Ознака: denes

logo

Во Македонија денеска ќе се засадат пет милиони дрвца

Post Views: 8 Под мотото „Ние два милиони, станавме светски зелен бренд – излези засади и инспирирај ги останатите шест милјарди“ денеска во 30 општини во Македонија ќе бидат засадени пет милиони нови садници во рамки на акцијата „Ден на дрвото – Засади ја својата иднина!“. Два милиони садници ќе можат да ги засадат граѓаните, а останатите три милиони ќе бидат во семе и ќе ги посеат вработените во Јавното претпријатие „Македонски шуми“. Како што истакнаа организаторите на акцијата оперскиот пеач Борис Трајанов и Љупчо-Бубо Каров, превозот и овој пат ќе биде бесплатно организиран...

Continue reading

eulex

Еулекс од денес на Косово

Post Views: 0 Мисијата на Европската унија – ЕУЛЕКС денеска почнува со преземање на полициските функции на Косово од УМНИК. Најавено е дека две илјади европски полицајци, цариници, судии и обвинители, ќе се распоредат на целата територија на Косово, освен во северниот дел на земјата, каде полициските и царинските функции ќе останат под контрола на мисијата на Обединетите нации УНМИК, согласно планот на генералниот секретар Бан Ки Мун. Кермабон не исклучи употреба на сила доколку тоа биде потребно. „Мојата работа главно ќе биде следење на советувачкиот дел на мисијата и да придонесам...

Continue reading

Goran Pandev

Денeс се решава иднината на Пандев

Post Views: 2 Денешниот ден се чини ќе биде денот Д за нашиот репрезентативец Горан Пандев. Се очекува утрово во Милано Арбитражната комисија на Калчо Лигата да го донесе својот суд и со тоа да го ослободи Пандев од прегите на Лотито и Лацио. Како што е познато поради тоа што Лотито го отргна од првиот состав на Лацио и му забрани да тренира со тимот, Горан Пандев го даде на суд со цел предвреме да го раскини договорот кој го обврзува на верност кон римскиот клуб до крајот на оваа сезона. На последното сослушување одржано пред два дена на кое требаше да се донесе и одлуката, Клаудио...

Continue reading

лого

Денес ќе биде објавен домаќинот на ОИ 2016

Post Views: 4 Кој ќе биде домаќин на Олимписките игри во 2016 година ќе се знае денес по заседанието на Меѓународниот Олимписки Комитет (МОК) во Копенхаген. По 18 часот, претседателот на МОК Жак Рог ќе го објави домаќинот на 31-те Летни Олимписки игри. Дали тоа ќе биде Мадрид, Чикаго, Рио де Жанеиро или Токио.Многу државници им пружија поддршка на своите градови (читај-лобираа), па во изминатите денови во Копенхаген пристигнаа шпанскиот крал Хуан Карлос, претседателот на Бразил Луис Инасио Лула Да Силва, премиерот Јукио Хатојама и првата дама на САД Мишел Обама, додека Барак треба...

Continue reading

Денеска ќе се изврши жрепка за Дејвис купот за 2010 година

Post Views: 3 Во Женева денеска околу пладне ќе се одржи жрепката за Дејвис купот за 2010 година. По трите сезони настап во Првата евроафриканска зона, македонската тениска репрезентација следната година ќе игра во третиот ранг по квалитет во ова натпреварување, односно Втората евроафриканска зона. Македонија на жрепката ќе биде во улога на носител заедно со уште седум селекции, а евентуалниот ривал ќе се бара во селекциите на: Босна и Херцеговина, Данска, Естонија, Унгарија, Норвешка, Португалија, Унгарија и Турција. Терминот за одигрување на првата средба е од 5 – 7 март 2010 година. {loadposition...

Continue reading

Македонија против Израел денеска на ЕП во кошарка

Post Views: 7 Во вториот натпревар на Европското првенство во Полска, македонската кошаркарска репрезентација денеска во 16:30 часот ќе игра со Израел. – Мораме да го заборавиме вчерашниот пораз од Грција и да се обидеме да останеме пред се психички силни. Шансата за победа со Израел постои. Поквалитетни сме индивидуално, а мислам дека неможе двапати по ред да не не сака шутот, изјави за МИА македонскиот крилен центар Перо Антиќ.Нашиот денешен противник исто како Македонија синоќа стартуваше со пораз. Израелците во првото коло загубија од Хрватска со 86:79. Во вториот натпревар...

