Ознака: јуни

isplata steti zemjotres Debrca

Започна исплатата на штетите од земјотресот во Дебрца

Post Views: 3 Семејствата од Дебрца чии имоти беа оштетени  во земјотресот кој се случи во месец јуни минатата година, конечно ќе добијат надомест за претрпената штата. По неколкуте увиди на епицентралното подрачје кои ги направи вице премирот Зоран Ставрески и министерката за внатрешни работи Гордана Јанкуловска, како и комисијата за проценка на штата при локалната самоуправа, до владата беа испратени 453 барања за финансиска помош. Од нив 6 биле одбиени, поради нецелосна документација. Дознавеме дека комисијата за проценка на штети по увидот констатира оштетување на имотите на луѓето...

Continue reading

epruvetti

Идеално време за стомачни вируси

Post Views: 6   Летото е на заминување, но стомачните вируси карактеристични за ова годишно време токму сега го достигнуваат пикот . Статистиката покажува дека тие се најзастапени токму  во месец Август. Најчестите симптоми на ова заболување се грчеви во стомакот, 5 до 6 водени столици во текот на денот, гадење, нагон за повраќање, а многу често овие вируси знаат да бидат пропратени и со висока температура. Од Центарот за јавно здравје велат дека од почетокот на јуни па до денес има 40 пријави за заболени од стомачен вирус. Но ова не е реалната бројка, велат од таму. Објаснуваат дека...

Continue reading

sms poraki

Поефтинува мобилната телефонија

Post Views: 1 Поефтинува мобилната телефонија. Тоа се очекува од први јуни според најавите на првиот човек на Агенцијата за електронски комуникации Роберт Ордановски. Цените веќе се намалени во фиксната телефонија, додека пак кај СМС пораките сеуште нема корекција бидејќи ќе се чека на регулативата на ЕУ. „За СМС воведовме пазар на СМС, но тој пазар се уште не е прифатен во Европската унија, каде што ние учествуваме. Покрај нас само уште две-три земји го имаат дефинирано овој пазар како релевантен. Ние чекаме да тој пазар да се прифати како релевантен и го усвои Европската комисија...

Continue reading

perivlepta

Највредниот живопис во Македонија

Post Views: 7 Црквата Света Богородица Перивлепта ќе си го врати својот некогашен сјај. Од први јуни ќе се започне со конзервација на архитектурата и на нејзиниот фрескоживопис, а ќе се интервенира и на камбанаријата и на конакот. Инаку оваа црква е вредна и единствена по многу нешта. Тања Паскали Бунташеска, директорката на Завод и музеј вели дека живописот во Перивлепта можеби е еден од највредните во Македонија и пошироко и што поскоро треба да се конзервира бидејќи има големи оштетувања поради влагата која се јавила во црквата. Фрескоживописот не е третиран од 80-тите години на...

Continue reading

колектор Пештани

Јапонците заинтересирани за Охридскиот колектор

Post Views: 5 Јапонската агенција за меѓународна соработка заинтересирана да и помогне на Македонија. Веќе неколку месеци претставници од оваа агенција го скенираат регионов и собираат информации за можноста за изградба на современа депонија, но и реконструкција и довршување на колекторскиот систем на Охридското езеро.  Се остварија повеќе средби со сите надлежни структури на локално и државно ниво кои се поврзани со работата на колекторскиот систем. Преставникот на Билатеријалниот секретаријат за заштита на Охридското езеро, Дејан Паноски е категоричен дека Јапонската влада ќе ги...

Continue reading

Ohridski naroden teatar

Започнува новата сезона на „Охридскиот народен театар“

Post Views: 12 До месец јули остануваат уште две претстави и тоа претставата „Итар Пејо“ на Братислав Димитров, убав мјузикл за деца и млади, кој охриѓани треба да го видат кон крајот на мај и третата претстава која се подготвува „Малограѓанска свадба“ на Бертхолд Брехт, а во реЖија на Дејан Пројкоски. Стојаноски се надева дека подготовките за оваа претстава ќе започнат во месец јуни, а кон крајот на јули, истата ќе биде во склоп на фестивалот „Охридско  лето“. За периодот од септември до крајот на годината во план се премиери на уште две театарски претстави, објаснува тој. Бидејќи...

