Министерот за здравство Венко Филипче ja посети Општа болница Охрид

Кажа дека развојот на здравството ќе оди во насока да не се дуплира скапата медицинска опрема, а да може да ја користат сите пациенти од регионот.

 |   | 

За помалку од една деценија, Охридската општа болница, што од донации, што од Министерството за здравство, доби опрема во вредност од околу 750.000 евра. Дел од таа опрема се користи, меѓутоа добар дел од неа остана несикористен. Една од причините за денешната посета на Министерот за здравство Венко Филипче на охридсото здравство, беше да се направи една проверка на тоа, што од таа опрема се користи, што не се користи, а може да биде искористено.

„Тоа е една од причините поади која денес ја оргаизиравме посетата. Еве ќе поразговараме со директорката за тоа со што поседуваат, што треба да се дополни. Планираме набавка за опрема за повеќе институции и болници во државата, меѓу нив ќе биде и болницата „Св. Еразмо“ и ќе го развиваме тој т.н.„Систем на набавка на медицинска опрема согласно потребите на регионот“, кажа Венко Филипче – Министер за здравство на РМ.

Филипче објасни дека доколку во охридско -струшкиот регион, односно, Општата болница во Охрид, Општата болница во Струга и Специјалната болница за орптоедија и трауматологија Св. Еразмо, постои одредена опрема, таа ке се користи за сите пациенти од регионот. Тоа се вика Економска анализа на медицинска технологија, бидејќи нема потреба да се дуплира скапата медицинска опрема каде доста чини и нејзиното одржување, па во таа насока ќе се развива и здравствениот сектор во овој регион. Денес на охридската општа болница и беше донирано и моторно возило за транспорт на пациенти.

„Сакам да изразам голема благодарност до компанијата „Руски Транс“ и „Балкан медија“, на кои ова не им е прва донација, во текот на минатата година имавме соработка, се донираа пристапни рампи, за лицата со телесен инвалидитет кои користат колички и се надевам дека оваа сорабтка ќе продолжи и во иднина“ објасни Венко Филипче – Министер за здравство на РМ.

За време на посетата, министерот најави и разговор со менаџментот на болницата за наследените финансиски проблеми и исплата на долговите како оваа здравствена установа, така и во голем број на други ширум државата.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top