Ознака: svetski

doktorki

Работно на денот на здравството

Post Views: 9 300 членови од здружението на лекари на 10-ти април ќе ја прослават белата вечер. Денес охридските медицинари, меѓународниот ден на здравството го одбележаа работно. Белата вечер закажана за 10 април. Докторите од охридскиот регион наместо денес да го одбележат Светскиот ден на здравството, ќе слават по три дена. Претседателот на здружението на лекарите Прим. Д-р Илија Прангоски вели дека така одлучиле бидејќи ангажираноста на медицинскиот персонал за време на викендите е помала. Тој додава дека на 10-ти април во хотелот Белви ќе се одржи годишното собрание или познатата...

Continue reading

igracki

Светскиот ден на лица со интелектуална попреченост одбележан и во Охрид

Post Views: 1 На Скромна прослава во центарот за лица со интелектуална попреченост Порака, на најзаслужните за новите простории на Порака им беа врачени благодарници. Во охридскиот дневен центар згрижение се 15 деца. 3 декември светски ден на лица со интелектуална попреченост. Овој празник одбележан и во Охрид. Дневниот центар Порака скромната прослава годинава ја одржа во своите нови простории. Задоволни што конечно имаат свое катче, на најзаслужните за тоа им врачија благодарници. „Покрај на Локалната самоуправа, огромна благодарнот упатуваме и до МЈП Проаква Работна единица Охрид,...

Continue reading

logo

Црвениот крст од Охрид го одбележа денот за борба против Сидата

Post Views: 3 Црвениот Крст од Охрид спроведува низа активности, со цел младата популација што повеќе да биде едуцирана за здрава и сигурна сексуалност под мотото „Сигурно ли знаете да водите љубов“. Охрид го одбележува 1 ви декември Светскиот ден на борба против сидата. Денес активистите на „Црвениот Крст“ од Охрид одржаа четири предавања во 7и 8 мо одделение во ОУ Св Климент Охридски, за тоа колку  оваа популација има познавање за хив – сидата. Учениците внимателно слушаа и учествуваа во разговорот со Др Младен Божиноски едукатор за оваа инфекција. „Од денес се ставаат и црвените...

Continue reading

logo

Договор за светски проект

Post Views: 3 Угледен бизнисмен иселеник од Македонија ќе инвестира 33. милиони долари во Охрид. На местото на бараките кај Трудбеник ќе никне хотелски комплекс „Окото на Охрид“. Денеска потпишан и договорот на двајцата приватни партнери за реализација на овој проект. „Око на Охрид“. Потпишан договор за реализација на хотелски комплекс. Директорот на Трудбеник Ацо Спироски и Спиро Трајчевски директор на американска фирма ќе инвестираат во Охрид. Станува збор за 33 милиони долари, со кој пари на местото кај бараките на Трудбеник ќе се изгради елитен хотелски комплекс. Дојде време да...

Continue reading

Kiril Smakoski

Секои 30 секунди во светот, нова скршеница

Post Views: 1 Таа е системска болест на коските која се карактеризира со намалена коскена густина и нарушена микроархитектура. Остеопорозата е многу често заболување кое буквално значи порозни коски. Најсериозна последица од оваа болест е скршеница на коските дури и при минимален удар или паѓање. Ова заболување може да доведе до инвалидитет, па дури и до смрт и е познато како „Тивка епидемија“. „Остеопорозата зема се пошироки, речиси епидемиски размери и освен што ја напаѓа женската популација, во последно време не е мал бројот на мажи кои заболуваат од оваа болест. Постoјат голем...

Continue reading

slepo lice

Денска е светски ден на слепите лица

Post Views: 7 „Денеска нема да имаме посебни активности, затоа што ние сме активни преку цела година“, вели Славчо Џајкоски, претесадтел на здружението на слепи лица. Светскиот ден на слепите лица, 15 октомври, Општинската организација на слепи лица од Охрид не го одбележува посебно. „Иако овој ден е светски признат, ние не чувствуваме потреба за специјално организирање на нашето членство, бидејки за нас секој ден е одбележан на свој начин, вели претседателот на здружението на слепи лица, Славчо Џајкоски.  Тој додава дека приоритет на  здружението е откривање на нови слепи лица,...

