Ознака: часа

maraton vo programiranje

24-часовен маратон во програмирање на информатичкиот универзитет

Post Views: 4 Универзитетот за информатички науки и технологии „Св. Апостол Павле“ викендов ќе биде домаќин на 24-часовен маратон во програмирање. Codefest. Codefest е трет ваков маратон кој ќе се одржи во Република Македонија, а воедно и прв организирaн по иницијатива и од страна на студентите: Јасна Тренгоска, Александар Митревски и Вилијам Асиама. Овој настан ќе се одржи и со огромна организациска помош и поддршка од нивни колеги студенти и пријатели кои волонтираа во организацијата на настанот. Организаторите велат дека лимитот за натпреварувањето бил сто натпреварувачи и истиот...

Continue reading

Sasho Mitan Super radio

Охридското Супер радио прави емисија за Гинисов рекорд

Post Views: 3 Домаќините на охридското Супер радио, Жанко З`Ш Голабоски и Сашо Митаноски, наместо роденденска торта, ќе се обидат на радиото, па и на градот, да му подарат емисија за Гинисов рекорд. Поводот е 20от роденден на Супер радио. Идејата им дошла уште пред 6 месеци и веднаш се истакнала по атрактивноста, па се одлучиле да го соборат рекордот  кој го држи германското радио Кис ФМ со 74 часовна емисија. Охриѓани, Македонија, а богами и целиот свет, освен на радио, имаат можност Жанко З`Ш и Сашо Митан, да ги гледаат и преку видео пренос на веб страната на Супер радио. Пријавувањето...

Continue reading

soobrakajka

Камион се преврте пред селото Опеница

Post Views: 18 Неприлагодена брзина на патот, најверојатно е причина за сообраќајната несреќа која се случи утрово на магистралниот пат Охрид – Ресен кај селото Опеница и кога се преврте камион со полу приколка со охридски регистарски таблички, сопственост на ДОО „Отпад Охрид“.   Несреќата се случила во 09.00 часот, по што сообраќајот беше со повремени преќини, се додека камионот не беше подигнат со специјално возило – дигалка.СРВ веднаш излезе на лице место, со цел да ги утврди причините за несреќата.   По неколку часа текот на сообраќајот на оваа делница беше нормализиран....

Continue reading

parking

Во Охрид два часа паркинг можат да ве чинат 1200ден

Post Views: 5 Охриѓанец доживеал непријатно искуство паркирајќи го своето возило пред План Б. Завчера околу 22 часот излегувајќи в град го  оставил својот автомобил на паркингот пред ова кафуле и бил сигурен дека овој простор е слободен бидејќи ништо не асоцирало дека на овој паркинг се наплаќа. Кога се вртил околу полноќ го дочекало непријатно изненадување. На задното лево тркало имало поставено блокада. Тој се распрашал што се случило па некои граѓани го упатиле да оди и да се информира во куќарката кај Мекдоналдс. Таму му рекле да оди и да плати на каса, каде пак му побарале 1200...

Continue reading

kafulinja

Работното време на угостителските објекти се продолжи

Post Views: 1 Угостителските објекти во Охрид за време на туристичката сезона ќе работат со продолжување од еден до два часа. Но, само за празниците за кои Охрид е најпосетен од туристите. Пред донесувањето на ваквата одлука од страна на мнозинството на Советот на општината, претходеше реакцијата на жителите од Урбаната заедница Стар Град. Членовите на Урбана заедница еден, бараат да не се продолжува работното време на угостителските објекти во викенд зошто велат, за гостите секој ден е викенд.Тие исто така со барање, концесионерите на плажите стрикно да се придржуваат до работното...

Continue reading

jajce veligdensko

Охриѓани го слават Велики Четврток

Post Views: 0 Охриѓанката Лилјана Сотироска една од многуте наши сограѓанки кои од раните утрински часови ги вапцаа првите јајца. Потоа според обичајот и Сотироска го извади првото јајце да го види светлото на денот. Таа открива дека уште на Велики Вторник ја подготвува бојата и јацата кои треба да се вапцаат.  Објаснува дека со овој чин и во нивната куќа започнува да се чувствува предвелигденска атмосфера. „Во нашава куќа и секаде најпрво се вапцуваат црвените јаца кои го симболизираат христиајнството, а тоа доаѓа од таму што Марија Магдалена кога го посетила починатиот Исус Христос,...

