Ознака: konferencija

Ivanov

Претседателот Иванов ќе одржи говор на Минхенската безбедносна конференцija

Post Views: 2 Иванов на маргините на  конференцијата ќе оствари и билатерални средби со високи функционери од повеќе земји на кои ќе се потенцираат сите прашања од сферата на безбедноста и уделот на Македонија во меѓународните мисии. На 46. Минхенска безбедносна конференција, која почна вчера попладне а ќе трае до утре, учествуваат 300 шефови на држави, влади, високи функционери, опозициски лидери и претставници на организации од целиот свет. Конференцијата вчера ја отвори претседавачот Волфганг Ишингер, а во воведниот дел говореа и германскиот министер за одбрана Карл-Теодор Гутенберг...

Continue reading

logo

„Еден момент за мене, 4 години за вас“

Post Views: 6 На денешната завршна прес конференција на градоначалничкиот кандидат од ДУИ, Рамиз Мерко на пристутните им се обрати  како актуелен и иден градоначалник на о.СТруга. Ова го кажувам сосигурност во себе, бидејќи имам доверба во вас, вашиот глас нема да се злоупотреби, туку ќе си го најде своето место во изградба и развој на Струга, рече Рамз Мерко. Тој на прес конференцијата потенцира дека има подршка од неколку политички партии. Актуелниот градоначалник, го повика електоратот на 5 април масовно да излези на гласање. Да го дадат својот глас за Струга, за нашата заедничка...

Continue reading

Fatmir Besimi

Министерот Бесими на конференција на WTO

Post Views: 9 Министерот за економија Фатмир Бесими ќе учествува на седмата министерска конференција на Светската трговска организација, која ќе се одржи во Женева, Швајцарија. На пленарната сесија на конференцијата ќе  се дискутира за „Мултилатералниот трговски систем на СТО и сегашната светска економска состојба“. На собирот најавено е учество на министри од сите земји членки на организацијата, како и министрите од земјите набљудувачи. Конференција се одржува на секои две години и на неа се донесуваат одлуки за сите прашања во рамките на СТО врз основа на одлуката на Генералниот...

Continue reading

zname

Регионална конференција за евроинтеграцијата

Post Views: 1 Регионалната конференција за Западен Балкан на која треба да учествуваат министри одговорни за евроинтеграции од земјите од регионот, ќе се одржи денеска во Скопје. На оваа втора регионална конференција за европска интеграција на земјите од Процесот на стабилизација и асоцијација, ќе учествуваат делегации од Македонија, Албанија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Србија и Хрватска, како и претставници од Регионалниот совет за соработка. Воведно обраќање на конференцијата претпладнево ќе има македонскиот вицепремиер задолжен за европски прашања. Еднодневната регионална...

Continue reading

Milcho Mancevski

Манчевски на светска конференција на сценаристи во Атина

Post Views: 5 Најуспешниот македонски филмски автор Милчо Манчевски ќе учествува на првата Светска конференција на сценаристи, што ќе се одржи во петок и сабота во Атина, Грција. Конференцијата се смета за историски настан затоа што за прв пат на едно место се собираат членовите на здруженијата од Европската федерација на сценаристи (која е организатор на настанот) и на Меѓународната асоцијација на писателски здруженија. Според најавите, на конференцијата ќе учествуваат над 200 автори и претставници на над 20 илјади сценаристи од целиот свет. Манчевски на конференцијата ќе има и свое...

Continue reading

Konferencija

Kако до пари за развивање на рурален туризам?

Post Views: 2 Охридскиот регион има идеални места за развој на селскиот туризам. Еден таков пример  за интензивен развој на селскиот  туризам се жителите од селото Елшани. Тие инвестираат во  развој на туристичките капацитети, но имаат лоша  патна инфраструктура, по која се доаѓа во  нивното село на само10 километри оддалечност од Охрид. Министерот за земјоделство Љупчо Димоски истакна  подготвеност  да им помогнат на елшанци  да го решат овој проблем. Тоа може да го направат ако до министерството преку локалната самоуправа  достават програма за изградба на пат. Министерот Димоски...

