Ознака: советот

opshtina

Финансиски рапорт на јавните претпријатија

Post Views: 11 На утрешната 31- седница на советот на Општината, охридските советници ќе расправаат околу финансиското работење на јавните претпријатија  и општинските училишта. Исто така, на дневен ред ќе се најде и Предлог одлуката за усвојување на дополнувањето на Годишната програма за поставување на урбана опрема во општина Охрид. Финансиското работење на охридските јавни претпријатија, тема на утрешната седница на советот на општината. Покрај јавните претпријатија, извештај за своето работење пред советниците, ќе поднесе и Одделението за инспекциски надзор-Инспекторат. И усвојувањето...

Continue reading

ucenici

Училишни униформи, да или не?

Post Views: 13 Училишни униформи за децата од основното училиште „Григор Прличев“. Овој муабет се слуша низ целиот град. Некои родители со жестоки реакции за предлогот. Како што кажува и името, ова засега е само предлог, кој според директорот на ова училиште, Сашо Ставрески сеуште не е целосно разработен и треба и понатаму да се разгледува. По овој предлог се состанал и советот на родители од ова училиште. „На тој состанок на совет на родители беше донесена одлука за да се формира комисија што ќе работи на овој предлог. Комисијата беше формирана од членови на советот на родители....

Continue reading

Aleksandar Petreski

Како фунционира локалната без градоначалникот?

Post Views: 6 Отсуството на градоачалникот ги забави работите во локалната самоуправа. „Проблемите се натрупуваат, а граѓаните мора да знаат што се случува“, вели претседателот на ОК ВМРО ДПМНЕ, Атанаско Михаилов. „Во овој момет локалната е во длабок зимски сон, советот не работи, седници нема, планови за наредната година нема, никакви извештаи за тоа како ќе се реализира буџетот, нема програма за туризам , за локален економски развој, едноставно во моментов општината како да не фунционира. Пред Нова Година градоначалникот на вработените им подели К15 по 12 000 денари, а советниците...

Continue reading

совет

Првата Седница на советот за оваа година, заврши пред и да започне

Post Views: 2 29-та седница на Советот на општината прва во оваа година, заврши пред и да започне. За помалку од половина час, на барање на советничката група на СДСМ, седницата беше прекината. Имено на оваа група, а во врска предлог иницијативата на советничката група на ВМРО-ДПМНЕ за преименување на една од улиците во личнсота и делото на спортскиот великан Атина Бојаџи, и беа потребни дополнителни консултации со останатите коалициони партнери, истакна советникот од оваа група, Ахмед Патељ. А од оваа советничка група и со малку поразличен предлог за истата иницијатива. „Како советниќка...

Continue reading

новогосисхен панагур

Новогодишен панаѓур во ОУ „Св. Климент Охридски “

Post Views: 2 Настаните од ваков карактер се секогаш добредојдени и ние секогаш ги подржуваме, вели директорката на ова училиште, Славица Илиќ. Секогаш излегуваме во пресрет на иницијативите на родителите, а денешниот настан е пријатно изненадување за нашето училиште, додава таа.Со денешната акција собрани се 17 500 денари. Тие ќе бидат искористени за тековните потреби на училиштето. Ќе се потрошат за купување тонери и останати работи кои се неопходни за тековно работење на училиштето. Износот е симболичен, но многу значаен за нашето училиште, вели Илиќ. „Со овој настан докажавме...

Continue reading

nagradeni

Награда по пошта

Post Views: 7 Годинава највисокото општинско признание Светиклиментовата награда и плакета беа врачени на Свечената академија која се одржа на 8ми декември по повод патронот на градот Св. Климент Охридски. Но сеуште остана неврачена минатогодишната награда од овој карактер, која требаше да се падне во рацете на пратеникот Цветко Грозданов, професорката Милена Главинчева, и архитектот Димитар Зарчев. Нормално е да се наметне прашањето во охридската јавност кога ќе минатогодишните добитници на Светиклиментовата награда и плакета ќе си ја добијат наградата. Претседателот на Комисијата...