Continue reading

bolnica

Охридската болница повеќе од 12 часа беше во мрак, пацинетите нервозни

Post Views: 3 До нашата редакција, пациент се пожали  дека утрово неможел да користи  рутински преглед на одделот за трансфузиологија и останал без редовната терапија заради тоа што во болницата немало струја. И други охридски пациенти во неможност да остварат телефонски контакт со болничката централа се прашуваа што се случува во болницата  дали станува збор за исклучување од електричната мрежа  за неплатен долг кон ЕВН или пак станува збор за дефект.Информацијата дека  болничкиот комплекс останал без струја повеќе од 12 часа ја потврдуваат и од ЕВН  и од болницата.Синоќа, болничкиот...

Continue reading

Petreski

Градоначалникот Петрески задоволен од туристичката сезона

Post Views: 1 Се што планиравме за сезонава која измина реализиравме. Треба да сме задоволни и од гостите кои летуваа во Охрид. По подолг период ги повративме странските туристи. Единствено годинава не одминаа Српските туристи, вели градоначалникот Александар Петрески. „ Голема свежина дадоа и гостите од Финска, од Холандија, традиционалните исто така дојдоа, но не дојдоа гостите од Србија, иако годинава најмногу работевме на Српскиот пазар, се претставивме на сите саеми“, вели градоачлникот Александар Петрески. Градоначалникот признава дека направиле доста истражувања зошто Српските...

Continue reading

parking

Непрофитабилен единствениот градски паркинг за автобуси

Post Views: 3 Единствениот, регистриран градски паркинг простор наменет за автобуси е непрофитабилен. Со паркингот стопанисува ЈП СРЦ „Билјанини извори“ и се наоѓа на улицата Асном, но поголем дел од годината зјае празен без паркирани автобуси. Гордана Јованоска, директор на спортскиот центар вели  немаат економска  исплатливост да плаќаат чувар за простор кој не им носи пари.  Таа даде објаснување за причините на ваквата моментална состојба. Истакнува  дека возачите на автобусите ги користат паркинзите на Булевар Туристичка и на Кеј Маршал Тито, и онаму  каде што не плаќаат пари...

Continue reading

Opshta bolnica Ohrid

Пациeнтка со инфицирана рана жртва на лекарско препукување

Post Views: 20 Во Охридската општа болница три часа траела драмата на пациентката  Ленче Атанасоска, која со инфицирана рана на раката требало да прими инфузија. Атанасоска со уреден упат од матичниот лекар била испратена на хируршкото одделение заради тежината на повредата,  да даде мислење специјалист хирург. Хирургот д-р Никола Симоноски како  што тврди Атанасоска ја прегледал и препишал терапија  која требало да ја прими преку инфузија. По укажување на матичната лекарка терапијата  можела  да ја прими само во дневната амбулната при општа болница. Атансоска вели тука и започнал ...

Continue reading

Saso Alcev

Проект „48 часа чистота“

Post Views: 10 Од денес ова јавно претпријатие започнува проект 48 часа. Со овие активности, сметот ќе се отстранува по пријава на граѓани, во рок од 48 часа. Охридското јавно претријатие е единствено во регионов кое со овој начин на работа ќе работи по Европски стандарди. Туристичкиот бисер на Македонија сеуште неможе да се пофали со завидно ниво на чистота. Уште многу треба да се работи на јавната хигиена во градов. Охрид е чист но секогаш може да биде и почист и поуреден, велат за ТВ М случајни минувачи. Се работи за проект кој ќе функционира по пријава на граѓани на бројот 265...

Continue reading

Ljupco Neckoski

Љупчо Нечковски за само 12 часа, ги собра потребните потписи

Post Views: 4 Љупчо Нечковски за само 12 часа, ги собра потребните 350 потписи, за кандидатура за престојните избори. Тој ќе ја предводи независната советничка листа.    Нечковски не сакаше да даде  коментар за тоа што и невладиниот сектор како независни кандидати сакаат да бидат дел од советот на општина Охрид. „Мене феноменот од 8 независни листи ме зачудува и можеби сме единствен град со олку независни листи. Доколку независниот сектор поднесол листата, со онаа намера за која е формиран, ја поздравувам таа одлука и очекувам  и тие да добијат подршка од граѓаните“, рече Нечковски. Тој...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top