Ознака: Турција

okno

19 мртви во експлозијата на гас во рудник во Турција

Post Views: 6 Сите 19 работници загинаа во експлозија на гас во рудник во Турција, соопшти агенцијата Анадолија цитирајќи го министерот за труд, Омер Динчер. „Спасувачките екипи стигнаа до местото на инцидентот. За жал, сите работници се загинати“, изјави министерот. Претходно, властите соопштија дека во експлозијата, што се случија доцна во четвртокот во рудник во близина на градот Мустафакемалпаша во провинцијата Бурса, загинале шест, а 13 работници се водат како исчезнати. {loadposition content9}

Continue reading

seizmograf

Земјотрес во Централна Турција

Post Views: 2 Земјотрес со интензитет од 4,7 степени според Рихтеровата скала го потресе утрово градот Коња, во Централна Турција, каде синоќа беше почувствуван уште еден потрес од 4,5 степени по Рихтер. Епицентарот на потресите, кои предизвикале силна паника меѓу населението, се наоѓал во селото Силе.По првиот потрес синоќа над сто луѓе биле одведени во болница, а околу 30 од нив се здобиле со повреди при паѓање. Вториот потрес, се случил неколку минути пред пет часот по локално врме рано утрово, по што луѓето во паника одново излегле на улиците. По десет минути во Коња била прекината...

Continue reading

poplavii

Најмалку 31 жртва од поплавите во Турција

Post Views: 9 Најмалку 31 лице загина во катастрофалните поплави предизвикани од поројните дождови во северозападниот дел на Турција, јавуваат турските медиуми. Според истите извори, 26 души загинаа во Истанбул, а петмина во соседната провинција Текирдаг. Меѓу жртвите во Истанбул се и седум текстилни работнички, кои останале блокирани во нивниот минибус. Турскиот премиер Реџеп Таип Ердоган вети финансиска помош на семејствата на настраданите во поплавите. {loadposition content9}

Continue reading

pusac

По Турција исто и Ирак ќе ја следи забраната за пушење на јавни места

Post Views: 2 Ирачката Влада го разгледува донесувањето на закон со кој би се забранило пушење на јавни места. Тоа ќе биде прв законски проект во земјата каде што палењето цигара е ритуал на иницијација за момчињата. Владиниот портпарол Али Ал-Дабаг вчера изјави дека целта на овој закон е да се намали бројот на луѓето што почнуваат да пушат и да се зголеми свеста за штетноста од пушењето. Ал-Дабаг рече и дека ќе биде забранета продажбата на цигари на малолетниците. Ако законот биде усвоен, пушењето ќе биде забрането на јавни места како државните установи, училиштата, кината и аеродромите....

Continue reading

Kipar

Турција нема да се одрече од Кипар

Post Views: 1 Турција никогаш нема да се одрече од своето право да биде „гарант“на Кипар, дури и ако лидерите на кипарските Турци и Грци до крајот на годината потпишат мировен договор. Ова го рече заменикот турски премиер Чемил Чичек, која на северот на Кипар одржа говор по поводу 35. годишнината од турската инвазија на оваа островска држава, што следеше пет дена по државниот удар поттикнат од Грција Турција интервенцијата ја оправда со статусот на „гарант“ заедно со Грција и Велика Британија, по договорот од 1960. со кој Кипар стекна независност од Лондон. Статусот на гарант, кој...

Continue reading

bus

Страшна сообраќајна несреќа во Турција

Post Views: 7 Во Турција повеќе од 14 луѓе загинаа кога автобус со деца кои патувале на екскурзија излетал од патот. Меѓу загинатите патници во јужна Турција има три момчиња и три девојчиња, а повредени се 24 луѓе. Несреќата се случила кога автобусот, со кој се враќале децата од екскурзија од познатото археолошко наоѓалиште Каратепе во близина на градот Османија, излетал од патот и завршил во канал, информираат од локалната полиција.Причините за несреќата допрва ќе се утврдуваат.

