Ознака: штрајк

ucilnica

Продолжува штрајкот на СОНК

Post Views: 0 Штрајкот на просветните работници продолжува и денеска, беше одлучено на синоќешната вонредна седница на Синдикатот за образование, наука и култура(СОНК). Лидерот на СОНК, Дојчин Цветановски синоќа изјави дека вонредната седница е свикана поради силните притисоци што штрајкувачите ги чувствуваат од Владата. На седницата присуствуваа и вицепремиерот Зоран Ставревски, министерот за култура Елизабета Канческа-Милевска, како и министерот за образование Перо Стојановски. Вицепремиерот Ставревски рече дека Владата сега не може да обезбеди дополнителни средства за зголемување...

Continue reading

ucilnica

Втор ден на штрајкот на просветарите

Post Views: 3 Штрајкот на вработените во образованието и културата продолжува денеска, и покрај притисоците за кои во понеделникот информираше Синдикатот за образование, наука и култура (СОНК). Според СОНК. во првиот ден од штрајкот учествувале од 95 до 97 отсто од засегнатите институции, а врз некои училишта е вршен силен притисок од директори, но и од повисоко ниво. Најголем дел од училиштата кои не учествувале во штрајкот се од општините Ѓорче Петров, Карпош, нешто помал дел од училиштата во општина Гази Баба и по некое училиште во неколку други општини. Според претседателот на...

Continue reading

SONK

СОНК: Штрајкот во образованието почна, со исклучок на неколку места

Post Views: 7 Вработените во градинките, основното, средното и високото образование, науката и културата денеска стапија во генерален штрајк. Наставниците во градинките и училиштата се на своите работни места и ги прифаќаат децата и учениците, но не извршуваат образовно-воспитна функција. „Штрајкот секаде почна. Има пет-шест исклучоци каде што штрајкот не е почнат, поради притисоци од директори или од градоначалници, изјави Дојчин Цветановски“, претседател на Синдикатот за образование, наука и култура-СОНК, организаторот на штрајкот. Тој додаде дека се уште ги собираат податоците...

Continue reading

strajk

Штрајк на вработените од „Луфтханза“

Post Views: 3 Вработените во „Луфтханза“ рано утрово започнале штрајк како предупредување поради што се откажани околу 1.700 летови. Патниците биле навреме предупредени, па на аеродромот во Франкфурт нема голем метеж. „Терминалот е празен, бидејќи најголемиот број на патници беа предупредени за штрајкот“, пренесуваат медиумите, кои пишуваат дека од овој штрајк се посебно погодени патниците кои планирале да летаат во Европа. „Луфтханза“ ги советувала патниците да се информираат преку Интернет и телефон околу статусот на нивните летови, а за сообраќај низ Германија, како алтернатива...

Continue reading

SSM

Синдикатот на генерален штрајк

Post Views: 5 Сојузот на синдикати на Македонија за денеска најави масовни протести во Скопје против законските измени, за кои обвинуваат дека драстично ги намалуваат правата на работниците. Протестите треба да започнат во 19 часот во центарот на Скопје. ССМ пред една недела одржа предупредувачки протести во неколку македонски градови. Барањата на Синдикатот се укинување на последните измени и дополнувања на Законот за работни односи – работниот стаж покрај возраста да биде услов за пензионирање, законско утврдување на минималната плата, како и донесување закон со кој материјално...

Continue reading

Irom Sarmila

12 години штрајк со глад

Post Views: 4 Четириесет годишната Иром Шармила од Индија, цели 12 години штрајкува со глад, по што била обвинета дека сака да изврши самоубиство. Таа била префрлена од Манипур во Њу Делхи каде требало судијата да и го прочита обвинението. Таканаречената „челична дама“ го негира целиот случај. “Не сакам да извршам самоубиство. Јас се изразувам преку ненасилен протест. Тоа е моето барање – да живеам како човечко суштество. Го сакам животот и не сакам себе си да си го одземам тоа, туку барам правда и мир”, изјавила таа во своето обраќање пред судијата.Активистката,...

