Ознака: vizi

Tanja Fajon

Извештајот за укинување на визите усвоен во одборот на ЕП

Post Views: 1 Извештајот за укинување на визите за Западен Балкан беше усвоен во Одборот на Европскиот парламент за граѓански слободи, правда и внатрешни работи. Одборот, надлежен за подготовка на мислење за јулскиот предлог на Европската комисија за укинување на визите за Македонија, Србија и Црна Гора, од почетокот на идната година, во понеделник доцна вечерта го усвои извештајот на европратеничката Тања Фајон со само еден глас против и два воздржани. „Се радувам што државјаните на Македонија, Србија и Црна Гора наскоро слободно ќе патуваат во Европската унија“, изјави Фајон, изразувајќи...

Continue reading

Arben Cejku

Македонија без визи за Албанците

Post Views: 1 Амбасадорот на Албанија во Скопје, Арбен Чејку, ги отфрли гласините дека од 1. јануари Македонија ќе воспостави визен режим за албанските граѓани. „Ние имаме договор кој предвидува укинување на визите меѓу двете наши земји, кој не зависи од либерализацијата на визите што ја доби Македонија и која набргу ќе ја добие и Албанија“, изјави Чејку. Албанскиот дипломат во Македонија, својата изјава ја даде по вчерашната средба со вицепремиерот одговорен за Рамковниот договор, Абдулаќим Адеми, каде прецизирал дека воспоставувањето на визите се врши само доколку Македонија стане...

Continue reading

zname

Бугарија ги укинува визите за Македонија

Post Views: 13 Бугарија ќе ги укине визите за граѓаните на Македонија од почетокот на 2010 година, најави денеска Министерството за надворешни работи во Софија. „Одлука на Европската унија (ЕУ) за укинување на визите сè уште нема. Се очекува тоа да се случи од 1 јануари 2010 година. Во моментот кога таа мерка ќе се примени од страна на ЕУ кон Македонија, Србија и Црна Гора, Бугарија неодложно ќе ја исполни таа одлука“, изјави заменикот министер за надворешни работи на Бугарија во оставка Милен Керемедчиев Тој посочи дека Бугарија ја поддржува визната либерализација за Македонија и...

Continue reading

лого

Одлука за укинување на визите

Post Views: 1 Европската Комисија денеска на Советот на министрите на Европската унија ќе му предложи укинување на визите за Македонија, Србија и Црна Гора. Одлуката за префрлување на Македонија, Србија и Црна Гора на белата шенген листа од први јануари 2010 година, како што е најавено, во Брисел ќе ја соопштат еврокомесарите за правда и за проширување Жак Баро и Оли Рен, на прес конференција. Потпретседателот на Европската комисија Баро, минатата недела најави дека препораката за укинување на визите ќе биде донесена во вторник. Според него Македонија има направено најголем напредок...

Continue reading

лого

Наскоро укинување на визите за Македонија

Post Views: 2 Предлог за укинување на шенген визите за Македонија, Црна Гора и Србија, на 14 јули ќе усвои Европската комисија(ЕК) во Стразбур. Предлогот, како што пренесува Макфакс, ќе го образложат еврокомесарот за правосудство и внатрешни работи Жак Баро и еврокомесарот за проширување Оли Рен. Истиот ден предлогот ќе биде упатен и на Советот на министри на Унијата и Европарламентот. Изјава во оваа насока во вторникот во Романија даде и италијанскиот шеф на дипломатијата Франко Фратини. „Се надевам дека за неколку недели ќе биде либерализиран визниот режим за три значајни земји...

Continue reading

logo

Македонија ги исполни условите за укинување на визите

Post Views: 0 Македонија ги исполни условите за укинување на шенгенските визи за нејзините граѓани, додека во случајот со Србија се појавија „определени тешкотии“, јавува Би Би Си. Aнонимни европски дипломати, на кои се повикува Би Би Си, изјавија дека во извештајот на Европската комисија што веќе и е предаден на Чешка, како претседавач на ЕУ, Комисијата во Брисел заклучила дека само Македонија ги исполнила сите услови за визна либерализација. Од другите земји во регионот се вели дека Црна Гора, исто така, би можела да биде вклучена во „белата листа“ на земји чии граѓани патуваат...

Continue reading

Jacques Baro

Визите за некои балкански земји да се укинат поскоро

Post Views: 2 Потпретседателот на Европската комисија Жак Баро повика да се предложи што поскоро укинување на визите за „граѓаните на оние земји од западен Балкан што ги исполнија условите“. „Уверен сум дека укинувањето на визите за сите земји од западниот Балкан е изгледна перспектива“, изјави Баро, кој воедно е и еврокомесар за внатрешни работи и правосудство. Баро изрази особено задоволство од напорот кој го вложиле земјите од регионот во исполнувањето на условите и одличната соработка со стручните мисии на ЕК. Потпретседателот на комисијата истакна дека на Колегиумот на ЕК ќе...

Continue reading

Oli Ren

Оли Рен за укинување на визите за балканот

Post Views: 0 Надеж дека до крајот на чешкото претседавање со ЕУ, во јуни, ќе биде предложено укинување на визите за Балканот, изрази синоќа еврокомесарот за проширување Оли Рен. Тој во расправата во Европскиот парламент (ЕП) „Консолидирање на стабилноста и просперитетот на западен Балкан“ наведе дека тоа отвора можност до крајот на годинава Советот на ЕУ да донесе одлука за укинување на визите за земјите кои ги исполнуваат условите. Во врска со проширување на ЕУ, Рен повика на консолидирање на Унијата, истакнувајќи дека клучот за таквиот обновен консензус не е поставувањето нови...

Continue reading

viza

ЕУ ги укина визите за Македонија

Post Views: 4 Граѓаните на Македонија од 19 декември годинава ќе можат да патуваат без визи во земјите членки на шенгенската зона. Државите членки на Европската Унија(ЕУ) решија да ги укинат визите за граѓаните на Македонија, Србија и Црна Гора почнувајќи од 19 декември, соопшти францускиот министер за имиграција Ерик Бесон. “Официјално соопштувам дека ЕУ донесе решение за укинување на визите за трите земји, кое  е многу важна етапа во процесот на приближување”, рече Бесон на прес конференцијата. “Укинувањето на визите за Србија, Црна Гора и Македонија ќе стапи на сила на 19 декември”,...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top