Ознака: svetski

deca

Одбележување на Светски ден на храната

Post Views: 6 Министерот за здравство Бујар Османи денеска ќе учествува во одбележувањето на Светкиот ден на храната, кој ќе се одржи во Куршумли Ан, во Старата скопска чаршија. Во рамки на манифестацијата, граѓаните ќе имаат можност за бесплатни лекарски прегледи, дегустација на традиционална храна, а предвидена е и изложба на традиционални садови во домаќинството. {loadposition content9}

Continue reading

peshacenje

Светски ден на пешачењето

Post Views: 6 Светскиот ден на пешачењето денеска ќе се одбележи во Скопје. Главниот град на Македонија со тоа ќе се вброи меѓу метрополите на 72 земји од светот кои што под покровителство на Светската Здравствена Организација го одбележуваат овој ден.Светскиот ден на пешачењето ќе биде одбележан во организација на граѓанското здружение ГАРД и Универзитетот ФОН, под покровителство на Македонскиот Олимписки Комитет, Агенцијата за млади и спорт и Амбасадата на Република Словенија. {loadposition content9}

Continue reading

zena

Светските борци за женски права во Македонија

Post Views: 1 Над 100 еминентни светски борци за права на жената ќе учествуваат на меѓународната конференција “Мир и безбедност-феминистичка алтернатива“, што започнува денеска во Скопје. На дводневната конференција е најавено учество на мировни активистки, политичарки, експертки и претставнички на образовните и владини родови институции од 23 земји од Европа, Блискиот Исток, Кавказот и САД. Почесна гостинка на конференцијата ќе биде позната светска писателка Навал Ел Садави од Египет, која поради активизам за женски човекови права, во 80-те години од минатиот век беше затворена,...

Continue reading

Nikola Gruevski

Премиерот Груевски на состанок на Светскиот економски форум во Кина

Post Views: 0 Премиерот Никола Груевски денеска учествува на Состанокот на Новите шампиони на Светскиот економски форум што се одржува во кинескиот град Далиан. Груевски учествува на панелот „Соочување со кризата на вработувањето – Влијанието на економската криза врз вработеноста“. Македонскиот премиер денеска во Далиан ја посети Зоната за висока технологија каде се сретна со двајца заменици-директори на зоната Ли Веи Мин и Чук Ши на кои им ги презентираше условите за инвестирање во Македонија и предностите на слободните економски зони. Во Зоната за висока технологија на Далиан има...

Continue reading

Nikola Gruevski

Премиерот Груевски на светскиот економски форум во Кина

Post Views: 3 Државната делегација, предводена од премиерот Никола Груевски, од денеска до сабота ќе учествува на Светскиот економски форум што се одржува во Далиан, Народна Република Кина. Во рамки на посетата, премиерот Груевски ќе оствари билатерална средба со својот кинески колега, претседателот на Државниот совет на НР Кина, Вен Џиабао, како и средби со градските власти на Далиан. Како што е соопштено од Владата, учеството на настанот ќе биде искористено за средби со повеќе светски компании, а покрај тоа ќе бидат посетени и слободната економска зона, царинската зона и зоната...

Continue reading

Todor Petrov

Генерално собрание на Светскиот Македонски Конгрес

Post Views: 3 Деветнаесетто Генерално собрание на Светскиот Македонски Конгрес (СМК) ќе се одржи денеска во Скопје. Главна тема пред пратениците ќе биде Декларацијата за одбрана на државното име Македонија, формирањето на Движењето на отпорот против промена на државното име Македонија и именувањето на членовите на органите на Движењето. Според најавите на Генералното собрание се очекува присуството и на претставници на македонските организации од соседните земји и на иселениците од Македонија. Претседателите Тодор Петров и Рубин Земон ќе потпишат Договор за соработка меѓу Светскиот...

