Ознака: 000

pres

Реализација на капиталните проекти во Охрид

Post Views: 5 Капиталните проекти и нивна реализација, тема на денешната прес конференција на О.К на ВМРО-ДПМНЕ.  Претседателот на комисијата за урбанизам, Горан Патчев, се осврна на законите и измените на законите од оваа сфера, како новодонесениот Закон за Охрид, измените на Законот за градежно земјиште, Законот за третман на бесправно изградените објекти итн. Патчев, посебен акцент стави на остварените инвестиции на владата на ВМРО-ДПМНЕ во Охрид и околината, во последните две години. •           Изградба на Булеварот Железничка                                              2.4...

Continue reading

kino

Ќе се реконструира некогаш омилената кино бавча

Post Views: 8 Запуштениот простор каде што се наоѓаше некогаш за охриѓани омилената  кино бавча ќе се обновува. За таа намена ресорното министерство веќе одобри 200.000 денари, пари кои за овој проект ги побарал Центарот за култура. На почеток ќе се инвестира во средување на просторот на кој се планира да се постават 200 монтажни седишта и бина истакнува директорот на Ценатрот, Драгана Боцевска. „Целта ние да го осовремениме и адаптираме просторот на летната кино бавча кој во моментов е запуштен. Просторот ќе има повеќе наменски активности почнувајќи од фолклорните ансамбли, камерни...

Continue reading

Premier

Затворени кладилници-необновени лиценци!

Post Views: 2 Како до лиценца за работа? Голем број кладилници не нашле одговор на ова прашање. Измените на законот за игри на среќа ги оскапе лиценците. Добивањето на истите станува уште потешко. Многу кладилници, времено затворени. Нема лиценца-нема работење! Голем дел од кладилниците во градов останаа затворени. Причина, необновена лиценца. Ако случајно поминете покрај некоја од затворените обложувалници, ќе го видите натписот кој вели дека објектот е привремено затворен поради необновена лиценца. Со последните измени на Законот за игри на среќа, за 5 % поскапеа токму лиценците....

Continue reading

Ohridski horski festival

Охридскиот хорски фестивал со се поголемо реноме

Post Views: 0 „Финансирањето на манифестацијата е голем проблем како и финансирањето на голем број манифестации. Апелираме за што поголем број спонзори и подржувачи. Минатава година имавме големи проблеми во финансирањето бидејќи средствата предвидени од Министерството за култура и градот Охрид не се реализираа во целост. Од Министерството за култура воопшто и не пристигнаа договорените средства, а од Охрид добивме само половина од предвидените“-рече Александар Димоски-Диригент на Охридскиот хор Од локалната самоуправа не информираа дека и оваа година имаат предвидено средства за...

Continue reading

Aerodrom Ohrid

Охрид наскоро ќе добие модерен аеродром

Post Views: 0 Кога во 2008 година, македонската влада и ја додели концесијата на  турската компанија ТАВ  во наредните 20 години да стопанисува со охридскиот и скопскиот аеродром, концесионерот се обврза дека на охридскиот  „Св. Апостол Павле“  ќе изврши реконструирање на постоечкиот паркинг, реновирање на објектите во карго центарот, како и изградба на ВИП објект.На аеродромот во Охрид веќе е изграден новиот паркинг-простор од 6.000 квадратни метри. Во тек е и изградбата на нов карго хангар со површина од 1.000 метри квадратни како и ВИП-салон од 2.000 квадратни метри. Од менаџментот...

Continue reading

Мувла напаѓа во охридската библиотека

Post Views: 4 Книгите за позајмување од националната установа библиотеката Григор Прличев се повеќе заудираат на мувла. Влагата и мувлата сериозно го напаѓаат книжниот фонд, не само на постарите туку и на поновите изданија. Со ваквата сериозна состојба се согласуваат и од библиотеката. „Увидовме дека фондот се оштетува од влагата. На то аукажуваат и вработените и корисниците. Влага попримаат и новите изданија со што стануваат опасни за сите“, нагласува директорот на библиотеката ,Тоде Илиески. Библиотеката веќе 5 години користи привремен простор од 250 метри квадратни без соодвтени...

