Хамилтон стана најмладиот светски првак во Формула 1

Британскиот пилот Луис Хамилтон стана најмлад и прв црномурест светски првак во Формула 1, откако синоќа на последната трка од сезоната го освои петтото место, што беше доволно за шампионскиот трон.

 |  Крсте Голабовски  | 
Luis Hamilton
Луис Хамилтон

Британскиот пилот Луис Хамилтон стана најмлад и прв црномурест светски првак во Формула 1, откако синоќа на последната трка од сезоната го освои петтото место, што беше доволно за шампионскиот трон.

Неговиот најголем конкурент Фелипе Маса, иако победи на вчерашната трка, во вкупниот пласман заврши на второто место, со еден бод помалку.

Luis HamiltonПроменливото време донесе невидена драма на трката за големата награда на Бразил, која се возеше на патеката Интерлагос во Сао Паоло. На Хамилтон за победа во конечен пласман му беше неопходно да заврши на петто место на вчерашната трка.

Драмата настана на неполни три круга пред крајот, кога Хамилтон беше претркан од Себастијан Фетел, со што падна на шестото место и во тие моменти се прости од титулата, но на стотина метри пред целта, Тимо Глок, кој беше на четврта позиција, ги пропушти соперниците, овозможувајќи му на Хамилтон славје.

Колку беше неизвесна трката говори фактот, што во Ферари веќе ја прославуваа титулата на Маса, уверени дека Хамилтон завршил на шесто место.

 

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top