Ознака: туристите

Подводните нуркачки авантури во Охридско Езеро се поатрактивни за туристите

Post Views: 7 Се поголема е заинтересираноста кај туристите и локалното население за нуркање и подводни екскурзии во Охридското Езеро.  Од охридскиот нуркачки клуб Амфора велат дека гости од Западна Европа специјално доаѓаат во Охрид за да уживаат во подводниот свет на езерото. Најбројни се од Холандија, Германија, Швајцарија и Австрија но ги има и од балканските земји.  Нуркањето е лесно и безбедно кога се користи квалитетна опрема и низ обуката ве води професионална екипа од интернационални инструктори како што се Милутин и Јован Секулоски од клубот Амфора. „Постојат програми за...

Continue reading

saem

Македонија атрактивна турстичка дестинација

Post Views: 0 Се поголем број Холанѓани, Белгијци, Германци, Британци, како и туристи од Србија, Турција, Албанија и Бугарија се одлучуваат да ја посетат Македонија и да се запознаат со природните богатства со кои располага. Со растот на инвестициите во туризмот, а со тоа и добивање на поатрактивна туристичка слика, очекувањата се дека приливите од туризмот и во иднина ќе се зголемуваат – минатата година во буџетот биле инкасирани над 200 милиони евра. – Туризмот е двигател на социо-економски развој. Има пораст на девизни приливи, има подобрување на платниот биланс, креирање...

Continue reading

Охридските локални производи ќе се подостапни за туристите

Post Views: 0 Во Охрид ќе започне кампањата „Купувај локално“. Со доаѓањето на туристите во пролетните и летните месеци ќе се поддржуваат охридските локални производители, најавуваат од Секторот за туризам и локален економски развој. Со проектот „Купувај локално“ ќе се доближат производителите до купувачите, кои пак, ќе ги помогнат директно во нивната работа, напоменува Ѓоко Апостолов, од ТЛЕР. Претходно се направени  истражувања кои покажале дека посетителите се желни да го запознаат локалното поднебје кое го избрале како дестинација за одмор. Туристите претпочитаат да користат...

Continue reading

crkva

Се повлече водата во Мавровско Езеро

Post Views: 20 Мистеријата на Мавровското Езеро, црквата „Св. Никола“ која поголем дел од годината е потопена под вода, викендов беше вистинска атракција за туристите во викенд-населбата поради ретката можност да стапнат во неа. Викендов исполнетоста на Мавровското Езеро беше 40 проценти, па црквата беше на суво. Таа е изградена во 1857 година во тогашното Мавровско Поле и во неа се до шеесетите години на минатиот век се одржувале богослужби. Интересно е што ѕидовите на објектот кој е во распаѓање, издржуваат под напливот на водата од Езерото, па дел од покривот ѕирка над водата...

Continue reading

Галеријата „Букефал“, место кое туристите со задоволство го посетуваат

Post Views: 9 Туристите кои го избрале Охрид како дестинација многу ретко одминуваат еден простор на сред чаршија во кој дише уметноста. Галеријата „Букефал“ најпрво ги привлекува со својот излог, а потоа влегуваат внатре и потонуваат во боите на сликите на најеминентните, но и на младите македонски уметници. Посетители во галеријата се љубителите на уметност. Јас ги делам на луѓе кои сакаат уметност и на оние кои не чуствуваат потреба за тоа. Од цел свет имаме посетители и кога ме прашуваат дали делата се на македонски автори јас велам дека на македонски, но и на интернационални,...

Continue reading

Античките патеки ќе бидат достапни за туристите

Post Views: 0 Археолозите на Галичица и Јабланица открија нови патни траси и делници од античко време, кои досега беа споменувани само во науката. За прв пат археолошки е истражена и отворена поплочената патека во близина на локалитетот Вајтос, во струшко Октиси. Археолошки истражувања се вршеа и на делницата која од Охридско Видобишта преку врвот Скала ја поминувала планината Галичица и се спуштала во Ресенското поле и патот во должина од околу 9 км кој од Охрид се искачувал до врвот Асанџура и понатаму продолжувал кон Преспанското и Корчанското поле. Овие патеки стари илјадници...

