Ознака: чистење

septicka jama

Во Охрид сеуште има септички јами

Post Views: 47 Од Варош па се до селото Љубаништа, речиси триесет проценти од Охридските домаќинства, проблемот со фекалната канализација го решиле со изградбата на овој вид постројки. Најголема причина за ваквата состојба е неможноста некои од домаќинствата да се приклучат на фекалната канализација. Посебно симптоматична е ситуацијата во стариот дел на градот, каде некои од домаќинствата сакаат да се приклучат на канализационата мрежа, но поради конфигурацијата на просторот во комбинација со нерешените имотно-правни односи, тоа е тешко изводливо. Од ЈП, „Нискоградба“ велат дека...

Continue reading

direkcija za zastita i spasuvanje

Охридскиот дел од езерото комплено исчистено од неексплодирани убојни средства

Post Views: 5 Заврши последната фаза од акцијата со која се чистеше езерото од неексплодирани убојни средства. „Акцијата траеше 35 дене и сметам дека истата ја завршивме максимално успешно“, вели директорот на дирекцијата за заштита и спасување, Шабан Салиу. При чистењето на езерото од неексплодирани убојни средства извадени се околу 8,6 неексплодирани убојни средства од прва и втора светска војна. „ Вкупно од првата и втората акција беа извадени 15, 9 тони неексплодирани убојни средства. Ова што го направивме е извонредна акција која е добра за Охрид, Македонија и пошироко, затоа...

Continue reading

den na proletta

Пролеттна генералка

Post Views: 1 Во првиот дел од пролетта, еколошки акции во Охрид.  Ова беше повод секој на свој начин да придонесе во чистење на својата околина. Дечињата од основните училишта утрово беа припомош на вработените од ЈП Охридски Комуналец и помогаа при расчистување на дворовите на училиштата. Се расчистуваше и Охридското крајбрежје и тоа посебно во населбата Даљан. Акцијата се спроведе и покрај фактот што со овој дел не стопанисува локалната самоуправа, туку владата. Директорот на ЈП Сашо Алче вели денешната акција е симболична и дека преку неа праќаат порака до надлежните дека ова...

Continue reading

nurkaci

Финално чистење на езеро од неексплодирани убојни средства

Post Views: 2 Продолжува проектот за чистење на Охридското езеро од неексплодирани убојни средства. Акцијата која ќе се спроведува околу 30 дена, е продолжение на минатогодишната со која од  водите на Охридското езеро беа извадени над 7 тони неексплодирани убојни средства, од балканските војни поточно од првата и втората светска војна. „И годинава по налог на Владата на Р Македонија ќе се изврши целосно прочистување на езерото од овие неексплодирани убојни средства. Минатата година беа извадени околу 7,3 тони нееексплодирани средства кои се отстранети околу езерската полиција, пештани,...

Continue reading

kanal

Се чистат речните корита во охридскиот реон

Post Views: 18 Речните корита на Сатеска, Коселска река и Грашница се чистат. Досега најчеста слика на речните корита, чии води се влеваат во езерото, беше деформирани водотеци затрупани со најразлични видови  отпад, па се до паднати или изникнати дрвја. Сега се расчистува отпадот и се сече вегетацијата, а на некои места се преформираат речните водотеци вели раководителот на Центарот за управување со кризи Митко Темелкоски. Ваквите активности започнале  пред три месеци со расчистување на коритото на реката Сатеска од утоката во Охридското езеро, па се до селата Волино и Климештани....

Continue reading

kanali

Се чистат каналите во Охрид

Post Views: 4 Како што веќе е познато, една од причините за поплавите што настанаа минатата година како резултат на обилните врнежи, на повеќе места во општина Охрид, беа затнатите канали од нанос. Годинава, со цел општинава да не го доживее истото сценарио, се пристапи кон третман на истите. ЈП „Охридски Комуналец“ по налог од локалната самоуправа, од денес, па во наредните три месеци, треба да одговори на оваа задача. Првиот човек на „Охридски Комуналец“ Сашо Алчев, вели дека мора сериозно да пристапат кон чистење на сите места што претставуваат тесни грла на речните корита и мостовите,...

