Струмичкиот карневал го следеа над 50 илјади посетители

Улиците и плоштадот во центарот на Струмица беа претесни за да ги соберат над 50-те илјади посетители што синоќа дојдоа да ја следат главната карневалска фешта пред платото на домот на културата.

 |  Маја Савиќ  | 
Strumicki karneval
Струмички карневал

Strumicki karnevalУлиците и плоштадот во центарот на Струмица беа претесни за да ги соберат над 50-те илјади посетители што синоќа дојдоа да ја следат главната карневалска фешта пред платото на Домот на културата.

Во свечената  карневалска поворка учествуваа над 2.500 маскирани луѓе од Струмица, Прилеп, Скопје, Кавадарци, Берово, Делчево, Радовиш и од други градови во државата, како и гости од Финска, Бугарија, Србија, Албанија и од Турција.

Според оценката на Организациониот одбор, годинешниот карневал беше еден од најуспешните по разновидноста на маските и прекрасните креации, а желбата на учесниците да го демонстрираат она што го подготвиле како своја точка не ги спречи ниту дождот што почна да врне во вториот дел од карневалската забава.

Специјалното жири денеска напладне ќе ги соопшти наградите за најуспешни групни и поединечни маски во секоја категорија. Вкупниот награден фонд изнесува околу 10 илјади евра.

Обредниот дел од Струмичкиот карневал, кој секоја година се одржува 40 дена пред Велигден во чест на тримерските празници и започнувањето на големиот предвелигденски пост, ќе заврши денеска со посета на куќите на армасаните (свршените) девојки, каде што присуствуваат само жени и каде се готват исклучиво посни јадења и се пеат еротски песни.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top