Ознака: турнир

Oдржана ждрепката за престојниот турнир во баскет 3×3

Post Views: 0 Денес во просториите на ЈП Билјанини Извори се одржа ждрепка за престојниот турнир во баскет 3×3. На ждрепката беа поканети претставници на сите 12 екипи пријавени на турнирот. Екипите се поделени во две групи од по 6 екипи и ќе играат по принцип секој со секого. Понатаму во елиминациска фаза одат првите четири екипи од двете групи. Група А 1. Жито леб2. Охрид Холидејс3. ЈП Ох. Комуналец4. Фаворити5. Аквариус6. НОА Група Б 1. Кентерс2. МТинтернационал3. Ликвид4. Општина5. Леарница6. Дента Медика Натпреварите започнуваат оваа недела ( 07. 10 ) во 18 часот.

Continue reading

vaterpolo mk

И ватерполистите на квалификации за ЛОИ во Лондон

Post Views: 3 Македонската ватерполо репрезентација потврди дека ќе учествува на квалификацискиот турнир во Едмонтон, Канада, за место на Олимписките игри, откако доби покана по откажувањето на селекцијата на Нов Зеланд. Со ова тие се трета македонска селекција, по кошаркарите и ракометарите, кои ќе се борат за учество на претстојната Олимпијада во Лондон.На квалификацискиот олимписки турнир ќе настапат 12 селекции, а виза за Лондон обезбедуваат најдобрите четири. Турнирот ќе се одржи од 1. до 8. април, а жрепката на групите е закажана за 19 февруари во Лондон. Македонските ватерполисти...

Continue reading

ДЕНОТ НА НЕЗАВИСНОСТА ОДБЕЛЕЖАН СО РЕВИЈАЛЕН ВАТЕРПОЛО ТУРНИР

Post Views: 0 Денот на независноста на Република Македонија, беше одбележан со ревијален ватерполо турнир во градското пристаниште. Овој спортски настан, го организираа Секторот за спорт при општина Охрид, клубот за спортови на вода „Охридски бранови 2008“ и Охридскиот Црвен Крст. Учествуваа ветераните на ватерполо клубовите „АПК Студент“ и „Вардар“ од Скопје,  „Челични“ од Штип, „Струга“ од Струга и домаќинот „Охридски бранови“ од Охрид. Настанот имаше хуманитарен карактер, а донираните средства ќе бидат наменети за ранливите категории на граѓани од Охрид и Дебрца. Ватерполо ветераните...

Continue reading

На градското пристаниште ќе се одржи празничен ватерполо турнир

Post Views: 3 Во сабота и недела на градското пристаниште ќе се игра ватерполо. Силите ќе ги одмерат ватерполисти од неколку македонски клубови. Ватерполистите од скопските клубови Вардар, Младост, Студент, Струга од Струга, Челични од Штип и ветераните од ПК „Охридски бранови“ ќе не потсетат на овој спорт кој се играл во минатите времиња. Локалната самоуправа се залага за развој на сите спортови во градот, а меѓу спортските активности и за враќање на ватерполото во Охрид, велат од одделението за спорт. „Овојпат се определивме за ватерполото, да ги разбрануваме спомените на овој убав...

Continue reading

Охридскиот ШК „Ласкер“ организира турнир на отворено

Post Views: 7 Шаховскиот клуб Ласкер на градскиот кеј на отворено го доближува шахот до туристите и охриѓани. На пет шаховски табли се игра шах. Во овие летни денови гостите и мештаните имаат можност да се дружат со црнобелите полиња и шаховските фигури и да имаат спаринг партнери од охридскитe млади , но врвни шахисти. Борис Лушески, претседател на ШК Ласкер задоволен од покажаниот интерес да се игрa шах на отвoрено. Шах сакаат да играат сите почнувајќи од 7 до 77 години, а повеќето се странци додека охриѓани се ретки, напоменува Лушески. Се слушаат позитивни коментарите од гостите...

Continue reading

мкд

„Macedonia has balls“

Post Views: 17 Историскиот успех на нашите кошаркари го привлече вниманието на светските медиумски брендови кои ја потенцираат извонредната кошарка која ја промовира Македонија, не само на последниот дуел со Литванија, туку и низ целиот турнир. Светските медиумски куќи велат дека срцето, храброста и единството на терен на нашите момци е рецептот за победи. Во коментарот на рускиот весник „Вести“ стои: – Кога пред натпреварот Русија – Македонија прашав некои литвански кошаркарски стрчњаци што имаат Македонците така во себе што од анонимуси редат сега изненадувачки успеси...

