Post Views: 8
Епилогот од труењето бездомни кучиња на градскиот плоштад е три затруени кучиња од кои едно угина а две се спасени со интервенција на активисти за заштита на животните. Активистите информираа дека од страна на ветеринарите кои биле повикани на местото на немилиот настан било утврдено дека животните се отруени со „Ланате“, високо токсичен отров кој го нема во слободна продажба и за чија набавка постои строга процедура. Масовното труење кучиња ја згрози охридската но и пошироката јавност во државава. Денеска, на прес конференција од ОК на ВМРО ДПМНЕ Охрид ги повикаа СВР...
Post Views: 2
Започнувањето со работа на стационарот за згрижување на бездомни кучиња тапка во место заради административни процедури. Проблем е изработката на локална урбанистичката документација, која е стопирана поради воведениот мораториум за издавање дозволи за градба. Според диркеторот на ЈП „Охридски Комуналец“ Љупчо Грданоски единствено се чека дозволата за отпочнување со работа, која ја издава Агенцијата за ветеринарство за што е потребен документ дека земјиштето е во сопственост на Комуналец. Останатото е се` подготвено. Набавени се возила, обезбедени вакцини...
Post Views: 10
Советот за развој на Југозападниот плански регион усвои предлог одлука за изградба на микростационари за кучиња скитници на три локации. Со финансиска поддршка од Европската унија, а имплементирани од УНДПИ ќе бидат изработени основни проекти за изградба на стационари на Мауцкер за општина Охрид, но и за Кичево и Центар Жупа. Во микростационарот на Мауцкер ќе бидат згрижувани кучиња од општините Охрид, Струга, Вевчани и Дебраца. Згрижувањето на бездомните кучиња во прифатни центри е мошне скапа инвестиција која според проценките чини околу 100 евра по куче без додатните...
Post Views: 0
Што значи висок степен на хуман третман на кучиња скитници. На оваа проблематика работеа претставници од Југозападниот плански регион во соработка со невладиниот сектор. Тие направија истражување и веќе посочуваат кои мерки треба да се преземат за надминување на проблемот. Проектниот координатор од ЈПР Арбреша Влаши вели доколку почне стерилизација, кастрација и вакцинација на 70 одсто од бездомните кучиња, проблемот ќе се реши во период од две години. Таа додава дека потребна е волја да се постави систем за функционирање на привремени прифатилишта за кучиња скитници.
„За...
Post Views: 2
Здружението за заштита, помош и вдомување на животни „Анималиа“ од Охрид денес го одбележа Светскиот ден на бездомните животни.
Тие денешниот ден го поминаа со нивните штитеници, бездомните кученца за кои тие секојдневно се грижат и хранат, како и со сите грижливи охриѓани кои денес се одлучија убавиот сончев ден да го искористат и да го поминат со нив. Од Анималиа велат дека се задоволни со денес постигнатото.
„Граѓаните имаа можност да не посетат и да се подружат со бездомните животинки за кои се грижиме и на кои им бараме дом. Благодариме за нивните донации храна...
Post Views: 1
Здруженијата за заштита на животни „Анималиа“ од Охрид и „Animal World” од Струга одговорноста за случајот со човек нападнат од бездомни кучиња во Струга ја бараат кај надлежните институции. Јована Мојсоска од „Animal World” вели дека жалат поради тоа што му се случило на нејзиниот сограѓанин, но и дека е време конечно институциите да ја сфатат сериозноста на проблемот со бездомни кучиња и преземат мерки предвидени со закон за хумано решавање на истиот.
„Како здружение апелираме институциите конечно да преземат мерки да се обезбедат средства за изградба на стационар...
Post Views: 3
Кучињата скитници повторно го окупираат градов. Граѓаните мака мачат со овие незгрижени животни кои ги има речиси насекаде. Тие во групи окупираат одредени територии во кои тешко кој од граѓаните ќе се осмели да се приближи. Со страв одат децата на училиште, со страв се враќаат граѓаните дома во подоцните ноќни часови. Овие бездомни животни голем број граѓани преплашиле, нападнале па дури и касналее. Охриѓани бараат надлежните што поскоро да го решат овој проблем.
Директорката на ЈП „Охридски Комуналец“, Елена Скрческа вели дека овој проблем се провлекува години наназад. ...
Post Views: 1
Организацијата за заштита и вдомување на животни „Анималиа“ денес со акција за изграднба на привремени живеалишта за бездомни животни. Насловена како „Дом за бездомните животни“ акцијата има за цел да обезбеди топли куќарки за животните скитници од градов во текот на зимата. Активистите од оваа невладина организација потенцираат дека главната цел им е пред се да влијаат на подигнување на јавната свест кај луѓето.
„Идејата на акцијата е да собереме материјали од граѓаните, работи што не им требаат, а што може да се искористат на пример за правење куќарки и слично и главната...
Post Views: 5
Студеното време повеќе од било кога го извлече на површина прашањето за бездомните лица во државава. Во Охрид, досега евидентирани три случаи на бездомници кои делумно имаат своја разрешница. Во првиот случај станува збор за семејство на кое му било посочено како да аплицира за добивање на владините социјални станови, по која апликација, ова семејство веќе не спаѓа во категоријата на бездомни лица, а оствариле и право на социјална парична помош. Во другиот случај, Центарот за социјални работи му помогнало на едно лице да ја комплетира документацијата за остварување...