Post Views: 1
Силен земјотрес го потресе Охрид пред полноќ, чија магнитуда беше 4.1 степен според Рихтер. Пред и по него имаше помали потреси со магнитуда помеѓу 2 и 3 степени.
И утрово во 6.30 Охрид и околината почуствуваа силен земјотрес со магнитуда од 3.8 степени според Рихтер, а епицентарот бил помеѓу селата Косел и Јанкоец, ресенско.
Вознемиреноста кај граѓаните е голема. Изминатата ноќ многумина решија да ја поминат на отворено, а се бројат и штетите на објектите кои засега се од помал обем и најчесто се работи за обрушувања на оџаци, доградби, оштетени балкони, ѕидови и слично....
Post Views: 3
Несекојдневна ситуација се случила во петокот, во 1 коло од втората бразилска лига. Фудбалерите на Португеза го напуштиле теренот во 16 минута од натпреварот бидејќи добиле судски налог со кој треба да бидат вратени во првата лига.
Да се потсетиме, по завршувањето на минатата сезона на Серија А, дисциплинската комисија на Бразилскиот спортски суд му одзеде 4 бода на Португеза која во последното коло против Гремио користела играч кој не ја одработил суспензијата. Клубот со самото тоа автоматски паднал на 17 место и испаднал од лигата.
Португеза продолжила по цивилните...
Post Views: 0
Викендов разорен земјотрес го потресе светот, ова понеделничко утро многу потреси, како и во текот на целиот викенд.
Утрово има земјотреси во Турција, во Италија, а се стресе и Босна со јачина од 2,4 степени според Рихтер.
Се стресе и Албанија со јачина од 4,2 степени според Рихтер. Се стресе и Грција, а овој земјотрес бил со јачина од 2,3 степени според Рихтер.
Викендов се случи и разорен земјотрес во Нова Гвинеја од 8 степени по Рихтер.
Post Views: 2
Силни земјотреси ги погодија централните области на Италија кои во август годинава претпрпеа големи штети од тогашниот земјотрес.
По вчерашните три земјотреси нема извештаи за загинати. Тие беа почувствувани и во Рим и Неапол и предизвикаа оштетувања на стари згради, вклучувајќи и неколку историски споменици и цркви.
Првиот земјотрес бил со сила од 5,4 степени според Рихтеровата скала, вториот 6,1, а третиот од 4,9, соопшти американски Геолошки институт. Неколку часа по земјотресите локалните власти известија за десетина полесно повредени лица.
Post Views: 1
Во серија експлозии во ирачката провинција Анбар загинаа 19 луѓе, соопштуваат локалните власти.
Сите напади се извршени со автомобили-бомби во градот Рамади. Првата бомба експлодирала близу до полициска станица и до зградата на локалната самоуправа. Вториот автомобил експлодирал додека полицијата и случајните минувачи им пружале помош на ранетите, а третата бомба експлодирала еден час подоцна, пред влезот на болницата, соопштува полицијата.
{loadposition content9}
Post Views: 4
Серија земјотреси деновиве го погодија Скопје, од кои најсилниот со магнитуда од 5.3 степени. Потресите предизвикаа нервоза и паника кај граѓаните, од кои голем дел ноќта ја минаа под отворено небо, стравувајќи од нови земјотреси.
Првиот послаб земјотрес бил почувствуван рано утрото во неделата, а најсилниот попладнето. По него следувале уште неколку потреси со послаб интензитет. Никој не бил повреден во земјотресите, но многу граѓани се пожалиле на повреди откако во паника ги напуштале своите домови.Според официјалните податоци, најмалку 30 граѓани побарале лекарска...
Post Views: 3
Финансиската полиција во Италија упадна во просториите на 41 клуб од Серија А и Серија Б, како и дел од екипите од понизок, со цел да ги испита договорите на играчите, тренерите и менаџерите поради сомневање за избегнување плаќање данок и перење пари.
Акцијата е по наредба на обвинителот од Неапол. Извори во обвинителството тврдат дека голем број играчи добиваат пари на рака и на тој начин избегнуваат плаќање давачки кон државата.
Помеѓу 18 екипи од Серија А се наоѓаат и великаните Јувентус, Милан и Лацио. Клубовите се осомничени за криминално здружување со цел избегнување...
Post Views: 4
Десетици згради, меѓу кои и станбени објекти се уништени при преминување на торнадо во источниот дел на амриканската сојузна држава Мисисипи и на западниот дел на државата Алабама.
На шест места во тие области на двете држави минало торнадо. Засега нема информации за евентуални жртви. Меѓу оштетените згради има училишта, цркви и еден затвор.
Властите вршат проценка на причинетата материјална штета.
Post Views: 20
Овој пат „жртва“ беше директниот ривал за втората позиција во Супер лигата, екипата на „Работнички“. Во завршницата на совршениот натпревар, гладијаторите славеа со 24-20.
Ракометниот клуб Охрид впиша нови бодови на суперлигашкото конто откако пред своите гледачи го совлада Работнички (24-20) во дербито во 10-та рунда. Со овој овој петти по ред триумф охриѓани го „турнаа“ Работнички на третата позиција во елитата. „Гладијаторите“ одиграа перфектен натпревар и на крајот заслужено славеа со 24-20. Печат на петтата победа во серија охриѓани ставија со цепелин во режија...
Post Views: 3
Серж Ибака, со распон на рацете 225 сантиметри, само стоеше покрај Дирк Новицки, неможеше да го чува. Всушност кој и да се обидеше неможеше да стори ништо. Дирк застана на 48 поени со шут од поле од 12-15 и нов НБА плеј-оф рекорд 24 од 24 од линијата за слободни фрлања.
Џејсон Тери го следеше Новицки со 24, а Џеј-Џеј Бареа додаде 21 поен за Мавси. Доволни за победа од 121:112 на Далас во првата средба од финалната серија на Западната конференција.Гостите од Оклахома Сити не можеше да ги спаси ниту Кевин Дурент и неговите 40 поени. Тој ја немаше помошта која ја доби...
Post Views: 6
Младите следат турски и англоамерикански серии, покажа истражувањето кое го спроведоа студенти од Центарот за правни и политички истражувања при Универзитетот „Гоце Делчев” во Штип.
Омилена серија им е „Аси”, a омилен лик е Демир. Центарот за правни и политички истражувања заедно со студентите направи истражување на тема „Влијанието на сериските филмови врз младите”. Истражувањето е спроведено во текот на 2013 година.
На прашањето „Каков медиум користите за гледање на ТВ сериите?”, 61% од испитаниците одговориле дека сериите ги гледаат на интернет,...
Post Views: 1
Едно од советничките прашања на денешното издание на седницата на советот, беше и она на заменик градоначалникот Ангел Jанев, за тоа до каде е рализацијата на капиталните проекти во Охрид. Прашање за кое Јанев рече дека постојано се поставува од граѓаните на Охрид, одговорот се гледа, но многу малку се зборува на таа тема.
„Капиталните инвестиции за овие кои се ветени за кои граѓаните само претпоставуваат би сакал да ни кажете во која фаза се овие проекти и до кога се очекува нивната реализација“ запраша Јанев.
Овие проекти се во насока на подобрување на животот на охриѓани...