Continue reading

na ginekolog

Недела за борба против ракот на грлото на матката

Post Views: 17 Во Македонија повеќе од 200 жени секоја година заболуваат од рак на грлото на матката, а приближно половина од нив умираат. На светско ниво годишно се регистрирани околу 500 000 нови случаи од кои дури 300 000 завршуваат трагично. Инфекцијата со високоризичните типови на Human Papiloma вирусот е главен фактор во настанувањето на ракот на грлото на матката. ХПВ инфекцијата најчесто се пренесува преку сексуален однос, но и преку неполов пат (од мајка на дете, од облека, хируршки ракавици).Еден од начините за превенција е примањето на ХПВ вакцината. Оваа вакцина не содржи...

Continue reading

zdruzenie na penzioneri

Успешна година за охридските пензионери

Post Views: 4 Реализиран голем дел од зацртаните проекти од здружението на пензионери.За првпат оваа година преземени се соодветни чекори за донесување на стратегија за старите лица. Оваа стратегија е донесена од страна на Министерството за труд и социјална политика и се однесува на периодот 2010-2019г. Вметнати се сите проблеми со кои се соочува оваа популација. Исто така, донесен е и законот за формирање на здружение, како и проект за изградба на дом за стари лица и пензионери, кој е поткрепен со решение од Советот на локалната самоуправа. Пензионерите се задоволни што пензиите...

Continue reading

mashina

Брза изработка на мебел и во Охрид

Post Views: 15 „Мак мебел –Ѓоле“ од Охрид, започнува со ИКЕА порграмата за изработка на мебел, во што ќе му помогне најновата VEKE машина, парче технолигија вредно околу 50 000 евра. Програма за изработка на мебел слична на ИКЕА програмата и во Охрид. „Мак-Мебел – Ѓоле“ од Охрид, со цел да ја збогати својата производна програма, како своја активност ќе го вклучи и овој начин на производство на мебел. Станува збор за начин на производство на мебел, каде крајниот производ купугвачот ќе може да си го состави својот дом, користејќи упатство. Со ЦНЦ компјутерски раководената машина, сите...

Continue reading

zgradi

Охрид исполнува услови да се справи со државното земјиште

Post Views: 2 Општина Охрид ги исполнува условите за процесот на отуѓување и давање под закуп на градежно земјиште. Владата на Р. Македонија го има разгледано нацрт Законот и веќе е стигнат до Парламент. Градоначалникот на Охрид Александар Петрески како член на Управниот одбор на ЗЕЛС заедно со останатите градоначалници од земјава имаат околу 20 забелешки. Петрески верува дека Владата ќе ги прифати забелешките, како заеднички став на сите градоначалници. Тој изјави оти добар дел од општините ги исполнуваат условите за отуѓување на земјиштето, а посебно ја посочи општина Охрид која...

Continue reading

sobi

Остварени помал број ноќевања и на странци и на домашни гости

Post Views: 1 Статистичките податоци од општинскиот комунален инспекторат и официјално го потврдија годинешното потфрлување на туристичката сезона Лето 2010. Оствaрените 290.000 ноќевања во оваа сезона покажуваат намалувања на реализираните ноќевања на постеителите и во хотелите и во приватното сместување. Споредбата на податоците од  изминатите две години покажува тенденција  на опаѓање на туристичката посетеност на Охрид . Загрижува фактото што во последните три години податоците покажуваат дека Охрид ги губи туристите. Така, во 2008  година посетителите во Охрид  реалирале 373.000...

Continue reading

evra

20 000 евра останаа во општинската каса

Post Views: 6 Поништен тендерот за набавка на ДВД презентација за Охрид. ТВМ за овој тендер информираше пред еден месец кога беше завршена постапката за прибирање  на понудите. Во врска со овој случај до нашата редакција стигна и интригантен допис од страна на наш граѓанин кој се осмели јавно да обелодени дека е отворена тендерска постапка под сомнителни околности и со нејасна техничка спецификација, со кој се врши обид за рекет на Локалната. ТВМ трагајќи по вистината дозна дека раководителот на Секторот за локален економски развој, Гоце Симоновски воопшто не беше информиран за распишувањето...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top