Continue reading

Andy Murray

Мареј од денес втор на АТП листата

Post Views: 2 Енди Мареј на Мастерсот во Монтреал не задоволи само со фактот дека со пласманот во финалето си осигура пробив на второто место на ранг листата на Асоцијацијата на тениски професионалци. Британецот во мечот за трофејот “Роџерс куп” го совлада Аргентинецот Хуан Мартин дел Потро со 2-1, по сетови 6:7(4:7), 7:6(7:3), 6:1, па така на најдобар начин прослави што од денес на АТП листата пред него ќе биде само Рожер Федерер. {loadposition content9}

Continue reading

logo

Денес се бира селектор на А-тимот

Post Views: 10 Управниот одбор(УО) на Фудбалската федерација на Македонија(ФФМ) денеска ќе ја одржи 33. седница, на која треба да биде донесена одлука за именување на селектор на фудбалската репрезентација. Претседателот на ФФМ, Харалампие Хаџи-Ристески во четвртокот оствари средби со потенцијалните кандидати за селектор на А-националниот тим. Прв на листата беше Турчинот Зија Доган, кој имаше најдолги разговори со Хаџи-Ристески, а подоцна во канцеларијата на генералниот секретар беа и преостанатите македонски кандидати – селекторот на младата селекција, Мирсад Јонуз, довчерашниот...

Continue reading

logo

Дербито се игра на „Олд Трафорд“

Post Views: 4 Најинтересниот натпревар викендот на терените ширум Европа ќе се одигра денес  во Премиер лигата. Во рамките на 29.коло на „Олд Трафорд“ Манчестер Јунајтед го пречекува Ливерпул. Седум бода предност имаат „црвените ѓаволи“ во однос на Челзи и на утрешниот ривал, кој со победа повторно може да ја врати неизвесноста за титулата во англиското првенство. И двата тима имаа успешни евро настапи со што ја потврдија добрата форма. Во другите натпревари од ова коло играат: Болтон – Фулам, Арсенал – Блекбурн, Евертон – Стоук, Сандреленд – Виган, Мидлсброу...

Continue reading

rakometari

Македонските ракометари денес против Германија

Post Views: 2 Дали шансата треба да се бара во последниот дуел со Русија? „Се спремаме прво за Германија па потоа и за Русија. Сепак мислам дека повеќе шанси имаме да ја победиме Германија, отколку Русија“, изјави македонскиот селектор, Темелковски. По она што му го оставија на овој мундијал по натпреварот со Полјаците, Македонските ракометари со право можат да целат кон нов прогрес.Зошто да не го искористиме овој момент за инспирација на позитивни ракометни вибрации. Досега ги чувствуваат традиционално селекциите од „Стариот“ континент.Французите се веќе сигурни за главната рунда,...

Continue reading

Mathew Nimitz

Нимиц денеска на разговори во Скопје

Post Views: 0 Специјалниот претставник на Обединетите Нации за спорот за името, Метју Нимиц денеска попладне пристигнува во Скопје на разговори со македонскиот државен врв. Нимиц во Скопје ќе престојува два дена при што ќе има одвоени средби со претседателот Ѓорѓе Иванов, премиерот Никола Груевски и министерот за надворешни работи Антонио Милошоски. Засега нема информации дали медијаторот при посетата на Скопје и Атина носи и нови предлог решенија за спорот за името. Вчера македонскиот државен врв одржа координативен состанок во претседателска вила. Милошоски изјави дека на состанокот...

Continue reading

Sv.Naum

Денеска е Свети Наум Охридски –Чудотворец

Post Views: 6 Православните христијани денес го одбележуваат еден од најголемите црковни празници, Свети Наум Охридски-Чудотворец. Свети Наум заедно со Свети Климент Охридски се ученици на славните светители Кирил и Методиј. По завршувањето на Моравската мисија тие го продолжиле ширењето на словенската писменост и култура во областа Кутмичевица на брегот од Охридското Езеро. Св. Наум најголемиот дел од својот живот го поминал во манастирот на јужниот дел од Охридското Езеро кој сам го изградил.Таму ја развивал својата просветителска дејност. Освен по книжевната работа меѓу народот...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top