Ознака: Струмица

pozar

Девојка го предизвикала пожарот во Струмица

Post Views: 2 Полицијата го откри лицето кое го предизика пожарот во Струмица, во кој со повреди се здобија 14 лица, од кои две починаа. Како што информираат од Секторот за внатрешни работи Струмица станува збор за 24-годишната струмичанка Е.М. против која ќе биде поднесена кривична пријава за предизивикување општа опасност. Девојката пред два дена меѓу 11 и 12 часот на ул.„Бошко Буха“ во Струмица на околу 50 метри од последните куќи во кои и таа живеала, запалила стари алишта кои биле непосредно под еден жбун, при што предизвикала пожар од поголеми размери на место викано „Ч,млк“...

Continue reading

Goce Arnaudov

Македонија се збогува од Гоце Арнаудов

Post Views: 21 Македонија се збогува од фолк пејачот Гоце Арнаудов. Неговите колеги и обожаватели на социјалните мрежи ја споделуваат тагата, пишуваат пораки, објавуваат негови песни. „Загубивме голем човек, прекрасен колега. Нема никогаш да го заборавиме“. „Арнаудов, пријателе, вечна ти слава“, се дел од коментарите на социјалните мрежи. Во Домот на културата во Струмица, денеска во 10 часот ќе се одржи комеморација по повод смртта на легендата на македонската народна музика Гоце Арнаудов, а посмртните останки ќе бидат изложени утре во 11 часот во капелата на градските гробишта...

Continue reading

центар за култура

Центарот за култура „Григор Прличев“ доби современа техника

Post Views: 16 Во рамките на тригодишниот проект кој е во контекст на заложбите за унапредување на состојбите во областа на театарската дејност, предвидено е опремување на девет од постоечките 15 театри во Република Македонија. До крајот на 2015 ќе се осовремени и техниката во  Театарот „Комедија“, Театарот за деца и младинци, Центарот за култура „Марко Цепенков“ во Прилеп, Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ од Куманово и Центарот за култура „Антон Панов“ во Струмица. Останатите театри во државата не беа опфатени со овој проект од причина што веќе добија нови современи објекти,...

Continue reading

Strumicki karneval

Струмичкиот карневал го следеа над 50 илјади посетители

Post Views: 1 Улиците и плоштадот во центарот на Струмица беа претесни за да ги соберат над 50-те илјади посетители што синоќа дојдоа да ја следат главната карневалска фешта пред платото на Домот на културата. Во свечената  карневалска поворка учествуваа над 2.500 маскирани луѓе од Струмица, Прилеп, Скопје, Кавадарци, Берово, Делчево, Радовиш и од други градови во државата, како и гости од Финска, Бугарија, Србија, Албанија и од Турција. Според оценката на Организациониот одбор, годинешниот карневал беше еден од најуспешните по разновидноста на маските и прекрасните креации, а желбата...

Continue reading

RK Ohrid 2011

Охридските ракометари ја започнуваат Суперлигашката авантура

Post Views: 16 Охриѓани годинава ќе имаат привилегија на свој терен да следат Суперлигашки ракомет, а сето тоа благодарение на момците од ракометниот клуб Охрид 2011. Тие, за само неколку дена, во недела, ја започнуваат својата Суперлигашка авантура. Со своите игри, залагање, борбеност и посветеност во изминатите две сезони, овие момци покажаа и докажаа дека знаат ракомет. Тие во последен момент и благодарение на локалната самоуправа, но и локалните бизнисмени го фатија возот за ракометната елита, откако беа условно претворени во акционерско друштво што беше првиот услов за настап...

Continue reading

  • 1
  • 2
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top