Ниските температури ги замрзнуваат водомерите

Од МЈП „Проаква“, апелираат корисниците да преземат превентивни мерки на изолација на броилата.

 |  Николоска Биљана  | 
logo
лого

Од МЈП „Проаква“, апелираат корисниците да преземат превентивни мерки на изолација на броилата.

водоводЗаштитете ги водомерите. Ниските темпратури кои деновиве паднаа под нулата ги мобилизираа и одговорните служби за одржување на водомерите при МЈП Проаква. Сашо Сотироски кој секојдневно е во организациониот дел на овој сектор вели дека ниските температури допринесуваат водомерите да замрзнат поради недоволниот протек на течности, да испукаат стаклат и низа други пропратни работи. Тој додаде дека тоа е изразено повеќе во ноќните часови и упати апел до корисниците.

„Сите корисници да ја погледнат состојбата со водомерите и доколку постои проблем да се јават до нашите служби. Можат и корисниците да извршат и сами изолација со стиропор за да се одбегнат поголемите дефекти“

Според податоците на Сотироски, во нашиот град постојат околу 26 000 разни видови на профили на броила од кои околу 14 000 припаѓаат на индивидуалните станбени згради. Но проблеми се јавуваат насекаде, а интервенцијата не е баш популарна, додава тој.
Апелот од МЈП „Проаква“, доаѓа во вистински момент. Ниските температури деновиве предизвикаа бројни штети, но секако мерките на превентива добро е да се знаат.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top