Ознака: 1

Rim

Представен планот за патеката во Формула 1 во Рим

Post Views: 6 Римскиот индустријалец, Маурицијо Фламини, на водечките лу`е во Ф1 им го представи планот за трката во Рим во 2011 година. Фламини кој е еден од инвеститорите во Супер бајк шампионатот, на почетокот на овој месец, својот план му го претстави на првиот човек на Ф1 Берни Еклстоун, план кој наводно му се допаднал на Берни. Трката би се возела низ градот во делот изграден од страна на Бенито Мусолини во 1930 година. Фламини еднаш се обидел да ја донесе Ф1 во Рим во 1984 година, но планот пропаднал. Големата награда на Италија се вози секој септември во Монца. Инаку во оваа...

Continue reading

цвекја

„Цветни балкони – Цветен Охрид“

Post Views: 6 Во текот на неделата на животната средина, предвидено е повторно да се реализира проектот, “Цветни балкони – Цветен Охрид“, во чии рамки ќе бидат поделени 300 жардиниери со саксиско цвеќе на жителите кои живеат на следните улици: „Момчило Јорданоски“, „Марко Цепенков“ од пресекот кај Стобекс до кружниот тек кај болницата, ул. „Вангел Николоски“, ул. „Дебарца“, ул. „Александар Гушо“, ул.„Трајче Дојчиноски“, ул „1-ви Мај“, ул. „1-ва Македонска ударна бригада“ од пресекот со ул. „ Питу Гули “ до Стобекс. Граѓаните од гореспоменатите улици кои се заинтересирани за  жардиниери...

Continue reading

Luis Hamilton

Хамилтон стана најмладиот светски првак во Формула 1

Post Views: 2 Британскиот пилот Луис Хамилтон стана најмлад и прв црномурест светски првак во Формула 1, откако синоќа на последната трка од сезоната го освои петтото место, што беше доволно за шампионскиот трон. Неговиот најголем конкурент Фелипе Маса, иако победи на вчерашната трка, во вкупниот пласман заврши на второто место, со еден бод помалку. Променливото време донесе невидена драма на трката за големата награда на Бразил, која се возеше на патеката Интерлагос во Сао Паоло. На Хамилтон за победа во конечен пласман му беше неопходно да заврши на петто место на вчерашната трка. Драмата...

Continue reading

Македонија – Холандија 1:2

Post Views: 11 Фудбалската селекција на Македонија во вториот натпревар во квалификациите за пласман на Светското првенство во Јужна Африка во 2010 година, вечерва на Градскиот стадион во Скопје, загуби од Холандија со 1:2. Головите за Холанѓаните ги постигнаа Џони Хејтинга на почетокот на второто полувреме во 46 минута и Ван дер Варт во 60 минута, а за Македонија Горан Пандев во 77 минута. Пандев претходно уште двапати го совлада холандскиот голман Стекеленбург во 36 и 67 минута, но головите беа поништени поради офсајт. Вечерашниот напревар беше трет македонско-холадски дуел. Претходните...

Continue reading

kesi

Од први мај стоп за најлонските кеси помали од 5 килограми

Post Views: 0 Најлонски кеси помали од 21 микрон и  5 килограми ќе се забранат за употребата од први мај.  Наредбата   ќе ја спроведува министерството за економија  преку државниот пазарен инспекторат, а е иницирана од министерството за животна средина и просторно планирање. „Законодавецот направил пропуст и  оставил на совеста на  продавачите дали ќе ги користи хартиените кеси“, вели  Ѓоко Бошалески началник на ПЕ на државниот пазарен инспекторат. Продавчот не е должен да користи хартиени кеси за транспорт туку само за  размер во кеси помали од 5 килограми ,но никако купената стока...

Continue reading

DUP

ДУП за 1 УЗ си доби комисија

Post Views: 9 Овој пат таа ќе биде дополнета со уште два члена. Се очекува да започне со работа по завршувањето на локалните избори. Во тек е комплетирањето на комисија која ќе ги разгледува поднесените предлози, забелешки и сугестии од граѓаните за нацрт Деталниот урбанистички план за 1 урбана заедница. Согласно Законот за просторно и урбанистичко планирање, досега во оваа комисија членуваа- по еден претставник од Секторот за урбанизам, од кај изработувачот на урбанистичкиот план и еден надворешен член. Поради специфичноста на нацрт Деталниот урбанистички план за 1 урбана заедница,...

Continue reading

Од понеделник продажба на алкохол само со лиценца

Post Views: 2 Алкохолни пијалоци од 1 септември ќе може да се продаваат само во продавниците кои имаат лиценца за тоа. Според законските прописи алкохолоните пијалоци ќе треба да бидат одвоени од другите производи и ќе може да се продаваат од 6 часот наутро до 19 часот навечер. Забранета ќе биде продажбата на алкохолните пијалоци, вклучувајќи го и виното и пивото во продавници во состав на бензиските пумпи, киосците и на зелените пазари. Барања за лиценци се поднесуваат во Министерството за економија од почетокот на неделава. Интересот, како што информираат од оваа институција, е...

Continue reading

  • 1
  • 2
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top