџетот на Општина Охрид.
Претходно во ова училиште беше извршена реконструкција на подовите во дел од училниците, се изврши обнова на дел од надворешните ѕидови на стариот училишен објект и беше извршена промена на дограмата на првиот кат во новиот објект на училиштето.
Post Views: 3
Во октомври, според податоците од Библиотеката родени се: Блаже Тренески, д-р Павле Митрески и академик Миле Мичуновиќ пследните двајца се’ уште творат.
Проф. д-р Митрески неодамна по повод 88 роденден и 60 години од творештвото промовираше три нови историски публикации. Се работи за книгите: „Михајло Идворски Пупин” (Од Вевчани до Идвор), „Студии за Охридско – струшкиот регион” (четврта книга) и „Српски документи 1890 – 1940)”.
Академик Миле Миќуновиќ пак пред две недели во издание на НУ Библиотека „Григор Прличев“ ја издаде својата108 книга под наслов „Максима“. Во...
Post Views: 4
Од новиот избор книги кои библиотеката ги набави со средства од Министерството за култура оваа среда издвојуваме уште девет нови и интересни наслови кои ќе го најдат патот до читателите.
Се работи за книгите: „Анонимна девојка“ од Грир Хендрикс, „Девојката од писмото“ Емили Гунис, „Изгубеното писмо“ од Џилијан Кантор , „Тивката жена“ од А.С.А Харисон, „Доказ за љубов“ Памела Клер, „Мојата прекрасна сопруга“ од Саманта Даунинг, бестселерот според Њујорк Тајмс „Американски брак“ од Тајери Џонс , „Сопруга на хартија“ од авторката Лајла Ибрахим и „Изгубената ќерка“ од Џил...
Post Views: 1
Во тек се работни активности за преместување на спомен обележјето на Григор Прличев на нова локација, во непосредна близина на НУ Библиотека „Григор Прличев“ и НУ Центар за култура „Григор Прличев“.
Овие активности се реализираат согласно одлуката бр.08- 815/4 од 31.01.2020 година за преместување на спомен- обележјето на Григор Прличев и одлуката за утврдување локација за поставување на истото бр.08-5333/11 од 29.06.2020 година кои ги усвои Советот на Општина Охрид.
Покрај поставувањето на споменикот, на новата локација (КП 15443/1 во КО Охрид 3) со површина од 25м2...
Post Views: 0
Во подрачниот училишен објект на ОУ „Свети Наум Охридски“ во селото Коњско деновиве беше извршена комплетна реконструкција на подовите во три училници и една канцеларија.
Поставувањето на новиот ламинатен под е овозможено преку донацијата која Општина Охрид ја обезбеди од една локална компанија за трговија со градежни материјали.
Како дел од истата донација деновиве беше извршена и реконструкција на подовите во неколку училишни простории во ОУ „Григор Прличев“.
Во текот на наредниот период со средства од буџетот на Општина Охрид планирана е комплетна реконструкција на...