Ознака: makedonski

vojnici

Мирен собир за повлекување на македонските војници од Авганистан

Post Views: 8 Мирен собир за повлекување на македонските војници од Авганистан ќе организира в сабота на плоштадот „Македонија“, движењето за социјална правда Ленка. Причина за собирот, како што наведуваат од движењето, се осумте години кои месецов се навршуваат од започнувањето на војната во Авганистан. Премиерот и Претседателот на Македонија го поддржаа Светскиот марш на мирот во чија Декларација се бара „откажување на владите од користење на војната како средство за решавање на конфликти“ и „неодложно повлекување на освојувачките трупи од окупираните територии“, потсетуваат од...

Continue reading

лого

Изгоре камион на „Македонски пошти“

Post Views: 6 Настанот се случил утрово во 4 часот и 50 минути на магистралниот пат Гостивар – Кичево.   Според првичните наоди на истрагата, во поштенскиот камион имало меѓународна пратка на производи, кои требало да се достават до Охрид. Утрово поштенските пратки за Охрид не стигнаа. Изгоре Камионот на „Македонски пошти“, додека се движел од Гостивар кон Кичево. Повредени нема. Државен истражен судија , заменик јавен обвинител и екипа СВР Гостивар, извршиле увид на местото на настанот. „Во моментров се работи на целосно расветлување на поединостите поврзани со случајот“, вели портпаролот...

Continue reading

logo

Почнува снимањето на македонскиот игран филм „Панкот не е мртов“

Post Views: 2 На повеќе локации во Скопје, Дебар и Куманово од денеска почнува снимањето на долгометражниот македонски игран филм „Панкот не е мртов“ на сценаристот и режисер Владимир Блажевски. Во филмот, кој ќе се снима 40 работни денови, Скопје е претставено како метропола, пандан на поголемите европски градови. Филмот е современа траги комедија или црна комедија која во извесна смисла се занимава со некои феномени на маргинална живеачка во Скопје. Во фокусот е една поранешна музичка панкерска група чии членови добиваат шанси повторно да се соберат. Филмот го следи тој процес на...

Continue reading

hotel

Македонски бизнисмени купуваат

Post Views: 0 Се повеќе македонски бизнисмени се решаваат да инвестираат во соседна Албанија. Најпогодни места за вложување на капиталот се примамливите Драч, Саранда и Валона каде македонски државјани, главно Албанци од Струга, Тетово, Гостивар и Дебар градат станбени згради, отвораат преработувачки капацитети, а особено купуваат деловен простор за отворање на ресторани, кафетерии, пицерии, слаткарници и слично. Стопанската комора на Албанија излезе со слободна проценка дека во последниве пет-шест години во Албанија е инвестиран 800 милиони евра македонски капитал. Оттаму тврдат...

Continue reading

logo

Македонскиот анимиран филм „Внатре“ премиерно на 15. Сараевски филмски фестивал

Post Views: 6 Краткиот анимиран филм „Внатре“ на македонскиот режисер Иван Ивановски денеска премиерно ќе биде прикажан на 15-тото издание на Сараевскиот филмски фестивал. „Внатре“ ќе биде дел од натпреварувачката програма за краток филм. Трае осум минути и е изработен во техника на стоп-анимација.Режисерот Ивановски ги изработи и сценариото, сценографијата, фотографијата и анимацијата за филмот. Извршен продуцент на „Внатре“ е Виолета Качакова, а монтажата на Доријан Миловановиќ. {loadposition content9}

Continue reading

Kongresen centar

42. Меѓународен семинар за македонски јазик, литература и култура

Post Views: 0 Во Конгресниот центар на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Охрид денеска свечено ќе биде отворен 42. Меѓународен семинар за македонски јазик, литература и култура. На семинарот, што ќе трае до 27-ми овој месец, ќе учествуваат 90 слушатели, странски слависти, македонисти, балканисти, историчари, етнолози, универзитетски професори, научни работници, преведувачи и студенти по македонистика, славистика и по балканистика од 27 земји. На собирот во Охрид ќе присуствуваат и познатите македонисти академиците Ала Шешкен од Русија и Иван Доровски од Чешка,  професорите Кшиштоф...

