Камбек со победа на Рафа Надал

Шпанскиот тенисер Рафаел Надал, кој поради повреда на коленото отсуствуваше од уште од 28.јуни минатата година, со победа се врати на тениските терени.

 |  Голабовски Крсте  | 
Rafael Nadal
Рафаел Надал

Шпанскиот тенисер Рафаел Надал, кој поради повреда на коленото отсуствуваше од уште од 28.јуни минатата година, со победа се врати на тениските терени.

Надал, во игра на двојки, заедно со Хуан Монако, на турнирот во чилеанскиот Вина дел Мар, забележа победа над чешката комбинација Франтишек Цермак и Лукаш Длухи со 6:3, 6:2.

Rafael Nadal„Лекарите ми рекоа дека коленото ми е добро. Понекогаш ме боли, но сè е во ред. Големо е задоволството повторно да се биде на тениските терени“, изјавил Надал, освојувач на 11 грен слем титули.

Првиот меч во сингл во Вина дел Мар, Надал ќе го одигра в четврток, а противник ќе му биде Аргентинецот Федерико Делбонис. Седумкратниот победник на Ролан Гарос, кој на турнирите во Јужна Америка последен пат настапи во 2005 година, по Вина дел Мар, ќе игра на турнирите во Сао Паоло (Бразил) и Акапулко (Мексико).

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top