Ознака: велат

petrino

Жителите на Петрино со отворено писмо и петиција до Градоначалникот

Post Views: 1 „Состојбата на улицата „Петрино“ е тешко да се опише со зборови. Најдобро е да се види лично. Ако и покрај Вашите секојдневни обврски се одлучите за личен увид , за да ја поминете улицата пеш ќе Ви требаат повисоки чизми ,а ако тоа одлучите да го направите со возило тогаш тоа направете го со теренско возило“, со овие зборови жителите на Петрино му се обраќаат на градоначалникот Петрески.  Откако кон крајот на мај почнала да се раскопува оваа улица која претходно била асвалтирана и тоа со пари на граѓаните, тие имаат голем проблем кој никако да се реши. Градежните работи...

Continue reading

Ohrid

Охрид се подготвува за подземен катастар

Post Views: 5 Локалната самоуправа подготвена да го координира процесот на создавање дата база на податоци за подземниот катастар. Со подземниот катастар  ќе се избегнат оштетувањата на сите видови подземна инсталација што сега случуваат при градежните зафати. Инвеститорите многу често се соочуваат со оштетени водоводни и канализациони мрежи, пресечени телекомуникациски и електрични кабли заради  непостоење точни податоци на местоположбата на подземните инсталации и водови.  Kако превентива од ваквите дефекти се подготвува Закон за подземен катастар. На територија на општините за...

Continue reading

elektronska karticka

ФЗОМ-Охрид-сите здравствени картички треба да бидат издадени до Јуни 2013

Post Views: 0 Процесот на замена на старите здравствени книшки со новите електронски картички е во тек. Според плановите на Фондот за здравствено осигурување, Јуни 2013 година би требало да биде крајниот рок за завршување на овој процес. Од таму велат дека во моментов работат на прибирање на барањата од фирмите во градов. Како за сите останати категории, и кај фирмите работата оди бавно. За да се забрза процесот, од Фондот овозможиле, поголемите фирми електронски да ги достават своите барања. Досега Фондот стапил во контакт со околу 25 поголеми фирми со над 50 вработени или вкупно...

Continue reading

nova godina

Незаборавен дочек на новата година на градскиот плоштад

Post Views: 6   Ако денот се познава по утрото, а Новата година по атмосферата во најлудата ноќ, Охрид го очекува бериќетна година. Со над десет илјади гости од кои најголем дел се од соседството и голем број охриѓани, во весела атмосфера, со убави желби за подобро утре во годината која е пред нас,  ја дочекавме Новата 2013. година. Во угостителските објекти, рестораните, кафулињата, но и дискотеките се бараше место повеќе. Но се чини највесело беше на Градскиот плоштад, каде граѓаните и гостите се забавуваа со хитовите на Ѓоко Танески, „Камелеон“, Петар Маркоски, „Аренси бенд“ и...

Continue reading

sneg

Охрид окован во мраз

Post Views: 1   Охрид окован во мраз. Снегот кој наврна го парализира градот, велат граѓаните. Тие додаваат дека тешко се движат по неисчистените коловози и тротоари кои поради натапканиот снег се претворени во лизгалници. Не можеме ниту до продавница да одиме, а се плашиме и нашите деца да ги пуштиме на училиште, вели една наша сограѓанка која својот револт го искажа јавувајќи се во нашата редакција. Особено реагираат жителите од периферните делови на градот кои се жалат дека се потполно заборавени. Надлежните излегуваат со изјави дека максимално се ангажираат и чистат, но ние не...

Continue reading

sv. kliment Ohridski

ООУ Св. Климент организатор на Унеско камп

Post Views: 14 Во четирите денови колку што ќе трае кампот учесниците во истиот ќе разменуваат искуства, но и ќе разговараат за зајкнување на Унесковата мрежа на збратимени училишта. Организаторите на кампот велат дека горди се што и покрај лошите времески услови, сепак сите пријавени учесници пристигнале и се дел од кампот, поточно гости на Св. Климент се ментори и ученици од четири училишта од Пиран – Словенија, Кикинда – Србија, Котор – Црна Гора и од Скопје – Македонија.   Домаќините задоволни од одзивот, а гостите уште позадоволни од приемот во Охрид. „Ова...

