Ознака: температури

toploten

Топлотен бран

Post Views: 25 Според најавите на Управата за хидрометеоролошки работи дневната темепратура на повеќе места ќе надминува 35, а во југоисточните делови ќе достигнува и до 39 степени. Поради високата вредност на УВ индексот во периодот од 11 до 16 часот се препорачува да се избегнува изложеност на директно сончево зрачење. Министерството за здравство ги потсетува работодавците дека одредени производни и технолошки процеси може да претставуваат дополнителен ризик по здравјето на изложените работници, како и на обврската за почитување на законските прописи од оваа област. За заштита...

Continue reading

leto

Денешниот ден ќе биде најдолгиот во годината

Post Views: 0 Високи температури и сончеви денови го најавија летото, кое официјално почнува вечерва во 19 часот и 16 минути.Денешниот ден ќе биде најдолгиот во годината и ќе трае 15 часа и 19 минути. Сонцето ќе изгреe во 4.49 часот, а ќе зајде – во 20.08 часот. Летото ќе заврши на 23 септември во 11 часот и пет минути, кога ќе настапи есента. {loadposition content9}

Continue reading

nasadi creshi

Снегот и ниските температури позитивно ќе влијаат на земјоделските култури во нашиот регион

Post Views: 3 Снегот значи бериќет за земјоделските насади, вака вели производителот на органска и здрава храна, Ванчо Стојаноски. Според него ниските температури нема да ги намалат приносите од насадените култури, ниту пак оние кои допрва ќе се садат, или пак тоа намалување ќе биде во незначително мали количини. Единствено штета според Стојаноски претрпеле земјоделците кои произведуваат под пластеници, а кои не успеале да ја издржат тежината на снегот и се срушиле. „Регионов наш е сепак навикнат на зима. Добредојдени се и овие ниски температури поради тоа што сепак одредени болести...

Continue reading

vodomer

Пукнати водомери кај многу охриѓани поради ниските температури

Post Views: 6 Водоводната инсталација и водомерните броила не ги издржаа ниските температури. Денес, во нашата редакција, голем број граѓани се пожалија дека им пукнале водоводните броила и пукнати цевки во домовите. Граѓаните велат дека се обиделе да побараат помош од надлежните во МЈП Проаква, но никој не им одговарал на повиците. По многу обиди во сите служби на јавното претпријатие, дознавме дека истите нема да работат дури до четврток, но дека има дежурна екипа која би требало да одговара на повиците и да работи на отстранување на дефекти. Од јавното претријатие, редовно пред...

Continue reading

brza pomos

Итната медицинска служба со полни раце работа

Post Views: 1 Итната медицинска служба бележи зголемен број повици од хронично болни пациенти и срцево болните, но не и пациенти со повреди и скршеници. Очекуваат бројот на пациенти да се зголеми деновиве поради мразот на улиците. Од друга страна, непроодните патиштата им претставуваат голем проблем на екипите на брзата помош. Тешко се пробиваат на одредени локации во градов како и до селата за да интервенираат во итни случаи, како што нагласи раководителот на службата д-р Александар Стојаноски. „Во овие временски услови бројот на интервенции е нешто зголемен не така драстично меѓутоа...

Continue reading

varosh

Мразот го „окова“ Охрид

Post Views: 1 Ниските температури кои утрово беа почуствувани во охридскиот регион буквално го оковаа нашиот град. Најпогодени се жителите од стариот дел на градот, како и оние кои живеат во населбата „Гоце Делчев“ позната како Бараки.   Се повторува сликата на оштетени телефонски кабли како и кабли од кабелските оператори. Во населбата „Гоце Делчев“ под тежината на снегот се скршија неколку дрвја бор, а оштетено е и детското игралиште. {loadposition content9}

Continue reading

sonce

Зимата си отиде-велат од УХМР

Post Views: 7 До крајот на неделава во Македонија температурата ќе се движи од 10 до 16 степени, а в недела ќе порасне до 19 степени Целзиусови. Ниските температури повеќе нема да се вратат – велат од УХМР. Затоплувањето се должи на струењето на потоплите воздушни маси кои доаѓаат од југ. Ќе имаме викенд со пролетни температури – во целата држава во интервал од 13 до 19 степени Целзиусови. Од УХМР не ја исклучуваат можноста кон крајот на следната недела да падне дожд,но тоа не значи дека температурите ќе паднат драстично – ќе се движат околу 15 степени. Студеното време...

