Ознака: makedonski

logo

Македонија со двајца автори на венецијанското биенале

Post Views: 9 Македонскиот павилјон на 53. Биенале во Венеција, на кој ќе се претстават македонските уметници Никола Узуновски и Гоце Наневски, ќе биде отворен денеска. Узуновски ќе се претстави со проектот „Моето сонце“, научно-уметнички проект во кој уметникот создава вештачко сонце. Вториот македонски претставник уметникот Наневски ќе се претстави со инсталацијата „50 или 50“, составена од бројченици од апарати за точење бензин и посветена на можностите за различна интерпретација на течењето на времето. Уметници од целиот свет ќе ги изложат своите дела до 7 јуни, во рамките на...

Continue reading

Nikola Gruevski

Средба на македонскиот премиер со германски парламентарци

Post Views: 5 Претседателот на Владата на Република Македонија Никола Груевски, денеска ќе има средба со пратеници во германскиот Бундестаг. Како што најави владината прес-служба, Груевски ќе се сретне со Валтер Колбо-координатор на пратеничката група на Социјалдемократската партија на Германија и претседател на Германско-македонското друштво, како и Андреас Лемел – пратеник од Демохристијанската партија на Германија.                     {loadposition content9}

Continue reading

tetoviranje

Ревија на македонски филмови во Мадрид

Post Views: 8 Ревија на македонски филмови ќе се одржува од денеска до 30 мај во Мадрид во организација на Кинотеката на Македонија со поддршка на Министерството за култура. Ревијата ќе биде отворена со филмови на браќата Манаки и филмот „Тетовирање“ на Столе Попов. Гости на отворањето ќе бидат актерот Мето Јовановски, директорката на Кинотеката Мими Ѓоргоска-Илиевска и филмологот Владимир Ангелов.                {loadposition content9}

Continue reading

makedonska hrana

Како се хранат македонците

Post Views: 0 Македонското население се храни избалансирано во однос на консумирањето житарки, леб, млечни и месни производи, овошје и зеленчук, но не внесува доволно риба, свежо овошје и зеленчук, интегрални производи од житарки, ореви и семки, покажуваат анализите на Републичкиот завод за здравствена заштита. Месните преработки во секојдневната исхрана се застапени со околу 21 отсто, а на мастите, маслата и слатките отпаѓа поголем процент. Сол во просек се внесува од 10 до 16 грама дневно што е висока количина ако се земат предвид препораките. Според анализите, Македонците дневно...

Continue reading

Zoran Konjanoski

Македонскиот министер за одбрана во официјална посета на БиХ

Post Views: 9 Македонскиот министер за одбрана Зоран Коњановски денеска престојува во официјална посета на Босна и Херцеговина. Македонскиот министер во Сараево треба да се сретне со Командантот на ЕУФОР генерал-мајор Стефано Кастањото, со командантот на НАТО штабот бригаден генерал Сабато Ерико, како со својот босански колега Селмо Цикотиќ. Коњановски како што е најавено, ќе го посети медицинскиот тим на Министерството за одбрана на Македонија во мисијата АЛТЕА во БиХ и ќе положи венец цвеќе на споменикот на загинатите македонски мировници во хеликоптерската несреќа.         {loadposition...

Continue reading

zemja

Македонските граѓани најмногу стравуваат од глобалната економска криза

Post Views: 8 Последното истражување на јавното мислење во Македонија направено од Меѓународниот републикански институт (ИРИ) покажува дека најголема грижа за македонските граѓани претставува економската состојба предизвикана од глобалната криза. Во последниве шест месеци, дури две третини од граѓаните повеќе стравуваат за економската состојба во 2009-та споредено со истиот период лани поради можноста Македонија да биде посилно погодена од економската криза. Има растечки песимизам за економските текови, а  тоа претставува дополнителен поттик за Владата да излезе со моќен економски...