Continue reading

komunalec glancanje

„Генералка и лифтинг на Охрид“, од студиото на Комуналец

Post Views: 2 Секој да си го среди својот двор. Ова важи и за колективните стамбени згради кои за жал на некои места наликуваат како да сме во џунгла.Грижата за овие тревнати површини паѓа на товар на домарите на зградите кои треба да обезбедат средства за средување на својот двор. Првиот човек на ЈП Охридски Комуналец Сашо Алче, ја потенцираше законската регулатива за справување со овој проблем. „Според законот за јавна чистоте член 18 во истиот, жителите на зградта треба да ја одржуваат чистотата на тревната површина пред нивната зграда. ЈП не одржува зелени површини, се додека...

Continue reading

plazi

Министерството за транспорт ако не сака милум, ќе плати силум

Post Views: 1 Крајбрежниот простор, што води  покрај патот за Горица Прва,  хортикултурно ќе се уредува. Овој дел од брегот многу скоро ќе се претвори во зелено катче, излетнички простор, во кој охриѓани и гостите ќе најдат пријатно место за  одмор, најавува првиот човек на ЈП „Комуналец“, Сашо Алчев. Просторот во моментов е запуштен, несреден и со купови шут, неодамна изваден од езерските води кога се закануваше прелевање. Алчев информира дека просторот ќе биде исчистен од шутот веднаш штом се подобрат временските услови. Желбата за чисто крајбрежје на комуналците им ја мати Министерството...

Continue reading

kuburi

Кубури, „Мартинки“ и „Каранфилки“ се вадат од езерото

Post Views: 1 Продолжуваат активностите за реализацијата на проектот „Охридското езеро, подводно – депо на оружје“. Проектот е во организација на Националната установа Завод и Музеј, а е финансиран од Министерството за култура. Вадењето на оружјето се реализира со нуркачкиот центар „Амфора“ од Охрид. Од Охридското езеро извадени примероци на оружје стари неколку векови. Продолжува реализацијата на проектот „Охридското езеро, подводно – депо на Воружје“. Проектот започна во 2007 година кога, Боби Горичан, член на нуркачкиот клуб „Охрид“ пронајде фрагменти и цели делови...

Continue reading

ulici

Градежниците плаќаат за улиците кои ги валкаат

Post Views: 1 Инвеститорите кои  во моментов  градат куќи и згради  мора на сметката на ЈП „Комуналец“ да уплатат сума за вонредно одржување на јавната чистота. За вонредно чистење на улиците се плаќа според  големината на објектот, цените ги утврди грaдаскиот совет, а договор се склучува  со ЈП „Комуналец“. Со овој договор претпријатието се обврзува да ги активира дополнително сите служби за одржување на јавната чистота. Улиците секојдневно се чистат, а во ноќните часови се  мијат, објаснува директорт на Комуналец. Првиот човек ЈП Комуналец, Алчев истакнува дека досега не се случило...

Continue reading

cistenje

Советниците во акција

Post Views: 7 Ги чистеа охридските плажи, кај Даљан. Во еколошката акција се вклучи и ЈП Охридски комуналец, како и ЕД  Грашница. Советниците се поделија и во еколошка акција. Чистењето на плажата кај младинското одморалиште од секаков вид на отпад, ја подржаа само советниците од мнозинството во градскиот совет. „ Целта ни е малку да ги поттикнеме службите да ја подигнат еколошката свест на граѓаните. Целта е да ја поттикнеме владата и тие да се вклучат во акцијата“, истакна Јаковчески. Еколошката акција беше иницирана од страна на советникот Кујтим Усејни кој живее во овој дел на...

Continue reading

karpa

Не им се заканува опасност на куќите над Лапидариумот

Post Views: 0 Опасниот одрон над музејскиот комплекс Робевци што се случи пред 10 –тина дена се расчистува. Досега се исчистени околу 30 м3 од срушениот материјал информира директорката на НУ “Завод и Музеј”, Тања Паскали Бунташеска. Таа  додава дека лошите временски услови ги попречуваат работите и придонесуваат расчистувањето да се одвива со побрз интензитет. Се додека не се исчисти просторот не може да се каже ни првичната проценка колкава е настаната штета нити што ќе се прави понатаму. Мора да се исчисти земјата над карпата и да се согледа компактноста на карпата од која понатака...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top