Continue reading

Светскиот ден на Прва помош

Post Views: 1 „Прва помош за хуманост“, е  мотото под кое се одбележува Светскиот ден на Прва помош.   На градскиот плоштад спроведени низа активности за прославување на овој ден. Една од поголемите свечености годинава се одржува во Риека, каде има четири преставници од ОО на Црвен Крст Охрид. Црвениот крст денеска празнува. Светскиот ден на оваа хуманитарна организација, годинава се одржува под мотото „Прва помош за хуманост“. „Секој човек, може и треба да знае да укаже прва помош, вели претседателот на ОО на Црвен крст, Сашо Точков. И покрај лошите временски услови, на градскиот...

Continue reading

Ohridsko ezero

Ќе имаме ли наше светско чудо?

Post Views: 1 Охридското езеро и Пештерата Врело имаат големи шанси да влезат во потесниот круг на номинации за новите седум светски чуда. Ќе се натпреваруваат во конкуренција со 77 номинирани природни атрактивности. Денеска завршува вториот круг од гласањето во рамките на глобалниот избор за новите седум светски чуда на природата. Пред истекот на рокот за гласање Охридското езеро се наоѓа на одличното шесто место маѓу финалните единаесет. Пештерата Врело засега е на тринаесетото место соопштуваат од Македонскиот комитет за ниминација. Конкурираат 77 природни атрактивности од кои...

Continue reading

romi

Светскиот ден на Ромите се слави и во Охрид

Post Views: 6 Граѓаните од ромска националност денес го прославуваат 8- ми април – Светскиот ден на Ромите. „Она што се уште не се променало е односот на околината кон нас“, велат членовите на ромското семејство Шемо. „И ден денес има поединци кои го оспоруваат нашиот идентитет. Тоа е навистина апсурд со оглед на фактот дека живееме во едно ново време- во 21 век“, вели најстариот член на ромската фамилија Шемо. Тој се надева дека разликите наскоро ќе исчезнат. „Среќен сум што за разлика од минатото, сега ромите го продолжуваат своето средно образование и стануваат академски граѓани....

Continue reading

Слободанка Коцевска

Со оптимизам и ведрина против болестите

Post Views: 6 Стручните лица се повеќе алармираат за  голем број заболувања предизвикани од стресни ситуации. Специјалистот по социјална медицина,  д-р Слободанка Коцевска состојбата со заболувањата во оптина Охрид и Дебрца ја следи повеќе од 20 години. Истакнува дека последните 10 години се посебно стресни за сите нас. Минатата година најмногу  лекарска помош побарале лицата на возраст од 64 до 75 години , а веднаш зад нив се лицата  на возраст од 45 до 54 години. Почести посетители во медицинските установи  била женската популација. Најчесто граѓаните страдаат од срцево –...

Continue reading

MRI

Светскиот ден за борба против ракот

Post Views: 11 По повод вчерашниот ден за борба против ракот  Сетската здравствена организација, предупредува дека   малигните заболувања се закануваат да го преполоват населението во Европа. Според податоците на Републичкиот завод за здравствена заштита, во последните десеттина години стапката на нови регистрирани случаи на заболени од рак во Македонија е зголемена. Генерална причина за појавата на ваквите заболувања не е констатирана, а симптомите најчесто се нејасни, затоа според лекарите најважна е примарната превенција. Во Охрид исто така е забележан раст во регистрираните случаи....

Continue reading

Dejan Panoski

Светски ден на водни живеалишта

Post Views: 11 Охридскиот регион да се најде на листата на биоводни резервати, а неговиот албански дел да биде на листата на Унеско, ова се заложбите на експертите за водени ресурси. Денес во Преспанскиот регион  се одбележа светскиот ден на водни живеалишта. Светскиот ден на водните живеалишта, 2 Февруари, во Македонија денес се одбележа со свеченост во прекуграничниот регион Преспа парк. На свеченоста се одржаа многу едикативни активности за основците и средношколците. На денешната свеченост во Ресен, едукативно предавање на тема Водни живеалишта (предизвици и нивна заштита во...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top