Ознака: den

znak

Одбележување на Светскиот ден на лицата со хендикеп

Post Views: 2 Националниот Совет на инвалидските организации на Македонија денеска, во Домот на хуманитарните организации „Даре Џамбаз”,  ќе го одбележи Светскиот ден на лицата со хендикеп, 3 Декември. Во рамки на прославата, Советот ќе му додели Златна плакета на премиерот Никола Груевски, за неговото лично ангажирање за помош, поддршка и дефинирање на социјалниот статус на лицата со инвалидност. На  ДХО „Даре Џамбаз”, пак, ќе му биде врачена благодарница и статуа „Мајка Тереза”. Со пригодна програма ќе настапат ученици од посебните училишта во Скопје „Димитар Влахов”, „Партенија...

Continue reading

crvena pandelka

Македонија го одбележува Светскиот ден за борба против СИДА

Post Views: 3 Во Македонија денеска со низа манифестации ќе биде одбележан Светскиот ден за борба против СИДА- та. На плоштадот Македонија во Скопје од 14 до 16 часот ќе се одржи едукативна игра на црвената панделка, потоа бесплатни гушкања со главна порака „ХИВ не се пренесува преку прегратка“. Во Македонија од 1987 година до денеска се регистрирани вкупно 111 ХИВ-инфицирани случаи, од кои 60 завршиле фатално. Во 2008 година се регистрирани осум нови случаи. Меѓу заболените доминира младата сексуално активна популација од 23 до 40-годишна возраст, пред се машкиот пол. Во најголем...

Continue reading

ucilnica

Втор ден на штрајкот на просветарите

Post Views: 3 Штрајкот на вработените во образованието и културата продолжува денеска, и покрај притисоците за кои во понеделникот информираше Синдикатот за образование, наука и култура (СОНК). Според СОНК. во првиот ден од штрајкот учествувале од 95 до 97 отсто од засегнатите институции, а врз некои училишта е вршен силен притисок од директори, но и од повисоко ниво. Најголем дел од училиштата кои не учествувале во штрајкот се од општините Ѓорче Петров, Карпош, нешто помал дел од училиштата во општина Гази Баба и по некое училиште во неколку други општини. Според претседателот на...

Continue reading

Den na drvoto

Ден на дрвото

Post Views: 3 Шест милиони садници, на над 100 локации ќе бидат засадени денеска ширум земјата, во рамки на акцијата Ден на дрвото. Денешниот ден за сите вработени во министерствата, судовите, јавните претпријатија и сите други буџетски установи ќе биде неработен, а ќе се одработува во сабота. Нема да работат ниту училиштата, дел од градинките, додека во болниците ќе има дежурства. Акцијата „Ден на дрвото“ се одржува втора година и има за цел да се зголеми шумскиот потенцијал во Македонија, што секоја година е десеткуван поради шумските пожари. Иницијатор на акцијата е познатиот оперски...

Continue reading

makedonsko zname

Македонија го одбележува Денот на револуционерна борба

Post Views: 26 Република Македонија денеска го одбележува 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба. По тој повод на пладне, во Свечената сала на Собранието на Република Македонија ќе биде доделена дражавната награда „23 Октомври“ за долгогодишни остварувања во областа на науката, културата, образованието, заштитата на државните интереси и промоција на државните приоритети, вредности и културно-историско наследство на Република Македонија. Наградата за остварување во областа на науката ќе им биде врачена на д-р Марко Китевски-фолклорист и д-р Зоран Тодоровски...

Continue reading

Vlada RM

Проект на владата на Р.М. „Ден на идеи“

Post Views: 2 Владата на Република Македонија во рамки на своите заложби за активна партиципација на граѓаните во процесот на креирање политики и подобро функционирање на општеството и државните институции, денеска продолжува со реализација на проектот „Ден на идеи“. Целта на проектот е да се охрабрат граѓаните на Македонија преку изнесување на корисни идеи, предлози, проекти и мерки од сите сфери на општественото живеење, директно да учествуваат во спроведувањето и реализацијата на владините политики, придонесувајќи на тој начин во подобрувањето на состојбите во сите сегменти на...