Continue reading

studenti

Протест на македонските студенти во Брисел

Post Views: 3 Педесетина македонски студенти од државни и од приватни универзитети, денеска и утре пред седиштето на Европската комисија ќе одржат протест против визниот режим. Протестот под мото „Виза нема шанси“, ќе се одвива така што пред седиштето на ЕК студентите ќе постават ограда, која симболично ќе ја претставува визната бариера. Акцијата „Виза, нема шанси“ ја поддржа и словенечкиот амбасадор во Македонија, Ален Бергант, кој помогнал европратениците Алојз Петрле и Јелко Кацин да ги примат студентите во Брисел.       {loadposition content9}

Continue reading

piloti

Војниците во автентични македонски униформи

Post Views: 14 Униформите што досега ги носеа армиските припадници ќе бидат заменети со нови, кои со својот изглед, боја, дизајн и другите технички карактеристики ќе бидат автентични македонски униформи. Првите пробни униформи денеска премиерно ќе бидат презентирани во Сомот на Армијата во Скопје. На промоцијата, како што е соопштено, поздравно обраќање ќе има министерот за одбрана Зоран Коњановски, а поканети се државен врв и претставници на дипломатскиот кор во Македонија. Министерот Коњановски неодамна соопшти дека со предвидените 60 милиони денари од буџетот на одбраната првично...

Continue reading

internet kafe

Македонски кандидати за Светскиот самит за информатичко општество

Post Views: 1 Кандидатите за претставници на Македонија за наградата на Светскиот самит за информатичко општество во 2009 година, ќе бидат претставени денеска во Скопје. Цел на наградата е поттикнување на креативните потенцијали низ целиот свет да дадат придонес за надминување на дигиталниот и содржинскиот јаз кои го спречуваат сеопфатниот и рамномерниот развој на информатичкото општество. Кандидатите од Македонија ќе конкурираат во осум категории по различни е-содржини, а жирито нема веднаш да ја донесе одлуката, туку дополнително детално ќе ги разгледа претставени проекти. Целиот...

Continue reading

Koksal Toptan

Претседателот на турскиот парламент на средби со македонскиот државен врв

Post Views: 1 Претседателот на турскиот парламент Ќоксал Топтан, денеска во Скопје ќе оствари средби со македонскиот државен врв, а ќе има и свое обраќање во Собранието. Топтан, кој ја предводи делегацијата на Големото национално Собрание на Турција, во земјава престојува на покана на претседателот на Собранието Трајко Вељаноски. Високиот гостин, денеска ќе биде примен и од македонскиот претседател Бранко Црвенковски и премиерот Никола Груевски. Најавените средби, како што официјално е соопштено, се потврда за развиените пријателски односи меѓу Македонија и Турција.     {loadposition...

Continue reading

mirovnici

Свечен пречек на македонските мировници од Ирак

Post Views: 5 Македонските војници од последниот контингент во Ирак денеска свечено ќе бидат пречекани во Скопје, со што и официјално ќе заврши учеството на Македонија во оваа мировна мисија. На свеченоста во касарната „Илинден“, попладнево обраќање ќе има претседателот на државата и врховен командант на вооружените сили Бранко Црвенковски, соопшти неговиот кабинет. Најавено е присуство на свеченоста и на премиерот, Никола Груевски, министерот за одбрана, Зоран Коњановски и началникот на генералштабот на АРМ, генерал-потполковник Мирослав Стојановски. Македонските војници беа испратени...

Continue reading

Јас сум од Титов Велес

Во Њујорк ќе се одржи првиот Македонски филмски фестивал

Post Views: 0 Од 20 до 23 ноември, во киното Вилиџ Ист во Њујорк ќе се одржи првиот Македонски филмски фестивал, во орагнизација на Македонскиот филмски фонд (МФФ) во соработка со Меѓународниот филмски круг. Целта на Македонскиот филмски фестивал, како што соопшти МФФ, е да презентира дел од најдобрите филмски остварувања од Македонија. Некои од режисерите на десетте филма кои ќе се прикажуваат на Македонскиот филмски фестивал ќе присуствуваат и на нивните јавни проекции. На отворањето на Фестивалот ќе биде прикажан филмот „Јас сум од Титов Велес“ на Теона Стругар Митевска. Во наредните...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top