Ознака: тенисер

Grigor Dimitrov

Аутсајдерот Димитров го „преслуша“ рекетот број еден

Post Views: 2 Бугарскиот тенисер Григор Димитров со елиминацијата на Новак Ѓоковиќ, во второто коло на Мастерсот во Мадрид приреди вистинска сензација. Бугаринот за нешто повеќе од три часа игра го победи светскиот рекет број 1 со 7:6, 6:7, 6:3. Димитров во Мадрид го одигра сигурно најдобриот меч во кариерата, ги надмина проблемите со грчевите кои ги имаше кон крајот на вториот сет и заслужено стигна до победата. Ѓоковиќ, од друга страна делуваше непрепознатливо, во ниту еден момент не можеше да влезе во посакуваниот ритам, а згора на тоа имаше и проблеми со публиката. „Не разбирам...

Continue reading

Lukas ROsol

Прва АТП титула за Росол

Post Views: 1 Чешкиот тенисер, Лукаш Росол ја освои својата прва АТП титула во кариерата, откако денеска во финалето во Букурешт славеше против Гилјермо Гарсија Лопес со 2:0 во сетови (6:3, 6:2). Росол во овој меч кој траеше нешто повеќе од 1 час, на својот противник му препушти само 5 гејма. Со ова Чехот само ја потврди добрата форма во која се наоѓа, откако претходно на почетокот од месецов и помогна на својата земја да стигне до полуфиналето на Дејвис купот. Тој тогаш го совлада Казакстанецот, Евгени Королев. На шпанскиот тенисер пак ова му беше прво финале по 2010 кога го освои...

Continue reading

Roger Federer

Федерер најави двомесечна пауза од тениските терени

Post Views: 3 По завршувањето на турнирот во Индијан Велс на 17 март, Роже Федерер ќе направи пауза од 2 месеци. Неговото враќање на тениските терени тој го најави за мај кога ќе се одржи турнирот во Мадрид.Вториот тенисер на светот како причина за паузата ја наведе потребата да му се посвети на семејството, но и подготовките кои ќе му помогнат да ја одржи формата на патот кон неговата 18-та Гренд слем титула. „Не можам да играм исто како и минатите години. Немам веќе 22 години кога можев да играм на 25-30 турнири годишно. Ѓоковиќ, Мареј и Надал се на врвот од нивните кариери, а мојата...

Continue reading

Blaz Kavcic

Матни зделки и во тенисот?

Post Views: 3 Не е тајна дека има „матни зделки“ и во тенисот, обложувалниците секаде замешаа прсти, па АТП се обидува да ги открие можните местенки. За таа цел, одземен е лаптопот на словенечкиот тенисер Блаж Кавчиќ, затоа што до канцеларијата на АТП пристигнала анонимна пријава дека тој е замешан во сомнителни активности поврзани со нелегално обложување.„АТП претерува, реагира на било каква пријава, можам рака да ставам дека Кавчиќ не е замешан во такви сомнителни активности“, реагира еден од организаторите на турнирот „Загреб индорс“, откако претходно и хрватскиот тенисер Марин...

Continue reading

Rafael Nadal

Камбек со победа на Рафа Надал

Post Views: 1 Шпанскиот тенисер Рафаел Надал, кој поради повреда на коленото отсуствуваше од уште од 28.јуни минатата година, со победа се врати на тениските терени. Надал, во игра на двојки, заедно со Хуан Монако, на турнирот во чилеанскиот Вина дел Мар, забележа победа над чешката комбинација Франтишек Цермак и Лукаш Длухи со 6:3, 6:2. „Лекарите ми рекоа дека коленото ми е добро. Понекогаш ме боли, но сè е во ред. Големо е задоволството повторно да се биде на тениските терени“, изјавил Надал, освојувач на 11 грен слем титули. Првиот меч во сингл во Вина дел Мар, Надал ќе го одигра...

Continue reading

gjokovic

Ѓоковиќ триумфира на Индијан Велс

Post Views: 7 Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ го совлада првиот светски рекет Рафаел Надал во финалето на Индијан Велс со 2:1 во сетови. Ѓоковиќ со голем пресврт славеше со 4-6, 6-3 и 6-2 и ја продолжи својата неверојатна серија од 18 последователни победи, која ја започна уште од финалето на Дејвис купот во Белград во минатата година. Популарниот Ноле стана првиот светски тенисер, кој сезоната ја започна со титули на Австралија Опен и на турнирите во Дубаи и Индијан Велс. “Играм со голема самодоверба и го чувствувам топчето на теренот. Посветен сум на тенисот и имам голема желба...

Continue reading

Rafael Nadal

Од тенисер, глумец

Post Views: 4 Најдобриот шпански тенисер, кој наскоро ќе се вради на терените после терените полсе повредата на коленото, ќе го доживее и својот прв настап на ТВ екраните, и тоа во една мексиканска теленовела. Надал неодамна најавил дека ќе се врати на тениските терени на АТП турнирот во Вина Дел Мар во Чиле. Тој потоа ќе игра во Бразил, а потоа и на турнирот во Акапулко во Мексико, кој е на програмата на 25-ти февруари. Тој за време на турнирот во Мексико ќе сними епизода за хит серијата „Озборувачка: Акапулко“, која е мексиканска верзија на популарната американска серија. Некогашниот...

Continue reading

Матје Мокур

Умре младиот француски тенисер Матје Монкур

Post Views: 6 Францускиот тенисер Матје Монкур умре на 24-годишна возраст, а причината за смртта не се соопштува. Монкур, кој на најновата светска АТП листа го заземше 119-то место, во 2008 година беше парично казнет со 12.000 долари поради нелегално кладење, кога му беше изречена и забрана за натпреварување од осум недели.Најдобриот резултат на овој француски тренисер беше пласманот во второто коло од Ролан Гарос во 2006, 2007 и 2009 година. {loadposition content9}

Continue reading

Nole

Ноле, Сталоне и Чак Норис

Post Views: 6 На покана на Силвестер Сталоне, Новак Ѓоковиќ отпативал во Софија каде што се снима продолжението на “Платеници“ и најверојатно светскиот рекет број 1 ќе се приклучи на една многу опасна багра тепачи.Според информациите на бугарската агенција “Новините“, најдобриот тенисер во светот би можел да се појави во филмот заедно со Силвестер Сталоне, Арнолд Шварценегер, Брус Вилис, Жан Клод Вам Дан и Чак Норис. Наводно, на Новак му била понудена помала улога во продолжението на филмот “Платеници“, кое веќе некое време се снима во Софија. Екипата моментно е на пауза, но снимањето...

Continue reading

  • 1
  • 2
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top