Ознака: совет

stankoski

Александар Станкоски ги промовира своите визии за градот

Post Views: 9 Долгогодишното работно искуство го мотивирало адвокатот Александар Станкоски да го пренесе своето знање во градскиот Совет како  иден  советник. Како што нагласува Станкоски негова основна задача ќе биде и понатака да го иницира вложувањето на странски инвеститори во градот. Негова заслуга биле инвестициите од 2002 година  на македонски иселеници кои вложиле свој капитал во хотелите Инекс Горица, Инекс Дрим и Галеб.  „ Во тек е реновирање на поранешниот хотел Застава во кој треба да најдат вработување најмалку 50 лица. Хотелот ќе биде пуштен во употреба најдоцна до септември....

Continue reading

Mladinski Sovet

Букет песни од Младинскиот совет за охриѓанки

Post Views: 0 Букет од убави песни и раскази и музички творби кои се дел од литературниот клуб „Поема“, на охриѓанки во очи на меѓународниот ден на жената 8 ми март, им подари Младинскиот Совет од Охрид. Настанот се одржа во просториите на охридско лето и истиот се реализираше во соработка со музичкото училиште Методи Патчев.„Одлучивме да направиме настан со кој не едно место ќе ги  собериме жените кои значат нешто и со кои сме имале соработка или ќе имаме во периодот кој што ќе следува“, вели претседателот на Младинскиот совет, Димче Каневче. „Првостепено беше да се видиме со тие...

Continue reading

kandidati sovetnicka lista

Преставени кандидатите од советничката листа на Вмро Дпмне и Коалицијата

Post Views: 1 Лекари, професори, научни работници, бизнисмени се кандидатите од советничката листа на Вмро Дпмне и Коалицијата.  Носителот на советничката листа д-р Јованка Точко  ги престави и останатите кандидати како чесни, одговорни и докажани луѓе во својата професија. На денешното преставување д-р Точко потенцираше дека тоа се вистинските луѓе кои во идниот состав на  Локалната самоуправа ќе ги решаваат проблемите на Охрид и охриѓани.   „ Кандидатите за советници на листата се различни по возраст, но со иста цел, да одговорат на целокупната  проблематика со која се занимава...

Continue reading

izbori

Измина законскиот рок за поднесување на кандидатури

Post Views: 1 До саботата на полноќ во Општинската изборна комисија во Охрид  кандидатури за градоначалник поднеле Коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ и 19-те партии, а кандидат за градоначалник е доктор Никола Бакрачески.  Кандидат за градоначалник од Социјалдемократската унија на Македонија е Васил Ристески, а од Социјалдемократската партија на Македонија за градоначалничкото место во општина Охрид ќе се бори Александар Митрески. Од Демократската партија на Албанците кандидат за градоначалник е Фетак Елмази. Актуелниот градоначалник Александар Петрески како што во повеќе наврати најави дека...

Continue reading

agencija

Да има што повеќе жени во политиката

Post Views: 13  Да се зголеми бројот на жените во политиката. Ова е заложба на Советот на жени за родова еднаквост, македонското женско лоби и невладината организација „Антико“. Тие сметаат дека и сегашната законска бројка од 30% е мала за да може реално да се зајакне влијанието на жената врз политичките случувања во државава. Од друга старана пак и оние жени кои се инволвирани во политиката многу малку придонеле за подобрување на состојбата на ранливите категории. Ова е уште поевидентно на локално ниво, вели Наде Мартиноска од женскиот центар „Бисера“. Во Советот на општина Охрид...

Continue reading

sednica sovet

Секој на своето

Post Views: 0   Изградбата на комплексот во Љубаништа од мултимилионерот Субрата Рој и изградбата на хидроаеродромот стигнаа и на седница на совет. Денес по оваа точка се дискутираше на 56 седница на Советот на Општина Охрид која по обичај започна со задоцнување и тоа овојпат дури со час и половина. Ставот на советничката група на ВМРО ДПМНЕ е дека за ваква тема не треба да се дискутира на совет,  Но Градоначалникот со објаснување дека за толку важни прашања за градот мора да се слушнат мислењата и ставовите на советниците како и на експертите. Петрески уште еднаш го потврди својот...