Continue reading

Todor Petrov

Генерално собрание на Светскиот Македонски Конгрес

Post Views: 3 Деветнаесетто Генерално собрание на Светскиот Македонски Конгрес (СМК) ќе се одржи денеска во Скопје. Главна тема пред пратениците ќе биде Декларацијата за одбрана на државното име Македонија, формирањето на Движењето на отпорот против промена на државното име Македонија и именувањето на членовите на органите на Движењето. Според најавите на Генералното собрание се очекува присуството и на претставници на македонските организации од соседните земји и на иселениците од Македонија. Претседателите Тодор Петров и Рубин Земон ќе потпишат Договор за соработка меѓу Светскиот...

Continue reading

Gorge Ivanov

Честитка од македонскиот претседател Иванов до Расмусен

Post Views: 6 Претседателот на Република Македонија Ѓорѓе Иванов упати честитка до Андерс Фог Расмусен по повод преземањето на функцијата генерален секретар на НАТО. – Г-дине генерален секретар Република Македонија и нејзините граѓани водејќи се од вредностите на слободата, демократијата и солидарноста, како столбови на кои почива Алијансата, од најраните денови на својата независност за врвен стратешки приоритет во реализацијата на националните интереси го одредија членството во НАТО. Како што веќе знаете во изминатиот период на тој план Република Македонија постигна исклучителен...

Continue reading

lekar

Работа за македонските лекари и сестри во Либија

Post Views: 3 Либија има намера да вработи во државните и приватните клиники 10,000 медицински работници од Македонија, Бугарија, Србија, Босна и Херцеговина и Хрватска. Медицинските сестри треба да имаат месечна плата од 500 евра, а лекарите без стаж месечни примања во износ од 900 евра. Висината на платата ќе се утврдува индивидуално и во зависност од стручните квалификации. Кандидатите за работа во либиските болнички установи ќе се избираат на конкурс со посредство на две српски агенции, ангажирани за таа цел од либиските власти. Странските лекари имаат лошо искуство со работа...

Continue reading

Gorge Ivanov

Македонскиот претседател во посета на Хрватска

Post Views: 1 Македонскиот претседател Ѓорге Иванов од денеска престојува во тридневна официјална посета на Хрватска, на покана на хрватскиот претседател Стипе Месиќ. Претседателот Иванов за време на посетата ќе оствари средба и со хрватската премиерка Јадранка Косор, како и со спикерот Лука Бебиќ, јави хрватската агенција Хина. Според агендата, претседателите Иванов и Месиќ денеска ќе учествуваат на хрватско-македонскиот економски форум. Претседателот Иванов, како што пренесува Макфакс, се очекува да оствари средба со претставниците на македонското малцинство во Хрватска. {loadposition...

Continue reading

logo

Помош од USAID за македонските компании

Post Views: 0 Конференција на тема „Пристап до финансирање во време на рецесија“ ќе се одржи денеска во Скопје во организација на Проектот за конкурентност на УСАИД. Оваа конференција претставува дел од финансиската платформа на Проектот за конкурентност на УСАИД, кој им помага на компаниите успешно да ги задоволат потребите од капитал за развој на бизнисот, и да развиваат инвестициски стратегии за пристап до голем број на финансиски продукти и услуги. Македонските компании треба да инвестираат во нови технологии и подобрени бизнис практики за да се стимулира развојот на компаниите...

Continue reading

Angola

Ангола, неоткриена дестинација за македонскиот бизнис

Post Views: 9 Во Стопанската комора на Македонија денеска ќе се одржи презентација на Ангола како можна нова бизнис дестинација.На презентацијата насловена како „Ангола – неоткриена дестинација за македонскиот бизнис“, бизнисмените ќе имаат можност да се запознаат со анголското стопанство и со можностите за соработка. Промотивниот ден на Ангола, освен во функција на претставување на економските и инвестициските потенцијали, ќе има за цел и подетално да информира за законските, финансиските и административните регулативи за водење бизнис, сервиси и услуги за поддршка на бизнисот.Компаниите...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top