Continue reading

logo

И новинарите на BBC стапуваат во штрајк

Post Views: 3 Новинарите на британската медиумска куќа “Би-Би-Си“ најавиле дека во понеделник на 18-ти февруари ќе стапат во штрајк поради најавеното отпуштање на работници. Националната унија на новинари  потврдила дека штрајкот ќе биде одржан ширум Велика Британија, доколку  Би-Би-Си  не се согласи да го оконча принудното отпуштање на работници.Оваа организација најавила дека на крајот на неделата во знак на протест поттикнале мерка забавување на работата. {loadposition content9}

Continue reading

Sevilja

Сето ѓубре на Севиља

Post Views: 7 Севиља, архитектонскиот бисер на Шпанија, е преплавена со 5.000 тони смет кој на улиците се натрупува од минатата недела поради штрајк на вработените во комуналните служби кои се противат на намалување на платите. Големиот број пластични кеси со смет достигнале висина од два метри, а големи сандаци и картонски кутии преполни со различен смет се насекаде низ улиците на главниот град на Андалузија со 700.000 жители, во јужниот дел на Шпанија, а на некои места дури и е нарушен сообраќајот. Тој штрајк, еден од многуте кои ги илустрираат финансиските потешкотии на градовите...

Continue reading

Луфтханза приземјена поради штрајк на пилотите

Post Views: 7 Синдикатот на пилотите ги повика пилотите да штрајкуваат и во текот на утрешниот ден, а повикот дојде непосредно по рочиштето на судот во Хесен, кој го отфрли барањето на Луфтхaнза за забрана на денешниот штрајк. Штрајкот на пилотите официјално почна непосредно по полноќ. Според Луфтханза, откажани се 876 летови, од кои 51 се интерконтинентални. Авиокомпанијата вчера напладне објави вонреден план на летање и се обиде на патниците да им понуди алтернатива за летање колку што е тоа можно. Меѓутоа, вонредниот план важи само за денеска. Патниците чиј лет е погоден од штрајкот...

Continue reading

granicen premin

Продолжува штрајкот на грчките цариници

Post Views: 5 Грчките цариници и даночни работници кои во четврток започнаа 48 часовен штрајк на граничните премини се закануваат дека ќе ги радикализираат протестите. Поради штрајкот блокирани се граничните премини кон Македонија, а нов протест во траење од 24 часа е најавен и за 10 и 17 февруари. Цариниците и даночните работници протестираат поради намалување на платите и скратувањето на работните места. Од македонскиот АМСМ им препорачаа на возачите да не патуваат во соседната земја во време на штрајкот. Претходно граничните премини од грчка страна ги блокираа и земјоделците. Оваа...

Continue reading

Штрајк на пилотите низ Европа

Post Views: 1 Пилотите на француската авио-компанија Air France започнаа вчера четиридневен штрајк кој би можел да ги поремети илјадниците планови на фудбалските навивачи кои сакаат да стигнат на своите одредишта за да ги гледаат натпреварите на Европското првенство, јавува BBC. Околу 20.000 патници се блокирани вчера од вториот ден на штрајк на шведските пилоти на скандинавската компанија SAS поради кој се откажани 159 летови, објави компанијата. “Направивме сѐ што беше во наша моќ да го спречиме штрајкот, но за жал не бевме во можност да постигнеме договор”, изјавила портпаролката...

Continue reading

Штрајк на вработените во Водовод, Струга

Post Views: 1 Шест месеци без здравствени картони и без плата не се живее, реагираат вработени на Р.Е. „Водовод“ Струга. Тие денес својот револт и јавно го изразија преку протест барајќи од одговрните излез од кризата која веќе подолг временски период владеела во ова ЈП. Како што изјави Блерим Ала денес оствариле разговор со дел од менаџерскиот тим на струшкото ЈП и побарале веднаш да им бидат исплатени 3 плати како и здравствено осигурување за да можат да се лекуваат. „Не земаме ниту картони ниту плата ниту ништо. Платата ни ја делат по 10, 1000 денари 15 денари исто како питачите...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top