Ознака: страна

sonk

Обезбеден надоместот за патни трошоци на наставниците

Post Views: 8 Просветните работници кои одржуваат настава во руралните средини  патните трошоци нема да ги плаќаат од свој џеб. За тој надомест годинава ќе се погрижи Локалната самоуправа. Преговорите помеѓу претставниците на секторот за образование при општина Охрид со претставниците на СОНК кои деновиве интензивно се водеа вродија со плод вели претседателот на Синдикатот, Аце Речкоски. „Резултатот од последната средба што ја имавме со претставниците од Локалната, наидовме на разбирање од нивна страна, значи бесаплатниот јавен превоз на просветниот кадар  кој што ќе патува ќе биде...

Continue reading

pastrmka

Охридското езеро порибено со сто илјади нови парчиња од ендемичната охридска пастрмка

Post Views: 4 Охридското езеро денес си доби нов подмладок од ендемичната охридска пастрмка. Вештачкиот мрест беше спроведен како координирана акција помеѓу јавната научна установа „Хидробиолошки завод“ од Охрид и стопанскиот концесионер на езерото „Пастрмка 2012“, а во соработка и со подршка од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство. Според концесионерот Ристе Танасоски, од „Пастрмка 2012“, нивото на собраната икра за вештачкиот мрест е добар индикатор за подобрувањето на бројноста на охридската пастрмка во Охридското езеро. „Денеска ќе биде порибено со 100.000...

Continue reading

plivanje

Дали ЈП „Билјанини Извори“, ќе застане на свои нозе?

Post Views: 1 Финансиска криза со која се соочува ЈП „Билјанини Извори“, за една година ќе биде надмината, тврди првиот човек на ЈП Иван Цветкоски. Од една страна тој не крие дека доцнат со исплата на плати, но од друга страна пак на вработените им влева надеж дека до крајот на месец септември ќе бидат израмнети на две плати. „Нели знаете дека ние започнавем со 5 плати во минус, она што можам да го потенцирам дека данокот спрема државата го подмируваме остана уште еден мал дел, заклучно со месец мај започнавме со исплата значи на месечниот износ по основ на потрошена електрична енергија,...

Continue reading

Ohridsko Ezero

Пронајдени момчињата кои се изгубија во Охридското Езеро

Post Views: 1 Припадниците на езерската полиција рано утрово во 04.10 минути живи и здрави ги пронајдоа двете момчиња кои синоќа околу 20.30 минути за исчезнати беа пријавени во полиција од страна на нивни другари. Акцијата која започна веднаш по пријавувањето  беше координирана со припадниците на капетанијата како и полициските службеници од Албанија, се извде во целото крајбрежје  од Охрид се до албанската страна. „ Двете момчиња се пронајдени во 04.10 минути на копно кај црквата св Богородица Заумска. Она што претходеше на добро координираната и изведена акција за пронаоѓање беше...

Continue reading

logo

Градинката 8-ми март со веб страна

Post Views: 0 Детската установа 8-ми март од Струга зачекори со современата технологија. На одбележувањето на партонот на установата, се презентира веб страната на градинаката. Од сега, сите случувања, активности на децата и воспитувачките ќе бидат поставени на порталот,  со цел родителите да бидат во тек со нив. Веб страната ќе биде од корист посебно при уписите на децата. Директорката на Детска градинака „8-ми март“Симонка Јаканоска, рече дека на веб страната ја има целата биографија на градинките во склоп „8-ми март“. Прикажани се слики од објектите, така ќе може секој да види...

Continue reading

sovet

Советниците прашуваа, градоначалникот одговараше

Post Views: 1 Осмата седница на советот на општина Охрид со единствена точка, советнички прашања. Се прашуваше за се од тоа до каде се зафатите на Плаошник и што таму се прави, па се до тоа какви капитални инвестиции планира да реализира локалната. Токму прашањето за тоа што се прави во рамките на Плаошник повторно го актуелизираше советникот од СДСМ, Томислав Тунтев, кој изрази сомнеж дека дел од зафатите таму се незаконски. „До мене не стигнала никаква забелешка од страна на граѓаните околу локалитетот Плаошник, ниту наоѓам што е она на што треба да реагираме, која е вашата забелешка,...