Continue reading

Теквондо клубот ХВА РАНГ ИТФ Лескоец-Охрид учествува на најпрестижниот турнир во југоисточна Европа

Post Views: 17 Теквондо клубот ХВА РАНГ ИТФ Лескоец-Охрид, од денеска па до 27.05 2018 ќе учествува на меѓународен теквондо ИТФ “А Класа” турнир “ЗВОРНИК ОПЕН 2018” во Зворник, Бих, кој е еден од најпрестижните турнири во југоисточна Европа.На овај турнир под водство на Марјанчо Лазаревски црн појас 4 дан , поранешен светски вицешампион, такмичарите на  Теквондо клубот ХВА РАНГ ИТФ Лескоец-Охрид ,  ќе ги одмерат силите во  форми и спаринг-борби поединечно и екипно.Со самото пријавување   знаеме дека овај турнир ќе биде премногу тежок турнир, на кој досега го...

Continue reading

turnir

Стартува ракометниот турнир „Струга 2011“

Post Views: 0 Седум екипи поделени во две групи ќе се натпреваруваат на 39-тиот меѓународен ракометен турнир, “СТРУГА 2011“ што започнува денеска во градот на охридското крајбрежје. Турнирот ќе се одржи од 24 – 27 август на отвореното ракометно игралиште во Струга, јави Охридњуз. Овогодишното 39 – то издание на струшки турнир повторно ќе биде од меѓународен карактер со што ќе се задржи квалитетот на турнирот. Во првата група ќе бидат бранителот на трофејот и десеткратниот првак  Пелистер, Металург Јуниор и српскиот Обилиќ. Во втората група ќе играат домаќинот Струга, бугарскиот...

Continue reading

fudbaleri

Се поголем број на спортски школи се отвораат во Охрид

Post Views: 22 Охрид полека прераснува во еден од најспортските градови во земјава. Се чини дека долгиот зимски сон конечно завршува, а се случуваат се повеќе спортски активности. Веќе може да се рече дека градов дури изобилува со спортски школи, дали од фудбалот, дали од кошарката, ракометот или било кој друг спорт. Еден од последните вакви проекти и секако најсвежиот е фудбалската школа ПРЕМИЕР која официјално се претстави и на летниот фудбалски турнир за деца кој започна вчера. „За малите деца ова е еден голем плус. За секоја школа, безразлика во која фаза се наоѓаат, ние како...

Continue reading

fudbaleri

Прекрасна атмосфера на отворањето на летниот фудбалски турнир за деца

Post Views: 6 Се чини гласното пеење и навивање од трибините на „Билјанини“ го означија турнирот за фудбал за официјално отворен уште пред тоа навистина да се случи. На тревникот ќе истрчаат вкупно осум екипи од кои дури четири се од Охрид. Домашната публика составна од роднини и соученици на малите ѕвезди започна гласно да ги бодри своите миленици па за момент се добиваше впечаток дека наместо на „Билјанини“, ние се наоѓаме на „Вембли“ и го коментираме најзначајниот натпревар во годината. Реалноста е дека фудбалската игра навистина многу им значи на овие деца. „Турниров е за дечиња...

Continue reading

Veligdenski turnir finale

Вис Пој конечно до трофејот на Велигденскиот турнир во мал фудбал

Post Views: 10 Големиот Велигденски турнир во мал фудбал го доби својот епилог. Во последниот натпревар од овој турнир се сретнаа екипите на Вис Пој и Бекче. Резултатски овој натпревар далеку од неизвесен. Со конечен скор од 6 спрема 1 екипата на Вис Пој ја совлада екипата на Бекче и во своето трето финале, конечно стигна до долго посакуваниот трофеј. Двете екипи групната фаза ја минаа со потполно ист успех. И двете екипи завршија на првата позиција во групата, со максимални 9 бода и со идентичен скор од 8 дадени и 5 примени гола. Во осминафиналето ги совладаа екипите на Сатеска...

Continue reading

fudbal

Осминафинални средби од Велигденскиот турнир во мал фудбал

Post Views: 8 Големиот Велигденски турнир во мал фудбал се наоѓа во својата завршна фаза. Вчеравечер започнаа осминафиналните пресметки помеѓу преостанатите екипи. Во оваа фаза се најде и екипата на Ремис која е дел и од организацијата на самиот турнир. Тие се задоволни од досегашниот тек на натпреварите. Велигденскиот турнир во мал фудбал кој се игра во салата „Билјанини извори“ се ближи кон својата завршница. Овој турнир е еден од најголемите турнири во земјава. Почнувајќи од 5ти Април на овој турнир се натпреваруваа 24 екипи за во овие моменти да останат најдобрите 16. Меѓу последните...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top