Post Views: 3
Секоја секунда е важна кога е во прашање спасување на човечкиот живот. Петгодишните напори на О.О На Црвениот Крст од Охрид конечно вродија со плод, па така за прв пат во водите на Охридското езеро, почна да оперира брод-амбуланта. Сашо Точко, претседателот на О.О. на Црвениот Крст кажа дека ова пловило е прво од ваков вид на Охридското езеро и на останатите водени површини во РМ, кое треба да биде поттик до сите институции да вложуваат понатака во овој сегмент зошто ништо повредно нема од човечкиот живот. Но сепак станува збор за привремено решение на долгорочен проблем.
„...
Post Views: 348
Охрид се најде меѓу листата на десетте топ туристички дестинации за младите студенти во Велика Британија направена од британскиот весник Гардијан. Охрид е на истата листа со Хавана, Ибица, Хамбург…
Истражувањето го направи британскиот ’Гардијан’ во кое беа вклучени сегашни и поранешни студенти кои ги раскажуваа своите искуства и авантури од летните одмори кои ги минувале на повеќе локации низ светот.
Според Гардијан, не постои човек кој може да остане индиферентен и неимпресиониран од религиската толеранција и хармонијата која ја доловуваат црквите и џамиите...
Post Views: 1
Конечно брод амбуланта во водите на Охридското езeро.Бидејќи на пловилото му беа потребни поголеми поправки, оваа летна сезона не можеше да се стави во употреба, па попусто измина речиси една година од двегодишниот договор помеѓу сопственикот на бродот и Црвен крст. ПАРИТЕ ЗА САНАЦИЈА ГИ ОБЕЗБЕДИ Локалната.
Покрај реалната потреба од Центар за безбедност на вода, како основен критериум за зголемување на безбедноста на вода, од О.О на Црвениот крст, ја најавија реализацијата на идејата на која работеа 4 години. Станува збор за амбулантно пловно возило кое ќе патролира...
Post Views: 7
За време на изминатиов викенд бродот Чан, за кој пред две години Основното јавно обвинителство од Охрид изрече времена мерка- забрана за отуѓување на пловен објект, мистериозно се најде на нова локација, надвор од каналот Биљанини извори.
Новата локација на мистеризониот брод Чан сега е во близина на атрактивните плажи Куба Либре и Кадмо, кој како ТВМ неофицијално дознава за време на викендот бил одвлечкан од каналот Биљанини извори и оставен таму. Од Охридската Капетанија информираат дека е направен записник и констатирано е во два наврати дека на бродот немало никој....
Post Views: 2
Наскоро, туристите и охриѓани побезбедно ќе можат да пловат по водите на езерото. Се прават напори заштитата на вода да се подигне на повисок степен. Се најавува фомирање на мешовита единица за делување во огнени стихии на пловни објекти и во деловите на градот од езерскиот брег. Единицата ќе ја сочинуваат спасувачите на вода од општинскиот Црвен крст и охридските пожарникари. Оваа единица ќе биде резултат на соработката на Црвениот крст од Охрид со противпожарниот спасувачки центар „Флоријан“ од Манчестер, Англија. Од соработката со англичаните се црпат бројни искуства....
Post Views: 4
Заврши првиот дел од финалното вештачење на бродот Илинден.
Останува да се реализира и втората фаза во која е предвидено тестирање на издржливоста на Илинден, при оптовареност со одредена тежина.
Со ова ќе биде докомплетиран извештајот на вештите лица, кој ќе биде доставен до судијката Весна Кичеец, која пак ќе го испрати до јавното обвинителство. Врз основа на извештајот и предметот кој веќе се наоѓа кај вештите лица во Скопје, јавното обвинителство ќе одлучи дали капетанот Сотир Филески ќе биде единствениот обвинет во овој случај, или пак ќе има и други кои ќе сносат...
Post Views: 19
Македонија и Бугарија после големата бродска трагедија мора да ги надминат сите негативности и недоразбирања. Оваа порака упатена е од страна на здружението „Охрид 5 ти септември“ во знак на понатамошна соработка меѓу двете земји, на полето на туризмот.
Големата бродска незгода во која 15 бугарски туристи се удавија во водите на Охридското езеро, не треба да делува врз досегашната добра меѓудржавна соработка на полето на туризмот. Оваа се дел од настојувањата и пораките на здружението „Охрид 5 ти септември“, упатени до Бугарскиот конзулат во Битола и сите останати инволвирани...
Post Views: 24
Дали Бродот „Илинден“, кој е вкотвен во каналот „Студенчишта“, ќе остане само експонат, или повторно ќе вплови во водите на езерото?
Ова прашање деновиве си го поставуваат охриѓани. Одговорот ќе следи одкога ќе заврши истражната постапка, велат од судот.
Истражната постапка за бродот „Илинден“, се води под итна процедура за разрешување. Оваа информација за ТВМ ја потврди истражниот судија Весна Кичеец. Според неа итноста на постапката се наложила заради тоа што се работи за притворенички предмет. Сеуште се прибираат информации од распит на сведоци, се прибира писмена...
Post Views: 4
Бродот Илинден исплива на површина со помош на балони. Акцијата на извлекување на потонатиот брод се изведуваше околу 4 часа, под водство на стручниот тим од фирмата “ДУБИНА ИНЖИЊЕРИНГ од Хрватска.
„Сега засега не можеме да видиме видни штети на бродот, но тоа ќе го утврдат нашите стручни лица, рече директорот на бирото за јавна безбедност“, Љупчо Тодоров.Екипи на оваа специјализираната компанија по извлекувањето на бродот со пумпи ја извадија водата од трупот на ИЛИНДЕН кој беше оспособен за да може безбедно да биде извлечен на копно. После повеќедневно координирање,...
Post Views: 2
Охриѓани покренаа граѓанска иницијатива за расветлување на причините за несреќата и потопувањето на бродот Илинден, во кој животот го загубија 15 бугарски туристи.
На средбата присуствуваа околу стотина граѓани, бродари и членови на екипажот кои бараат чесна истрага.
Зоран Гилески, сопственик на бродот Александрија, вели „ целта за формирање на Здружение е вистината да дојде до истрагата без притисоци и политичко влијание , а немилиот настан да не се користи за политичка пресметка, затоа што сето тоа доведува до згрозување на истрагата“.
Една од целите на Здружението...
Post Views: 7
Меѓународниот нуркачки инструктор Милутин Секуловски, ги раскажува деталите од првичната слика по потонувањето на бродот „Илинден“.
Тој прв го видел потонатиот брод. „Во досегашниото мое искуство немам видено таква слика“, вели Секуловски.
„Кога слушнавме за несреќата, бевме во нашиот нуркачки центар во Градиште. Од моментот на јавување за 20 минути три нуркачи веќа бевме под вода кај потонатиот брод“, се сеќава Милутин Секуловски, на несреќниот 5-ти септември. „Тоа што го видовме беше ужас“, додава тој.
„Се соочивме со голем ризик при вадењето на жртвите. Не знаевме...
Post Views: 32
Потона бродот Илинден.Најмалку петнаесет лица го загубија животот а неколку се водат за исчезнати во трагичната несреќа што денеска околу 10 часот и 35 минути се случи во водите на Охридското Езеро на околу 200 метри од автокампот Елешец ,на длабочина од 6-8 метра. Неофицијално, бродот, балансот го одржувал со помош на метални сајли. Се претпоставува дека едната од саjлите пукнала по што, според изјави на очевидци, бродот се преполовил и потонал за неколку минути. Oчевидци ни изјавија дека несреќата се случила многу брзо и дека бродот потонал за само неколку минути.
Ова...