Continue reading

hotel

Поделени мислењата за индиската инвестиција во Љубаништа

Post Views: 3   Охриѓани и гостите ќе се сончаат на вештачки плажи, ќе се коцкаат во казина на вода, ќе ги паркираат своите глисери и јахти во модерна марина, а помеѓу две посети на луксузни спа центри ќе можат да удрат и по некое голф топче. Дали сето ова ќе се оствари, односно дали ќе се изгради амбициозниот проект Сахарајан Македонија ќе покаже времето. Граѓаните со поделени мислења околу  тоа. Дел од нив се оптимисти, а дел велат дека ова е само предизборна игра. Градоначалникот Александар Петрески ја подржува идејата за изградба на ваков елитен комплекс во Љубаништа, но тој реагира...

Continue reading

drilon

Испуштениот фосфор во близина на Поградец не е еколошки инцидент, велат од албанската страна

Post Views: 0  Еколошко згадување со испуштање фосфор се случи викендов на албанската страна на Охридското Езеро, кај селото Дрилон, 3 и пол километри  до граничниот премин „Св. Наум“. Првичните информации  укажуваат дека се работи за загадување на Охридското Езеро со фосфор, мошне опасна материја која го забрзува процесот на стареење на езерото. Аријан Мероли од Билатералниот Секретаријат за заштита на Охридското Езеро од Албанска страна негира дека станува збор за еколошки инцидент. Објаснува дека е вообичаен процес на третирање на отпадните води и дека во моментот тоа може да се...

Continue reading

deca

Премногу административни обврски, премалку време за учениците

Post Views: 4 Охридските просветни работници жестоко реагираат на се поголемиот број административни обврски кои им ги наметнува Министерството за образование. Нивното осумчасовно работно време повеќе поминува во пишување на административни забелешки, пополнување на електронскиот дневник, во подготвување на дневната програма и правење тестови отколку во квалитетни предавања и посветеност кон учениците, велат тие. Затоа преку регионалниот одбор на СОНК секојдневно реагираат до Министерството за образование, Бирото за развој и Државниот просветен инспекторат со цел да се најде начин...

Continue reading

Galicica pat

И оваа зима ќе се одржува само дел од патниот правец кој води до Галичица

Post Views: 0 И оваа година зимско одржување само на дел од патот кој води до Галичица. Овој патен правец кој води до една од нашите најголеми туристички природни атракции, во останатиот дел повторно ќе биде недостапна за потенцијалните посетители. Од јавното претпријатие Македонија пат-секција Охрид, велат дека се свесни за проблемите со кои редовно се соочуваат на овој патен правец, но воедно децидни, дека овој патен правец мора да биде безбеден во сите временски услови. „Во оваа сезона повторно е вклучена во програмата, се работи само за Трпејца-Корита, во должина од 9 километри,...

Continue reading

Sasho Mitan Super radio

Охридското Супер радио прави емисија за Гинисов рекорд

Post Views: 3 Домаќините на охридското Супер радио, Жанко З`Ш Голабоски и Сашо Митаноски, наместо роденденска торта, ќе се обидат на радиото, па и на градот, да му подарат емисија за Гинисов рекорд. Поводот е 20от роденден на Супер радио. Идејата им дошла уште пред 6 месеци и веднаш се истакнала по атрактивноста, па се одлучиле да го соборат рекордот  кој го држи германското радио Кис ФМ со 74 часовна емисија. Охриѓани, Македонија, а богами и целиот свет, освен на радио, имаат можност Жанко З`Ш и Сашо Митан, да ги гледаат и преку видео пренос на веб страната на Супер радио. Пријавувањето...

Continue reading

vmro dpmne

Петрески си ја призна грешката

Post Views: 5   Осум години манипулација со граѓаните и градот. Но дојде момент градоначалникот Александар Петрески да си ги признае грешките, велат од Општинскиот комитет на ВМРО ДПМНЕ. Петрески и неговиот тим во урбанистичката и организационата  сфера направија голем број грешки кои многу ќе ги чинат на изборите кои доаѓаат, додаваат од таму.Петрески и неговиот тим  ја признаа грешката  со начинот на управувањето на паркинзите во Охрид — велат од Општинсскиот комитет на  ВМРО ДПМНЕ.  Но, тоа што три дена после тоа признание Петрески нема храброст да ги врати паркинзите под управување...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top