Continue reading

pozar

Во пожар изгоре мајка и 3 месечно бебе

Post Views: 4   Утрово во пожар изгоре мајка и нејзиното три месечно бебе. Пожарот избувнал во 5 часот и 45 минути а пламените јазици до темел ја изгореа импровизираната куќарка сместена на ридот Чекоштина, Охрид, веднаш над бензиската пумпа Макпетрол. Пожарот бил забележан од страна на врабвотените во пумпата кои веднаш пријавиле во охридската против пожарна служба. „Со пријавувањето во противпожарната единица веднааш е интервенирано со 2 против пожарни возила и 8 пожарникари, пошто непристапен е теренот има растојание од местото на лоцирање на противпожарните возила до објектот...

Continue reading

steta orovnik

Општина Дебрца погодена од невреме

Post Views: 0 Силно невреме проследено со дожд и град зафати делови на општина Дебрца вчера попладне. Многу лозови насади и градинарски култури се оштетени, велат мештаните на село Оровник. Претседателот на месната заeдница Маријан Лошкоски изјави дека вакво невреме постарите жители не паметат од пред 50-60 години. Додаде дека градоначалникот на Дебрца Игор Трајкоски, веднаш пристигнал на лице место да ги слушне проблемите на земјоделците кај кои невремето предизвика посериозни оштетувања на насадот. „Траеше некаде околу дваесеттина минути силно, големи зрна некаде со со обем на...

Continue reading

opstina dostapna za site

Лицата со посебни потреби во локалната самоуправа добија „Инфо точка“

Post Views: 4 „Инфо Точката“ како услуга градоначалникот Бакрачески им ја вети на лицата со посебни потреби при првата средба откако стана градоначалник. Оваа точка е во координација со она што претставува потреба за подобар сервис на оваа категорија граѓани од страна на администрацијата во општина Охрид.„Овие лица ќе имаат подеднакви права и услови како и секое друго лице кое има потреба од вршење на работи од страна на општинската администрација“, вели првиот човек на општина Охрид градоначалникот Никола Бакрачески. „Ова е инфо точка каде лицата со посебни потреби веднаш по влегувањето...

Continue reading

maketa

Објектите кои се градат на Плаошник нема да бидат повисоки од СветиКлиментовата црква

Post Views: 2 Директорката на Завод и Музеј од Охрид, Тања Паскали Бунташеска, задоволна од тоа како се одвива изградбата на проектот за возобновување на Свети Климентовиот универзитет на Плаошник. Таа оптимист дека работите ќе бидат завршени во предвидениот рок. „Работите се одвиваат со задволително темпо. Во исто време се градат двата комплекси. Се гради првиот комплекс, тоа е Свети Климентовиот музеј и библиотека, Центарот за хуманистички науки, а во исто време од источната страна се градат манастирскиот конак и резиденцијалниот објект на МПЦ. Се надеваме дека ќе биде испочитуван...

Continue reading

logo

Фестивалот „Охридско лето“ збогатен со многу технички новитети

Post Views: 0 Најавената уметничка програма на 53-то издание на фестивалот „Охридко лето“ останува непроменета. На денешената прес конференција покрај програмата, беа  презентирани и цените на влезните билети, кои годинава ќе се движат од 250-1200 денари, а од овој петок, билетите веќе ке бидат во слободна продажба. Така,  фестивалската публика годинава навремено ќе може да се информира за настапите на врвните музички уметници и сценските изведби на реномираните театарски куќи. „Околу програмата немаме промени и измени. Како што ја најавивме, така за среќа одиме. Размислувавме дали...

Continue reading

motor

СВР Охрид со превентивни мерки за безбеден сообраќај летово

Post Views: 0 Со цел подигнување на безбедноста во сообраќајот, охридската полициска станица за безбедност во патниот сообраќај отпочна со зајакнати мерки и контроли на сите учесници во сообраќајот кои не ги почитуваат законските одредби за безбедност во патниот сообраќај. Во текот на вчерашниот ден, во времето од 13 до 19 часот активностите на СВР-Охрид беа насочени кон возачите на моторни возила и моторцикли при што биле контролирани вкупно 120  учесници од овие категории. И покрај досегашните укажувања, насоки и апели од страна на СВР Охрид, и понатака евидентна и несфатлива е...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top