Continue reading

logo

Ниските температури ги замрзнуваат водомерите

Post Views: 0 Од МЈП „Проаква“, апелираат корисниците да преземат превентивни мерки на изолација на броилата. Заштитете ги водомерите. Ниските темпратури кои деновиве паднаа под нулата ги мобилизираа и одговорните служби за одржување на водомерите при МЈП Проаква. Сашо Сотироски кој секојдневно е во организациониот дел на овој сектор вели дека ниските температури допринесуваат водомерите да замрзнат поради недоволниот протек на течности, да испукаат стаклат и низа други пропратни работи. Тој додаде дека тоа е изразено повеќе во ноќните часови и упати апел до корисниците. „Сите корисници...

Continue reading

zolta faza

УХМР смирува-жолтата фаза значи само малку повисоки температури од нормалните

Post Views: 1 Охриѓани денес ја почувствуваа жолтата температурна фаза, прво вакво предупредување за ова лето. Но, она што се чини како нормално покачување на температурите, во најголемиот дел од медиумите беше сензационално најавено како алертна или алармантна фаза што секако може да ги вознемири граѓаните. Но, причина за паника, барем според зборовите на одговорните од Управата за хидрометеоролошки работи, во моментов нема. Тие појаснија дека постојат четири нивоа со кои тие го опишуваат интензитетот во однос на материјални штети и опасност по човечки животи. Ги запрашавме што точно...

Continue reading

zima

УХМР: Претстојната зима со вообичаени температури

Post Views: 16 Анализите на Виртуелниот центар за климатски промени на Југоисточна Европа покажале дека кон крајот на есента и зимскиот дел од годината температурата ќе биде во границите на просечните вредности. Во ноември во најголем дел од територијата на Република Македонија се очекува да биде во границите на просечните вредности, односно меѓу шест и осум Целзиусови степени, додека во планинските делови од два до четири. Врнежите ќе бидат поголеми од просечните за 25 до 50 отсто. Во централните подрачја, како и во Скопската котлина, врнежите ќе бидат поголеми од 50 до 75 отсто...

Continue reading

gucci summer

Дали вашата врска ќе го преживее летото?!

Post Views: 6 Летото е сезона на годишни одмори, но и “сезона” во која се случуваат најмногу флертувања и изневерувања. Убавото време и високите температури можат да бидат голем предизвик за многу врски, па некои парови есента не ја дочекуваат заедно. По три години испитувања во кое учествувале 4.500 испитанци, научниците од медицинскиот факултет во Лондон заклучуваат дека луѓето во лето често се опуштаат на изневерувања. За време на летните месеци, нешто повеќе од 20% од испитаниците биле изневерени од своите партнери, а друи 68% од нив признале дека на лето интензивно...

Continue reading

kej

Сонце ќе не грее цела недела

Post Views: 6 Денес во Македонија ќе биде претежно сончево со локална облачност, топло и ветровито, а од вторник температурите ќе почнат позначајно да се зголемуваат. Во понеделник ќе дува умерен северен и северозападен ветер кој понекаде ќе достигне брзина и до 10 километри на час. Утринските температури се од 1 до 8 Целзиусови степени, а дневните температури ќе се движат од 13 до 20 Целзиусови степени. Во вторник во Македонија ќе биде сончево и топло со слаб ветер од променлив правец, утринските температури ќе се движат минус 1 до 6, а дневните температури ќе достигнат до 16, односно...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top