Ознака: територијата

38 лица не ја почитувале забраната за движење на територијата на цела држава

Post Views: 2 Во текот на изминатото деноноќие (20/21.05) по однос на забраната за движење евидентирано е дека на ниво на целата држава 38 лица не ја почитувале забраната за движење, при што приведени се 30 лица, а за останатите се земени податоци и ќе следуваат соодветни мерки. Исто така по однос на мерката за не носење лична заштита на лице регистрирани се 81 прекршок. За последните 24 часа на територијата на Република Северна Македонија на 210 лица им се издадени решенија за изолација, а седум лица потпишале изјави за самоизолација. Од страна на полициски службеници извршени се...

Continue reading

Полициски час од 16 часот до 5 часот наредниот ден и целосна забрана за движење за време на викенд

Post Views: 4 Дополнителни ограничувања на движењето за граѓаните на територијата на целата држава, за време на работните денови и викендите, со важност од среда, 8.4.2020, од 16 часот. Владата на Република Северна Македонија на предлог на Комисијата за заразни болести во рамки на Министерството за здравство и Генералниот кризен штаб, донесе дополнување на Одлуката за забрана за движење на граѓаните во целата територија на државата, односно за продолжување на полицискиот час на целата територија на Северна Македонија. Се забранува движењето за сите граѓани на ниво на целата територија,...

Continue reading

Iran

Вашингтон пост: Иран планира да ги нападне САД

Post Views: 3 Како одговор на заканите на Америка кон режимот во Техеран, американските разузнавачки служби веруваат дека Иран се подготвува да изведе терористички напад на територијата на САД, објавува “Вашингтон пост“.Според „Вашингтон пост“, во извештајот на Џејмс Клапер, директорот на Националната разузнавачка служба на САД, се вели дека Иран минатата есен планирал атентат врз амбасадорот на Саудиска Арабија во Вашингтон и дека постојат сознанија дека во врвот на Техеран се заговара напад на САД. Али Хамнеи, иранскиот врховен лидер сега е поподготвен од било кога да изврши напад...

Continue reading

За неносење лична заштита на лице регистрирани се 445 прекршоци

Post Views: 6 Во текот на изминатото деноноќие (07/08.09.2020 година) на територијата на Република Северна Македонија по однос на мерката за неносење лична заштита на лице регистрирани се 445 прекршоци. Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата со цел справување со Ковид -19.

Continue reading

99 прекршоци за неносење лична заштита на лицето на територијата на СВР Охрид

Post Views: 0 Според статистичките податоци на МВР, во изминатото деноноќие, на подрачјето на СВР Охрид, полициските службеници констатирале 99 прекршоци за неносење лична заштита на лицето (Охрид-65, Струга-12, Кичево-22). Ним им се издадени прекршочни платни налози за сторен прекршок по член 6 став 1 од Уредбата со законска сила за носење лична заштита на лицето заради спречување на ширење на заразната болест Ковид-19. Воедно, полициските службеници самостојно, но и во координација со Државниот пазарен инспекторат извршиле 33 контроли врз угостителски и други објекти.

Continue reading

Се расчистуваат речните корита на територијата на општина Охрид

Post Views: 0 Ј.П.„Охридски Комуналец“ деновиве спроведe акција за чистење на речните корита и сливните подрачја на територијата на општина Охрид согласно годишната програма на Секторот за комунални дејности при општина Охрид. Се расчити депонираниот разновиден комунален и друг вид отпад со цел да се обезбеди нормален проток на водата во речните корита и сливните подрачја и превентивно ќе се делува во заштитата од поплави и излевање, а истовремено ќе се намали загадувањето на езерото. Расчистено е речното корито на р.Сушица на потегот од ул.„Живко Чинго“ до ул.„Железничка“, река Грашница...

Continue reading

morbili

Вo Скопје прогласена епидемија на морбили

Post Views: 0 На територијата на Скопје Центарот за јавно здравје прогласи епидемија на морбили. Регистрирани се 25 случаи на оваа болест, од кои осум се поврзани случаи, поради што е и прогласена епидемија. Дел од заболените се од околните села, а дел од градот. Од Центарот апелираат децата да се вакцинираат и предупредуваат дека од 2012 година е намален опфатот на деца кои се вакцинираат против заразни болести. Првичните симптоми на морбили се слични на настинка и грип, кивање и покачена телесна температура поради што и болеста потешко се дијагностицира во првата фаза. Инкубацијата...

Continue reading

skala

Земјотрес во Албанија, почуствуван и кај нас

Post Views: 0 На територијата на соседна Албанија, 110 километри западно од Скопје, утринава во 8 и 20 часот е регистриран земјотрес од апаратите на Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје. Оттаму соопштуваат дека земјотресот бил почувствуван во северозападниот дел на Македонија со интензитети од 3 до 4 степени според Европската макросеизмичка скала -1998. {loadposition content9}

Continue reading

gravitacija

На канаѓаните им фали гравитација

Post Views: 4 Повеќе од 50 години научниците се обидуваат да откријат зошто на поголемиот дел од територијата на Канада, а посебно во Хадсон беј, гравитацијата е многу послаба. Феноменот за прв пат е откриен во 1960-та година, кога се мерени гравитоационите полиња на планетата Земја. Постојат повеќе теории кои се обидуваат да го објаснат овој феномен. Првата торија е сконцентрирана на процесот наречен конвекција, кој се случува во земјината кора.Неа ја прави слој од магма кој се наоѓа на 100-200 км под површината. Магмата е екстремно врела и во постојано движење, се подига и се спушта...

Continue reading

zelen

Започнува акцијата на „Комуналец“ за подигање зелен отпад на територијата на Охрид

Post Views: 0 Ј.П.”Охридски Комуналец”-Охрид ги известува граѓаните на Општина Охрид дека на ден 07.11.2015 год.(сабота) ќе организира акција за подигнување отпад од уредување на дворни површини и градини (гранки, трева, жива града и др.) во У.З.3 „Кошишта„ и У.З.4 „Воска„ (заедно со комплексот згради и куќи во населба „Даљан„). Се молат граѓаните кои живеат во горенаведената урбана заедница доколку имаат ваков отпад уредно да го депонираат најдоцна до 10.00 часот  и претходно да го пријават во Р.Е.”Механизација” на тел.046/265-353 со наведување на локацијата, за да можат службите...

Continue reading

471-на санкција за пребрзо возење, од нив 67 на територијата на СВР Охрид

Post Views: 4 Во текот на вчерашниот ден, 27-ми јуни 2021 година, во периодот од 09:00 до 14:00 часот Министерството за внатрешни работи (МВР) спроведе зајакната акциска контрола на територијата на Република Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената. – При тоа санкционирани се 471 возачи. Од нив, 78 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а девет возилa се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Најмногу санкции се изречени на територија на СВР Куманово 84, потоа СВР Охрид...

Continue reading

taksi

Таксистите ќе водат список на патници од еден дo друг град

Post Views: 4 Доколку сакате да патувате со такси превоз од Охрид до Струга, Битола, Скопје или било кој друг град во земејава задолжително треба со  име и презиме да бидете евидентирани во дневникот на патници кој треба да го поседува секој лиценциран авто таски превозник. Тоа го предвидуваат најновите измени во Законот за патен сообраќај во делот на вршење авто такси превоз. Таксистите не сакаа јавно да коментираат како овие измени би се рефлектурале врз нивната работа, но, од една страна сметаат дека оваа законска одредба ќе донесе повеќе проблеми во авто такси превозот а од друга...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top