Continue reading

Ivo Ivanovski

ИКТ технологијата во образованието во Охрид

Post Views: 1 Претставници на 24 земји, учесници на Лидерската конференција за ИКТ во образованието, денеска го посетија основното училиште „Св. Климент Охридски“  во Охрид. Експертите по информатичка технологија, задоволни од напредокот во образованието кај нас во последниве две години. Основците од О.О. „Св.Климент Охридски“ го презентираа користењето на преносните компјутери. Пред експертите по информатичка технологија од 24 држави од светот, учениците од 3-то и 4-то одделение ги покажаа знаењата од сферата на информатиката. Џон Дејвис заменик претседател на компанијата „Интел“,...

Continue reading

Globe

ГЛОУБ 2010 во Охрид

Post Views: 1 Програмата ГЛОБЕ ја комбинира науката, образованието и технологијата на меѓународно ниво. Учениците преку оваа програма го развиваат чуството кон науката, математиката и напредната технологија и непосредно ги гледаат резултатите од своите проучувања кои се во полза на сите нас, на нашата животна средина и нашата иднина. Министерот за ЖСПП, Неџати Јакупи како домаќин на конференцијата рече дека оваа програма е прифатена и во нашиот образовен систем од прво до деветто одделение и истата бележи голем подем и бројни успеси. Тој додаде дека овој собир со претставници од...

Continue reading

Konferencija

Проблемите со водата се глобални

Post Views: 2 Експерти од целиот свет за хидрологија и клима на Меѓународната конференција во Охрид ќе се обидат да ги направат логични, нелогичностите кои последниве неколку години се јавија во хидрологијата. Прашањето за водата, во годините кои доаѓаат станува филозофско прашање, велат експертите кои работат на проблематиката со мониторингот и експлоатацијата на водите. Над 400 еминентни научници кои се занимаваат со изучувањето на хидрологијата, метеорологијата и влијанието на климата врз различните сектори на водите, ќе се обидат да дадат одговор на прашања со кои се среќаваат...

Continue reading

svetska konferencija

Сите религии – еден свет

Post Views: 15 Во наредниве три дена, Охрид ќе биде центар на пораките на светските религии.  Конференцијата, која е со мотото “Религијата и културата – нераскинлива врска меѓу народите“ се организира во рамките на Меѓународна година на ООН за зближување на културите. Министерката за Култура на РМакедонија, Елизабета Канческа Милеска и претседателот на меѓународниот комитет за организирање на Втората светска конференција, истакна дека дијалогот претставува најхомогениот медиум за остварување на етничка и религиска толеранција и широко почитување на универзализмот и хуманизмот. На...

Continue reading

znaminja

Втора светска конференција за меѓурелигиски и меѓуцивилизациски дијалог

Post Views: 1 Од 6 до 9 мај во Охрид по втор пат ќе се сретнат еминентни верски претставници од целиот свет. Под мотото „Религијата и културата – нераскинлива врска меѓу народите“, ќе се одржи Втората светска конференција за меѓурелигиски и меѓуцивилизациски дијалог. Оваа конференција всушност претставува продолжение на Првата светска конференција за меѓурелигиски и меѓуцивилизациски дијалог. Тогаш се усвои заедничка Декларација и се формира Меѓународен комитет за организирање на втората светска конференција во текот на 2010.Конференцијата се одржува во организација на Министерството...

Continue reading

pres

Локалната и советот „неодговорни“

Post Views: 0 Низа критики за работењето на локалната, и општинскиот совет денеска беа изнесени од страна на партијата на ВМРО ДПМНЕ. ВМРО ДПМНЕ ги изнесе своите ставови за целокупното  работењето на  советот на Општина Охрид. Низа неправилности, измами и пропусти беа посочени како дел од неговото лошо работење во изминатите 8 месеци. „Токму ваквото неправилно функционирање допринесе на Охрид да му се случуваат многубројни непријатности“, велат дел од советниците од редовите на ВМРО. „Неодговорноста кулминираше со односот на градоначалникот кон унесреќените граѓани кои настрадаа...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top