Continue reading

Каков е импактот на туристите врз охридската економија

Post Views: 1   Англичани, Холанѓани, Белгијци, Турци, Израелци и од каде уште не ова лето пристигнаа гости во Охрид. Но многу често поставувано прашање е колкав е бенефитот од нив, односно каков е импактот на туристите врз охридската економија. Не е ретко да се слушне дека градот врие од гости, но дека тие се слаби потрошувачи. И навистина, некои гости полесно го отвораат кесето и трошат пари и вон она што им е предвидено во самиот аранжман, а некои пак се поскржави. Според светските анализи, англичаните според нивото на потрошувачка се на прво место, додека пак за холандските туристи...

Continue reading

catamaran

Соларен брод во Преспанско Езеро

Post Views: 3 Од ова лето, туристите кои ќе престојуваат во Мала Преспа, ќе имаат можност по Преспанско Езеро да се шетаат со брод на соларна енергија. Туристичкиот брод на сончева енергија ќе биде ставен во функција до крајот на јули, најави градоначалникот на Пустец Едмонд Темелко. – Станува збор за заеднички проект на општина Пустец и општина Преспа, Грција, поддржан од фондовите на ЕУ за меѓугранична соработка. Од Германија ќе пристигнат три бродови, два за грчката страна на Преспа и еден за нас. Сега сме во фаза на подготовка на документација и очекуваме на крајот од јули...

Continue reading

„Мирно и безбедно лето за охриѓани и туристите“

Post Views: 3 Угостителските објекти, хотели и ноќни клубови за време на летниот период ќе бидат дополнително контролирани од страна на полициските службеници, со цел спречување на било какво нарушување на јавниот ред и мир . На иницијатива на СВР Охрид надлежните институции денес остварија состанок под мотото „мирно и безбедно лето за охриѓани и туристите“. На состанокот беа изложени сите планови и програми кои се ажурирани во делот на ингеренциите на секоја од институциите и во делот на спроведување на надлежностите со цел секоја институција да го даде својот максимум при преземањето...

Continue reading

Манастирскиот комплекс Св.Спас во Г.Лакочереј привлечна дестинација за туристите од Источна Европа

Post Views: 0 Се поголем број на туристи престојуваат во новоизградените конаци на манастирот „Св.Спас“ во Горно Лакочереј. Прекрасната природа, мирот, тишината, пејсажите, но и убавиот манастирски комплекс се чини би привлекле секого барем за момент да дојде и да ужива во несекојдневни глетки. Се повеќе туристи се чини дознаваат за ова прекрасно место, а голем удел во тоа имаат и луѓето од црковниот одбор на манастирот „Св.Спас“ кои изминатиов период вложија напори за промоција на манастирскиот комплекс пред странските туристи. „Туристи има од секаде. НИе повеќе внимание посветуваме...

Continue reading

Предсезонски аларм

Post Views: 5 Блага опомена. Струга во моментов не е подготвена за туризам. Струшките угостители сериозно стравуваат за престојанта туристичка сезона. Тие пососчија низа проблеми кои општината треба да ги реши за да дојдат туристите  во овој град. Дел од нив предупредија на проблемите кои им бодат очи, а заради кои туристите ќе го заобиколат овој туристички центар. За една успешна сезона еден од основните услови е хигиената, па потоа инфраструктурата и уредувањето на градот, вели Наум Угреновиќ, угостител од Струга. Тој додава дека тоа е примарна работа на општина Струга, на што...

Continue reading

Атрактивен дочек на туристите на Заливот на коските, со охридски бисер и коктелот ЕДЕН Бисер

Post Views: 5   Јубилејна година на традиционалниот настан „Пронајди го охридскиот бисер во Заливот на коските“. И годинава по повод Денот на жената 8 ми март, по петти пат туристките од Црна Гора го бараа охридскиот бисер во куќичките од наколната населба на најпосетуваниот локалитет на охридското крајбрежје. Данијела Лаховиќ никогаш нема да го заборави овој локалитет каде за прв пат доаѓа, бидејќи беше најсреќна и успеа да го пронајде охридското богатство, прочуениот бисер. „Не очекував вакво нешто. Дојдов само на излет во Охрид навистина благодарам на сите. Охрид е познат по бисерите“...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top