Ознака: zemjotres

seizmograf

Нов земјотрес го погоди јужниот дел на Тихиот Океан

Post Views: 0 Земјотрес со интензитет од 6,4 степени според Рихтеровата скала ги погоди денеска островите Санта Круз во јужниот дел на Тихиот Океан. Како што соопшти американскиот Геофизички институт, епицентарот на потресот бил на 315 километри северозападно од  Лиганвил, град на островот Еспирито Санто, кој е во составот на пацифичката држава Вануату, на длабочина од 9,4 километри под површината на океанското дно.Засега нема информации за евентуални жртви и материјалкни штети, а не е објавена ниту опасност од можна појава на цунами.Денешниот потрес следува по вчерашната серија...

Continue reading

logo

Земјотресот во Индонезија однесе над 1000 жртви

Post Views: 1 Според последните податоци на Обединетите нации, над 1100 луѓе загинаа во земјотресот на индонезискиот остров Суматра. Претходниот биланс беше 770 луѓе, а властите стравуваат дека бројот на жртвите по земјотресот со јачина од 7,6 Рихтери што се случи во средата ќе расте. Вo главната болница во градот Паданг постојано носат повредени, а околу неа е подигната населба од шатори.  Во погоденото подрачје недостигаат лекари и помошен персонал. Претседателот на Индонезија ја повика владата што поскоро да упати помош на жртвите со авиони, бидејќи патиштата се речиси непроодни. Жителите...

Continue reading

logo

Најмалку 10 жртви при удар на цунами по земјотресот на архипелагот Самоа

Post Views: 0 Најмалку 10 лица загинаа при удар на брановите цунами, кои се појавија како последица на силниот земјотрес што го зафати американскиот архипелаг Самоа, во Тихиот океан. Земјотресот е регистриран со интензитет од 8,3 степени, објави Центарот за предупредување за бранови цунами за западното крајбрежје на САД и Аљаска. Цунамито, освен што ги опустоши островите Самоа, ги зафати и бреговите на тихоокеанската држава Тонга.Најмногу е погоден островот Ниватопутапу, кој граничи со Самоа. Во Самоа бројот на жртвите изнесува најмалку 100, а во Американска Самоа 19. Бројот на...

Continue reading

seizmograf

Земјотрес во Централна Турција

Post Views: 2 Земјотрес со интензитет од 4,7 степени според Рихтеровата скала го потресе утрово градот Коња, во Централна Турција, каде синоќа беше почувствуван уште еден потрес од 4,5 степени по Рихтер. Епицентарот на потресите, кои предизвикале силна паника меѓу населението, се наоѓал во селото Силе.По првиот потрес синоќа над сто луѓе биле одведени во болница, а околу 30 од нив се здобиле со повреди при паѓање. Вториот потрес, се случил неколку минути пред пет часот по локално врме рано утрово, по што луѓето во паника одново излегле на улиците. По десет минути во Коња била прекината...

Continue reading

seizmograf

Нов земјотрес со магнитуда од 6,7 степени ја потресе Јапонија

Post Views: 0 Земјотрес со магнитуда од 6,7 степени според Рихтер утринава ја потресе Јапонија и беше почувствуван во Токио, каде зградите се разнишаа, соопштија светските агенции. Засега не се соопштуваат податоци за жртви и материјални штети. Епицентарот на потресот е на длабочина од 40 километри под дното на океанот и на 320 километри југоисточно од јапонската престолнина, во реонот на островот Хатиџе, каде во средновековието биле испраќани затворниците. Ова е третиот силен земјотрес во последните четири дена, регистриран во оваа зона на Тихиот океан, недалеку од јапонските брегови....