Continue reading

povreden

Масакар во Турција

Post Views: 0 Најмалку 45 лица се убиени синоќа во напад на непознати вооружени лица на една свадбена веселба во југоисточниот дел на Турција, изјави вршителот на должност гувернер на провинцијата Мардин, Ахмет Ферхат Озен. – Напаѓачите кои носеле маски, влегле во салата со гости и отвориле оган од автоматски пушки и рачни гранати, истакна Озен. Според последните информации, во инцидентот има најмалку 20 повредени, а Озен смета дека бројот на загинатите би можел да биде поголем. За време на нападот на веселбата биле присутни 200 годити. Озен нагласи дека локалната „паравоена полиција“...

Continue reading

Ali Babadzan

ЕУ бара Турција да продолжи со реформите

Post Views: 1 Европската унија (ЕУ) синоќа во Прага побара Турција да го надмине застојот во реформите. “Процесот на реформи во Турција треба да се придвижат со нов импулс“, рече на прес-конференција шефот на чешката дипломатија Карел Шварценберг, кој ја предводи европската министерска тројка. Тој, заедно со шведскиот министер за надворешни работи Карл Билт и еврокомесарот за проширување Оли Рен, имаа средба со шефот на турската дипломатија Али Бабаџан. Турција ги започна пристапните преговори во 2005 година во текот на кои се отворени 10 од 35 поглавја. {loadposition content9}

Continue reading

zname

Турците без работа

Post Views: 8 Невработеноста во Турција во јануари годинава се зголемила на 15,5 проценти, со што оваа земја заедно со Шпанија станува лидер во однос на невработеноста во Европа. Според официјалните податоци, во февруари годинава во Шпанија исто така е регистрирана невработеност од 15,5 проценти, но Турција се очекува да ја надмине и оваа бројка. Меѓу земјите во Европа со висок процент на невработеност се и Летонија, Белгија, Ирска и Полска. Невработеноста пак во еврозоната се искачи на 8.5 насто.   {loadposition content9}

Continue reading

Barak Obama

Обама во посета на Турција

Post Views: 0 Американскиот претседател Барак Обама синоќа допатува во Турција, која што е последната станица од неговата турнеја низ Европа, јавија агенциите. Обама заедно со неговата сопруга Мишел, во Турција ќе престојува два дена. Според најавите, Обама денеска во Анкара ќе се сретне со турските лидери, по што ќе одржи говор пред пратениците во турскиот парламент. Тој утре ќе го посети и Истанбул. Една од главните причини за изненадувачки раната посета на Обама на Турција е да ги освои турските граѓани, чие што јавно мислење за САД во последниот период достигнало рекордни ниски...

Continue reading

Abdullah Gul

Баросо ја предупреди Турција за слобода на печатот

Post Views: 0 Претседателот на Европската комисија Жозе Мануел Баросо ја предупреди синоќа Турција да не носи одлуки кои можат да ја ограничуваат слободата на печатот. „Целосното почитување на слободата на печатот е важна вредност за сите нас во Европската унија, истакна Баросо на заедничката прес-конференција со турскиот претседател Абдула Ѓул. Претседателот на ЕК го упати тој коментар во одговор на новинарско прашање за глобата во износ од околу 500 милиони долари, која турските даночни власти и ја наложија неодамна на најголемата медиумска група во земјата „Доган“. „Ние го почитуваме...

Continue reading

Hilari Klinton

Хилари Клинтон пристигна во Турција

Post Views: 5 Американскиот државен секретар Хилари Клинтон денеска пристигна во Анкара, последна дестинација од осумдневната турнеја во земјите на Блискиот Исток и Европа. Предвидено е Клинтон да се сретне со турскиот претседател Абдула Ѓул, премиерот Реџеп Таип Ердоган и шефот на турската дипломатија Али бабаџан.Клинтон вечерва ја завршува турнејата и ќе отпатува за Вашингтон.       {loadposition content9}

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top