Continue reading

den zemja

Мајката Земја е под притисок

Post Views: 2 На официјалната Интернет страница на Денот на планетата наведено е дека светот денеска е во поголема опасност отколку некогаш, кога е во прашање сочувување на животната средина, а дека денешното одбележување е прилика на поединци, корпорации и владите да се здружат за подобрување на состојба во таа област. Денот на планетата Земја, Обединетите нации го прогласија пред 40 години за ден посветен на борба против загрозувањето на животната средина, а тогаш повеќе од 200.000 луѓе во светот учествуваа во масовни протести за заштита на животната средина. Во многу земји во светот,...

Continue reading

eu

Во ЕУ – Ден на жалост

Post Views: 6 Европската унија го прогласи понеделник 12 април за ден на жалост поради несреќата во која загина полскиот претседател Лех Качински и уште 96 лица, соопштено е во Мадрид. Шпанија, како претседавач на ЕУ, соопшти дека во седиштето на сите институции знамињата ќе бидат спуштени на пола копје и дека сите состаноци предвидени за понеделник ќе почнуваат со минута молчење. Одлуката за Ден на жалост во Брисел донесена е на состанокот на шпанскиот министер за надворешни работи Мигел Анхел Моратинос и претседателот на Советот на ЕУ Херман ван Ромпеј. Во Полска прогласена е седмодневна...

Continue reading

voda

Денеска е Светски ден на водите

Post Views: 5 Светскиот ден на водите денеска ќе биде одбележан ширум светот со различни манифестации, а овогодишната тема е „Чиста вода за поздрав свет“ (Clean water for a healthy world) за да се привлече вниманието на значењето на нејзиниот квалитет и количеството. Целта на овогодишното одбележување е да се подигне свеста за одржување здрав екосистем со зголемен квалитет на водата за да се одговори на предизвиците во водостопанството, се вели на сајтот на Светскиот ден на водите. Наведено е дека е важно за владите, организациите, заедниците и поединци во светот активно да се вклучат...

Continue reading

holokaust

Меѓународниот ден на сеќавање на жртвите од холокаустот

Post Views: 9 Полска и Израел, а со нив и целиот свет денеска во Аушвиц ќе го одбележат Меѓународниот ден на сеќавање на жртвите од холокаустот. На денешен ден, 27. јануари, во 1945. година војниците на Црвената армија ги ослободија последните 7.650 преживеани логораши.Традиционалната порака до светот од Аушвиц дека холокаустот не смее никогаш да се заборави за да не се повтори, ќе ја упатат од пред споменикот на жртвите на холокаустот претседателот на Полска Лех Качињски, премиерот на Израел Бенјамин Нетанјаху и рускиот министер за образование и наука Андреј Фурсенко, како специјален...

Continue reading

logo

Светски ден за борба против СИДА-та

Post Views: 3 Традиционалното одбележување на Светскиот ден за борба против сидата ќе се одржи во вторник насекаде во светот во организација на Обединетите нации За таа цел предвидено е во вторник во Македонија да се одржат повеќе манифестации, вклучително и музичкиот фестивал Таксират. Заклучоците и препораките за ХИВ/СИДА во македонското законодавство од аспект на човековите права ќе бидат претставени на тркалезна маса, која ќе биде раководена од експерти по човекови права. Министерот за здравство Бујар Османи и Постојаниот координатор на Обединетите нации Карлос Малдонадо на прес...

Continue reading

logo

Се одбележува Меѓународниот ден на мирот 

Post Views: 0 Меѓународниот ден на мирот на Обединетите нации денеска ќе биде одбележан со најголема прослава досега, која ширум светот ќе биде во исто време емтиувана на Интернет, радио и телевизија. Во директниот пренос на прославата на Интернет, која ќе трае 24 часа, ќе биде емитувана пораката на генералниот секретар на ОН Бан Ки-мун по повод овој празник, како и интервјуа со сегашни и поранешни високи претставници на ОН. Во прославата ќе учествуваат и познатите амбасадори на мирот на ОН како што се холивудските актери Џорџ Клуни, Анџелина Џоли, Џад Ло, Мајкл Даглас, пејачката...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top