Post Views: 3
Продолжуваат хуманите активности на Лајонс клубот “Охрид“. Генерално, основната мисија на лајонс клубовите е помагање на загрозени категории на граѓани, како и на сите оние на кои помошта им е неопходна. Тоа се покажа и синоќа, на свечениот бал со кој беше одблежана двегодишнината од постоењето на Лајонс клубот “Охрид“. Паричните средства, собрани на оваа свеченост, ќе бидат искористени за опремување на Клубот на слепи лица во Охрид.
Најзначаен дел на вечерта беше промоцијата на десетте најдобри ученици од проектот „Топ 10“. Станува збор за проект со кој беа опфатени...
Post Views: 3
Мотивите на грабнувачите сеуште непознати.
Не се ни открива причината поради која градоначалникот и возачот киднапирањето го пријавиле еден месец подоцна.
СВР Охрид ги приведе лицата за кои постои основано сомнение дека го киднапирале градоначалникот Александар Петрески и неговиот личен возач. Киднапирањето се случило на 21 декември, а од страна на возачот на градоначалникот било пријавено дури вчера попладне.
Од СВР- Охрид не го открија идентитетот на осомничените, само информира дека станува збор за две лица од Охрид на возраст од 32 и 34 години. Петрески и неговиот...
Post Views: 6
На 59-та седница советниците го верификуваа престанокот на мандатот на советничката Билјана Балазоска поради неспоивост на функцијата советник и вработен во општинската администрација.
На 60-тата седница најмногу се расправаше по предлог одлуката за утврдување фискална стратегија и развојни програми на општината за 2009 година. На расправа се најде извештајот од работата на јавното претпријатие „Охридски комуналец“ за првите шест месеци од годинава, како и деветмесечниот извештај на МЈП „Проаква“. Советникот Перо Петрески Калимеро загрижено праша дали Охрид и понатаму...
Post Views: 6
Во тешка сообраќајна незгода која се случи на магистралниот пат Охрид- Ресен животот го загубија двајца млади охриѓани. Службите од Свр Охрид ги испитуваат причините поради кои дошло до несреќата.
Синоќа во тешка сообраќајна незгода животот го загубија Влатко П. роден 1977 година и Наумче А. роден 1985 година, двајцата од Охрид. Несреќата се случи во 21 часот, во близина на депонијата ,, Буково“, на магистралниот пат Охрид-Ресен.
Стефан Димоски, портпарол на Свр Охрид вели дека сообраќајната незгода се случила во моментот кога возачот на товарно возило-влекач марка...
Post Views: 25
Партијата Сојуз на египќани од Охрид ја започна својата предизборна кампања. Од таму велат дека на претстојните локални избори сеуште не знаат дали ќе настапуваат самостојно или во коалиција со ВМРО ДПМНЕ, но без оглед на тоа очекуваат да добијат барем две советнички места. Председателот на партијата Петрит Хусеин потенцира дека египќаните го заслужуваат тоа бидејќи се рамноправен субјект кој егзистира во оваа држава.
Охридските египќани се надеваат дека набрзо ќе биде имплементиран Законот за заштита и унапредување на припадниците на заедниците под 20%. Тие бараат...