Ознака: ime

EP

ЕУ да ги притисне сопствените членки за решавање на спорот со името

Post Views: 1 ЕУ нема концепт за Балканот и тоа е главен фактор за повеќе нерешени спорови, смета австриски функционер Сметам дека од ниту една држава не може да се бара пред своето име да го стави зборот „поранешна“ изјави државниот секретар во австриското Министерство за финансии Андреас Шидер, осврнувајќи се на спорот околу името на Македонија. Во расправата „Западен Балкан“ оддржана синоќа во Виена тој порача дека спорот околу името на Македонија мора да се реши, и тоа мора да се реши брзо. – ЕУ мора да изврши притисок на сопствените членки за да се изнајде решение, истакна...

Continue reading

luge na kino

Документарецот „Име си е име“ премиерно во Вашингтон

Post Views: 0 Во докумнтарецот, чиј продуцент е Џејсон Мико, а музиката ја напиша и изведува фронтменот на групата А-Ха, Мортен Харкет, исландскиот патеписец Ејнарсон ги прикажува убавините на Македонија, но тој ја согледува и вистината за земјата преку нејзините луѓе и нејзиното историско, културно и природно наследство. Фокусот на филмот е на тоа како Македонија и Македонците неправедно се заложници поради своето име.Премиерата на филмот е помогната од Обединетата македонска дијаспора, организацијата на Македонците во САД. Се очекува на проекцијата во Центарот на еврејската заедица,...

Continue reading

eu parlament

ЕП ќе се произнесе за датум за Македонија

Post Views: 5 Европскиот парламент в среда ќе гласа по амандманите на Извештајот за Македонија, со кои се бара во март оваа година Македонија да добие датум за почеток на преговорите за членство во ЕУ. Амандманите  се поднесени  од страна на словенечкиот европратеник Зоран Талер, а со нив се повикува Брисел да асистира во преговарачкиот процес за спорот околу името. Македонија во декември доби препорака за отпочнување на претпристапни преговори, но не и беше одреден точен датум поради спорот со Грција околу името на државата. Евроамбасадорот во Македонија Ерван Фуере вчера во своето...

Continue reading

Jose Zapatero

Шпанскиот премиер се надева на брзо решение на спорот за името

Post Views: 0 Балканот паѓа во втор план на шпанското претседателство со ЕУ, иако е меѓу приоритетите. Шпанија сепак се надева дека ќе биде најдено брзо решение за спорот со името, што е пречка за евроинтеграцијата на Македонија. Иако евроинтеграцијата на Балканот официјално се наоѓа запишана во приоритетите на шпанското претседателство со Европската унија, шефот на шпанската влада, Хозе Луис Запатеро, во официјалното претставување на неговата програма пред европратениците во Стразбур, воопшто не ја спомена. На прашањето дали шпанското претседателство предвидува посебна иницијатива...

Continue reading

Karl Bilt

Билт: Време е да се реши спорот со името

Post Views: 1 Треба да се увиди дека постои можност што нема да биде присутна мошне долго време, вели шведскиот шеф на дипломатијата за можноста за решавање на грчко-македонскиот спор за името. Министерот Карл Билт, чија земја претседава со ЕУ во изјава за Гласот на Америка на македонски вели дека има добри изгледи за започнување на ново раздобје во преговорите. „Се надевам дека ќе има обновување на разговорите за прашањето за името. Треба да се види дека постои момент на можност, што нема да биде мошне долго време. Сега е време да се најде решение за проблемот.  Сите знаат дека треба...

Continue reading

лого

Името Охрид само по себе не е доволно

Post Views: 0 Ни во седмиот обид и со планиран буџет од околу осум милони денари за десетина културни проекти, Охрид не успеа да стане „Град на културата за 2010 година“. Од друга страна со предвиден буџет од  само 6.200 000 денари, но и планирани 147 културни настани, Кавадарци го доби најпрестижното културно признание годинава.Името Охрид само по себе не е доволно за да бидеме град на културата за 2010 година. Доказ за тоа се неуспешните седум обиди да го добиеме ова престижно културно призанине. Додека денес во Охрид допрва се претставуваше програмата со која конкурираме, кавадарчани...

Continue reading

logo

Во Охрид улица „Јордан Мијалков“

Post Views: 1 Повторно актуелизирано името на првиот Министер за внатрешни работи Јордан Мијалков. Се бара улица во Охрид да го носи неговото име. Дали пред охридските советници ќе се најде оваа предлог  иницијатива на советничката група на ВМРО-НП, зависи од градоначалникот Петрески. ВМРО-НП од Охрид после 18 години не потсетува на екс Министерот за внатрешни работи Јордан Мијалков. Една заобиколница во Охрид, најверојатно ќе го носи неговото име. Според програмските цели на општинскиот комитет на ВМРО-НП од Охрид, се најавени низа активности кои во најскоро време треба да ги реализират...

Continue reading

Груевски ја подготвува јавностa за неуспехот од влезот во ЕУ

Post Views: 0 „Премиерот Никола Груески се обидува да ги најде виновниците и да објасни зошто Македонија ќе доживее неуспех во однос на прашањето за влез во Европската Унија.“ „Јас пак, се обидувам да го убедам него и сите останати дека ова е периодот во кој што треба да вложиме максимални напори за да  се постигне успехот“, ги  коментира говорите на премиерот кон македонската јавност, претседателот на државата Бранко Црвенкоски. За демаркацијата на државната граница кон Косово, претседателот Црвенкоски нема информации од Државната комисија за одбележување на границата до каде е...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top