Continue reading

slika

Раѓање на совршенството-ироничен приказ на злоупотребата на дроги

Post Views: 8 „Раѓање на совршенството“ е првата самостојна изложба на 15 годишната Мила Коцарева. Насловот на изложбата полн со иронија, упатува на неверојатниот сензибилитет на младата уметничка која за своите години успеала да создаде кристално јасна слика за најголемата опасност во која се наоѓаат младите-злоупотребата на дрогите. Нејзините апстрактни пастелни изрази во себе носат силна порака до младите, но и до сите луѓе воопшто. „Бев вознемирена од фактите што голем, масивен е бројот на млади лица кои што употребуваат дрога. Податоците од СВР  велат дека најмалиот зависник...

Continue reading

Green beach festival -plakat

Во продажба влезниците за Green Beach Festival

Post Views: 3 Во понеделник, 27ми јуни стартува продажбата на промо влезниците за второто издание на Green Beach Feastival, кој ќе се одржи на 29 јули, на плажата Парк во Охрид. Green Beach Festival, во организација на Octopussy Entertainment и Password Production, после минатогодишното прво издание, на кое пред десет илјадната публика настапи диџеј маестрото Paul van Dyk, и оваа година продолжува како број 1 летен настан со единствената атмосфера, одлична забава и збогатена музичка програма. Потврдените хедлајнери кои годинава ќе ја забавуваат клубската публика се денс великаните...

Continue reading

Ohridsko ezero

21 јуни – Ден на Охридското Езеро

Post Views: 31 Tрадицијата на одбележување на 21. јуни како Денот на Охридското Езеро беше воспоставена во 2001 година. Оваа традиционална манифестација 11 години наизменично се организира во трите општини Охрид, Поградец и Струга.Оваа година Денот на Охридското Езеро ќе се одбележи во Поградец со свеченост на која ќе присуствува делегација на општина Охрид. Инаку, 21 јуни, Денот на Охридското Езеро беше замислен како можност за обединување на граѓаните и општините од двете земји заеднички да прославуваат но и да расправаат за теми од заеднички интерес, меѓу кои најважната е заштитата...

Continue reading

krvodaritelstvo

Светски ден на крводарителството

Post Views: 11 Симболична крводарителска акција за одбележување на 14 Јуни, Светскиот ден на крводарителството. Меѓу хуманите крводарители имаше и нови сили, но и вистински рекордери и ветерани кои несебично давале крв низ годините. Денес е посебен ден за крводарителите и за Црвениот крст од Охрид, но нашите активности не запираат во текот на целата година-вели претседателот на Охридскиот Црвен крст-Сашо Точков. 14 Јуни минува во знакот на црвената боја, во знакот на организациите на Црвениот крст, но пред се, во знакот на сите хумани луѓе кои несебично даруваат крв. Денес е Светскиот...

Continue reading

cveke

„Цветни балкони – Цветен Охрид“

Post Views: 0 Општина Охрид во рамките на одбележувањето на 5-ти Јуни- Светскиот ден на животната средина, втората недела од месец јуни ја прогласи за „Недела на  животната средина“ во која ќе бидат опфатени повеќе активности. И годинава ќе се реализира проектот „Цветни балкони – Цветен Охрид “. Во рамките на овој проект ќе бидат поделени 500 жардиниери со саксиско цвеќе на жителите кои живеат на следните улици: „Даме Груев“ од пресекот со „Туристичка“ до „Питу Гули“, „Јане Сандански“ од пресекот со „Туристичка“ (Маркет Макси Д) до „Сирма Војвода“ (кружен тек кај болницата),...

Continue reading

Sasho Alce

ЈП „Охридски Комуналец“, се спрема за влез во Европа

Post Views: 4 Директорот на ЈП „Охридски Комуналец“, Сашо Алче, од 7 ми јуни 2011, во работна посета на Плок, Полска. Тој ќе присуствува на интернационалната конференција на која ќе се дискутира на тема „Оддржливо управување со цврст отпад“. Целта на посетата е признанието кое деновиве го доби ЈП и Локалната самоуправа, во делот на управување со отпад. Создавање модерно претпријатие со подобрување на квалитетот на комуналните услуги е еден од главните мотиви поради кој директорот Алче се избори да влезе меѓу 25 општини од 100 апликанти, од земјите на Централана и Источна Европа. „Во...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top