Continue reading

avtopat

Земјотрес од пет степени го потресе Лос Анџелес

Post Views: 1 Земјотрес со магнитуда на ударот од 5 степени го потресе Лос Анџелес, соопшти Геолошкиот институт на САД. Нема информации за жртви и оштетувања, пренесоа американските медиуми. Потресот со епицентар на десетина километри југозападно од центарот на Лос Анџелес, на длабочина од 14 километри под земјината површина, е регистриран синоќа во 20.39 часот по локално време (утринава во 4.39 според Гринич ).               {loadposition content9}

Continue reading

Fosa

Билансот на жртвите во Аквила 294 лица, потрагата завршена

Post Views: 2 Потрагата по преживеаните по катастрофалниот земјотрес кој минатиот понеделник го погоди централниот дел на Италија, е завршена денеска, а билансот на загинатите достигна 294 лица. Последната жртва на потресот е 59-годишен маж кој за време на викендот починал во болница.До вчераутро се пронајдени телата на сите исчезнати лица, но официјални претставници наведуваат дека не можат да ја исклучат можноста дека ќе бидат пронајдени уште загинати во урнатините на градот Аквила и другите погодени градови.Илјадници луѓе кои останаа без своите домови вчера велигденската миса ја...

Continue reading

zemjotres

Бројот на жртвите расте…

Post Views: 1 Бројот на загинати во катастрофалниот земјотрес што во понеделникот ја погоди Италија се искачи на 235 лица, според податоците на Цивилната одбрана, соопштени доцна синоќа. Претходно, болнички извори во најпогоденото гратче Аквила соопштија за 228 загинати. Во земјотресот загинаа и најмалку пет македонски државјани, меѓу кои две деца. Бројот на повредени е околу 1,000, а без покрив над главата се околу 17,000 лица. Централна Италија во понеделникот ја погоди силен земјотрес со јачина од 6,3 степени според Рихтер, а во подрачјето до вторникот беа регистрирани уште најмалку...

Continue reading

urnatini

Билансот на жртвите од земјотресот достоигна 200

Post Views: 0 Најмалку 179 загинати и нови 34 исчезнати е последниот биланс од земјотресот во Италија, објавен изутрината, соопштија спасувачките служби во градот Аквила. Бројот на повредени е околу 1.500 лица, а се уште не се идентификувани 40 жртви, пренесоа италијанските гласила Две тела се извлечени од урнатините рано изутрина, во малото село Она недалеку од Аквила, едно од најтешко погодените места. Според најновите податоци, без покрив на главата останале 50 илјади жители на Аквила и околината. Службата на цивилна заштита, засега, за неупотребливи прогласи 10 илјади домови...

Continue reading

Fosa

Mеѓу загинатите во земјотресот во Италија има четворица Македонци

Post Views: 2 Стотици лица загинаа во Фоса, во близина на Аквила, престолнина на областа Абруцо во централна Италија, каде синоќа беше регистриран силен земјотрес, објавија италијанските медиуми. Земјотресот со интензитет од 6,3 според Рихтер го потресе овој дел на Италија нешто по три часот по полноќ, уривајќи згради во историскиот центар на Аквила. Едно одморалиште за деца во Аквила, каде живеат 60.000 жители, делумно се урнало.Жителите од овој град и од многубројните планински села во регионот во паника излегле на улиците.Според соопштението на италијанската Служба за цивилна заштита,...

Continue reading

Japonija

Земјотрес во Јапонија

Post Views: 4 Земјотрес со интензитет од 6,1 според Рихтеровата скала ја погоди Северна Јапонија. Епицентарот на земјотресот бил на 290 километри северно од Токио, во морето крај Мијаги. Потресот е почувствуван во 23.23 часот по Гринич, односно во 8.23 часот по локално време. Засега нема информации за жртви и причинета материјална штета. Не е објавена тревога за цунами.     {loadposition content9}

Continue reading

Nov Zeland

Силен земјотрес ги потресе бреговите на Нов Зеланд

Post Views: 1 Земјотрес со интензитет од шест степени според Рихтер денеска е регистриран во близина на островите Кермадек, северно од Нов Зеланд, соопшти Геофизичкиот институт на САД. Епицентарот на подводниот земјотрес се наоѓал на 131 километар од островот Раул, кој е најсеверниот од архипелагот Кермадек, на длабочина од 35 километри. Засега нема информации за евентуални жртви или причинета материјална штета во земјотресот.     {loadposition content9}

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top