Continue reading

logo

Утре се одбележуваа Светскиот ден на слободата на печатот

Post Views: 12 Светски ден на слободата на медиумите 3 Мај, кој се одбележува утре е посветен на фундаменталните принципи за слобода на печатот и одбрана на медиумите од нападите врз нивната независност.Целта е да им се оддде признание и на новинарите кои ги загубија животите вршејќи ја својата професионална должност. Востановен е во 1993 година од страна на Генералното собрание на ОН по препорака на генералната конференција нa УНЕСКО во 1991 година. На овој ден Светската организација за образование, наука и култура ги собира професионалците новинари од цел свет на конференција со...

Continue reading

tancerka

Светски ден на танцот

Post Views: 1 Овој ден е посветен на танцот, на неговата неизмерна количина на дијалекти и неговата огромна моќ на изразување, преобразбра, единство и радост.Меѓународниот ден на танцот е посебен ден,  посветен на секое тело, без разлика на верата, бојата и културата кое ги преобразува традициите од минатото во приказни на сегашноста и во соништата на иднината. Ова во меѓународната порака по повод Светскиот ден на танцот – 29 април го истакнува лондонскиот кореограф  Акрам Кан. Во македонската порака за овој ден, кореографката Рисима Рисимкин, уметнички директор на „Танц фест...

Continue reading

Hans Kristian Andersen

Светски ден на литературата за деца

Post Views: 2 Светот денеска го одбележува Меѓународниот ден на литературата за деца. Датумот 2 април е денот кога бил роден познатиот дански писател за деца Ханс Кристијан Андерсен, авторот на „Грдото пајче“, „Принцезата на зрно грашок“ и „Царевото ново руво“. Секоја година една земја е меѓународен промотор на книжевноста за деца, а годинава тоа е Египет. Пораката и постерот за одбележување на овој ден се дело на египетскиот илустратор на книги за деца Хани Д. Ел-Масри. По повод Светскиот ден на литературата за деца, издавачката куќа „Вермилион“ ќе и донира на библиотеката „Другарче“...

Continue reading

teatar

Светски ден на театарот

Post Views: 5 „Да се прави театар значи да се фрли светлина на сцената од нашиот секојдневен живот“, е дел од меѓународната порака по повод 27 март – Светскиот ден на театарот. Традиционално на овој ден, во театрите низ целиот свет, претставите почнуваат со читање на Меѓународната порака, која годинава ја упати познатиот бразилски театарски режисер, драмски писател и политичар Аугусто Боал. „Една од главните функции на нашата уметност е да и ги приближиме на нашата свест претставите од секојдневниот живот каде што актерите се истовремено и публика, и каде што сцената и публиката стануваат...

Continue reading

logo

Светски ден на мајчиниот јазик

Post Views: 9 Под покровителство на УНЕСКО и Регионалното биро за наука и култура во Европа, денеска се одбележува Меѓународниот ден на мајчиниот јазик, 21 Февруари.Заштитата на јазиците во светот, борбата против нивното измумирање и одржувањето на идентитетот на нациите преку јазикот, се клучните цели на манифестациите што денеска ќе бидат организирани во светски рамки. Мацура порачува јазикот да не биде причина за поделби и непријателства во светот, а Владите во сите земји да обезбедат соживот и почитување меѓу народите кои зборуваат различни јазици. Според него, поврзаноста на...

Continue reading

logo

Светски ден на канцерогените заболувања

Post Views: 8 Светскиот ден на канцерогените заболувања, 4. февруари, денеска ќе биде одбележан во Скопје.Министерот за здравство Бујар Османи денеска ќе ја посети Клиниката за онкологија во Скопје, по повод одбележувањето на Светскиот ден на канцерогените заболувања 4 Февруари. Министерот Османи, на Клиниката за онкологија свечено ќе ја отвори и првата канцеларија за советник за заштита на правата на пациентите, во согласност со Законот за заштита на правата на пациентите. Во Канцеларијата, како што информираат од Министерството за здравство, ќе престојува и психолог, кој непосредно...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top