Continue reading

sednica

Утре пред советниците жешки планови

Post Views: 3 Нацрт-деталните урбанистички планови за дел од строгиот центар на Охрид ќе се најдат пред советниците на утрешната седница. Локалната ќе се обиде да протурка  5 точки за нацрт-детални урбанистички планови, кои веќе на хартија се дел од Дневниот ред за утрешната седница. Ова за ТВМ го најави претседателот на Советот Јаковчевски, а го потврди градоначалникот Петрески Посебно внимание од овие нацрт детални урбанистички планови привлекуваат два, посветени  на атрактивни локации во централното градско подрачје. Првиот предлог план се однесува на комплексите Табана и Летница,...

Continue reading

Petreski

Има ли пазарења во Советот?

Post Views: 0 Шпекулациите кои деновиве проструија во јавноста дека се разнишува мнозинството во советот градоначалникот официјално нити ги потврдува нити демантира, иако од изјавата која ја даде за ТВМ може да се заклучи дека сепак постојат пазарења во советот. „Секој може да бара што сака, но се знае што е совет, што е градоначалник. Градоначалникот согласно статутот на Охрид и законските прописи одлучува кој каде ќе биде директор. Советот ќе одлучува кој ќе биде претставник во управните и надзорните одбори. Они кои се одлучуваат да побараат вакво нешто си прават бајрам на умот....

Continue reading

vmro-dpmne

Квази, квази…квази…

Post Views: 5 Квази мнозинство во Советот на општината и квази Градоначалник. Ова се зборовите со кои од Општинскиот комитет на ВМРО ДПМНЕ на денешната прес конференција ја нападнаа градската власт. Отаму обвинуваат за нивно катастрофално однесување и на редок политички случај мнозинството предводено од СДСМ да го нема на седниците, а опозицинерите трпеливо да ги чекаат во клупите. „Не може тоа да се покрие ниту со тероризирање на вработените во општината, претпријатијата  и училиштата. Во тоа нанесување на штета врз Охрид предничи основачот на ова мнозинство квази Градоначалникот...

Continue reading

Sv Kliment Ohridski

Доделување награда или политичка фарса?

Post Views: 1 Објавен конкурсот за престижната Светиклиментова награда. Иако минатогодишните добитници сеуште чекаат да ги добијат наградите и повелбите, општината во потрага по нови кандидати за највиското општинско признание, наградата „Патрон на градот“ – Св. Климент Охридски. Ќе го добие ли годинава ова признание третманот и вниманието кое го заслужува? Ќе заврши ли во рацете на оние кои по заслуга го добиле или ќе биде само уште еден од купот камења околу кој ќе се сопкаат интересите на политичките партии во градов?Најпрестижната награда која општина Охрид ја доделува за животно...

Continue reading

Atanasko Mihailov i Velice Markoski

Величе Маркоски застана на страна на ВМРО ДПМНЕ

Post Views: 4 Советничката група на охридскиот совет, ВМРО ДПМНЕ доби уште еден истомисленик. Новоназначениот советник Величе Маркоски кој во советот дојде на местота на Владо Цветкоски, се изјасна дека ќа ја подржува работата на групата на ВМРО ДПМНЕ.„Чест ми е што ќе бидам дел од советот на општина Охрид. Мојата основна цел ќе биде да ги застапувам интересите на сите граѓани без разлика на нивната политичка и верска припадност“, истакна советникот Величе Маркоски.Маркоски и покрај тоа што на изборите беше кандидиран како независен кандидат, признава дека е член на ВМРО ДПМНЕ уште...

Continue reading

bezbednost

Нарушена безбедносната стабилност во земјава

Post Views: 11 Во моментов Македонија нема безбедносен стабилитет и на многу полиња е нарушена безбедноста вели Проф. д-р Јордан Спасески. Полицијата врши тешки и сложени задачи и таа е столб на безбедносниот систем. Иако безбедноста во целина не зависи само од активностите на полицијата, сепак таа во голема мера има удел во ова сфера укажува Спасески. Во безбедносниот систем во полицијата се примаат луѓе кои се оспособуваат по пат на курсеви и семинари додава Спасески. Полициската академија пак ја заврши 3-та генерација едуциран кадар од кој не е вработен ниту еден. Тоа покажува...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top