Continue reading

sednica na sovet

Бурна 55 седница на советот на општина Охрид

Post Views: 0 Советниците се спречкаа уште на правата точка, предложена од страна на градоначалникот и тоа Согласно член 25 од законот за просторно уредување, градоначалникот даде предлог одлука за урбанистички план за изградба на хотел вон населено место за Коњско дел од туристички комплекс св Стефан. На овој предлог оштро се спротиставија советниците од ВМРО ДПМНЕ. Јованка Дамоска Секуловска вели дека ставот на советничката група на ВМРО ДПМНЕ е урабистичките промени да им се доставуваат навремено, а не пред самата седница. „Незнам што е брзањето и немаме детали за истиот планшто...

Continue reading

sednica sovet Ohrid

Кој-по што, е најмногу познат во Советот на општина Охрид?

Post Views: 4 Предлог одлуките по кои советниците дискутираат, додатно знаат да ја вжештат атмосферата. Советничкиот микрофон се чини најмногу го љубат координаторите на двете најголеми политички партии, Томислав Тунтев од СДСМ и Дејан Паноски од ВМРО-ДПМНЕ кои имале најмногу излагања од сите останати советници. По нив следуваат советниците Јованка Дамоска-Секуловска, Јоне Станкоски, Љубен Буџакоски, Борис Стефаноски и Величе Маркоски. А пак срамежливи пред микрофонот се советниците Александар Попоски, Кирил Пецаков, Џемал Рахман и Љупчо Настоски. Тие, во периодот од 43та до 49та...

Continue reading

polaganje vozacki ispit

16 годинишниците од јануари ќе можат да полагаат за возачка дозвола

Post Views: 30 Малолетниците за нешто повеќе од еден месец ќе може да управуваат со авомобили, се разбира ако ги совладаат сообраќајните правила. Оваа измена на Законот за безбедност на сообраќајот беше изгласана на владина седница пред точно една година.   Од автошколите ја поддржуваат оваа владина одлука и велат дека постарите малолетници, заслужуваат ваква можност, затоа што многу трезвено и одговорно ја прифаќаат оваа обврска. „Од следната година ќе можат да полагаат за возачка и од Б категорија и лицата со наполнети 16 години со тоа што за нив ќе има зголемен фонд на часови...

Continue reading

strujomeri

На охриѓани не им гори под нозе

Post Views: 6 Ценовниот удар на струјата ги погоди и охриѓани. Но нашиот град очигледно слабо реагира на ударот бидејќи во Охрид сеуште нема индиции за штрајк против поскапувањето на електричната енергија. Поголемите градови во земјава Скопје, Битола, Прилеп, Тетово и Куманово се приклучија кон граѓанската иницијатива на здружението Аман, од каде најавија одржување на протести секој вторник. Да се надеваме дека нема да поминат многу вторници. Охриѓани ги поддржуваат протестите и доколку би имало би се приклучиле кон нив, но очигледно нема кој да ги организира. Атмосферата во Битола...

Continue reading

znak

Летниот сообраќаен режим, нова атракција во Охрид

Post Views: 7 Горе , долу, лево, десно. Ова не е рефрен од песна туку компарација за охридскиот сообраќаен режим. Откако новото сообраќајно решение од први јули стапи на сила, а со него најголемиот дел од улиците станаа еднонасчни, граѓаните на Охрид збунето кружат по градов незнаејќи кој правец да го фатат. За гостите пак движењето по охридските улици е нова туристичка атракција. –Вртам кругови додека стигнам до дома, вели еден охриѓанец -Не знам што е ова, ние сме туристи и не знаеме како да стигнеме до апартманот, вели една битолчанка -За да стигнам до дома влегувам во една...

Continue reading

panoski

Цените на услугите да се намалат

Post Views: 4 Локалните ЈП да ги намалат комуналните услуги. Координаторот на советничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Дејан Паноски денес јавно ја покрена оваа иницијатива, поради намалувањето на цената на нафтата и нафтенте деривати, чија висина првично беше причина за зголемување на цената на услугите. Паноски дури смета дека треба да се размислува да се воведе конкурентност на пазарот на услугите, во интерес на граѓаните. „Комуналец да ги намали цените на комуналните услуги, нискоградба исто така и секако и Градски гробишта Јавното Претпријатие да ги намали цените, посебно услугата гробарина...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top