Ознака: Сандански

Улицата „Јане Сандански“ доби сообраќајна сигнализација

Post Views: 1 Реконструираната улица „Јане Сандански“ добива сообраќајна сигнализација по сите современи стандарди. Покрај обележување на основната хоризонтална сигнализација, обележани се велосипедски патеки од двете страни на коловозот. Исто така, предвидено е поставување на вертикална сигнализација. Со овие активности, целосно се комплетира проектот за реконструкцијата на оваа важна сообраќајница во Охрид. Претходно беше извршена промена на водоводната мрежа, беше поставена нова фекална и атмосферска канализација. Поставен е асфалт на коловозната лента, беа уредени тротоарите...

Continue reading

Улицата „Јане Сандански“ утре ќе биде затворена за сообраќај

Post Views: 8 Поради бележење на хоризонтална сигнализација, во вторник на 26.10.2021 година (од 08:00 часот) ќе биде затворена за сообраќај улицата „Јане Сандански“ на потегот од крстосницата со булевар „Туристичка“ до кружниот тек кај Општа болница. Се молат граѓаните и учесниците во сообраќајот да ги отстранат сите возила од оваа улица и воедно во текот на утрешниот ден да го избегнуваат за сообраќај овој потег од градот.

Continue reading

Улицата „Јане Сандански“ утре затворена за сообраќај

Post Views: 12 Поради изведување на градежни работи за асфалтирање, во четврток на 21.10.2021 година (од 05:00 часот) ќе биде затворена за сообраќај улицата „Јане Сандански“ на потегот од крстосницата со булевар „Туристичка“ до кружниот тек кај Општа болница. Се молат граѓаните и учесниците во сообраќајот да ги отстранат сите возила од оваа улица и воедно во текот на утрешниот ден да го избегнуваат за сообраќај овој потег од градот.

Continue reading

Недосредени делови на улицата Јане Сандански

Post Views: 4 Во склоп на рубриката „Ти си твојот град“ ни пристигнаа слики од нашата сограѓанка Катерина Костоска. Станува збор за дел од улицата Јане Сандански за кој како што вели уште тој мал простор останал несреден и остава лоша слика за целата улица. Ова е нејзиниот коментар : Ви испраќам слики од ул. Јане Сандански, во близина на железарија „Мравка“. Од цела улица само овој дел остана ненаправен и ја грди цела улица – вели Костоска за „Ти си твојот град“.

Continue reading

450 гости затекнати во објект на улицата „Јане Сандански“

Post Views: 1 На 01.01.2022 полициски службеници од СВР Охрид, во соработка со инспектори од УЈП  извршија зајакнати контроли по угостителските објекти во Охрид. Притоа, во еден објект лоциран на булеварот „Јане Сандански”, во кој имало 450 гости, било констатирано дека одговорното лице кое го изнајмило објектот, не ангажирало агенција за обезбедување и не поседувало соодветна документација и одобрение за вршење на дејноста. Од страна на овластените службени лица била изречена соодветна глоба – информираат од СВР Охрид.

Continue reading

ПРВ АСФАЛТЕН СЛОЈ НА УЛИЦАТА „ЈАНЕ САНДАНСКИ“

Post Views: 0 Градоначалникот Константин Георгиески денеска направи увид на градежните активности за поставување на првиот асфалтен слој на коловозот на улицата „Јане Сандански“, на потегот од крстосницата со булевар „Туристичка“ до крстосницата со улиците „Сирма Војвода“ и „Даме Груев“. Како дел од предвидените активности на овој значаен инфраструктурен проект, беше поставена нова главна водоводна линија во должина од 700 метри и две секундарни линии од двете страни на улицата со вкупна должина од 1200 метри и завршени се сите поединечни приклучоци на домаќинствата. Исто така, извршено...

Continue reading

СЕ ОДЛАГА АСФАЛТИРАЊЕТО НА „ЈАНЕ САНДАНСКИ“

Post Views: 4 Поради најава за влошување на временските услови се одлага асфалтирањето на улица „Јане Сандански“ што беше предвидено за денеска. Поради подготвителните активности според најавеното улицата ќе биде затворена за сообраќај.  

Continue reading

Ќе се реконструира кружниот тек на пресекот на улиците „Јане Сандански“ и „Питу Гули“

Post Views: 20 Ќе се реконструира кружниот тек на пресекот на улиците „Јане Сандански“ и „Питу Гули“. По направените сондажи од страна на стручни лица од Одделението за комунален развој, сообраќај и патишта било констатирано дека овај кружен тек кој е поставен на една многу фреквентна крстосница, има оштетувања и некои недостатоци па неопходно е да се реконструира. Најпрво се планирало само да се направат некои помали зафати, но состојбата на терен покажала дека неопходна е целосна реконструкција. Завршена е тендерската постапка, склучен е договорот со изведувачот за реконструкција...

Continue reading

„Јане Сандански“ утре затворена за сообраќај

Post Views: 0 Поради асфалтирање, улицата „Јане Сандански“ утре (29.09.2021) во период од 5.00 ч до 16.00 ч. ќе биде затворена за сообраќај. Надлежните служби при општина Охрид упатуваат апел до охриѓани од вечерва да ги отстранат паркираните возила од двете страни на коловозните ленти со цел во раните утрински часови непречено да започне реализацијата на предвидените градежни активности.

Continue reading

Хортикултурно се уредува тротоарот на „Јане Сандански“

Post Views: 4 Екипите на ЈП „Охридски Комуналец“ деновиве изведуваат работни активности за хортикултурно уредување на зелените површини на тротоарот на улица „Јане Сандански“, согласно проектот за реконструкција на улицата. Се врши поставување на нов систем за наводнување на зеленилото и дрворедот, се насипува земја и ќе се врши засадување на трева. Откако ќе бидат завршени сите подготвителни работи ќе се пристапи кон засадување на новиот дрворед.

Continue reading

Интезивно се работи на улицата „Јане Сандански“

Post Views: 0 По интензивна динамика течат градежните активности за комплетна реконструкција на улицата „Јане Сандански“ на потегот од крстосницата со булевар „Туристичка“ до крстосницата со улиците „Сирма Војвода“ и „Даме Груев“. Веќе се уредени и поплочени тротоарите на левата страна, по целата должина на улицата, a во моментот се работи на уредување на тротоарите од десната страна на улицата. Деновиве беа завршени работните активности за поставување на ново улично осветлување. Како дел од претходните градежни фази, на овој значаен инфраструктурен проект, беше поставена нова главна...

Continue reading

ГОЛЕМ УСПЕХ НА НАШИТЕ ЈУНИОРКИ НА МЕЃУНАРОДНИОТ ТУРНИР ВО САНДАНСКИ Р.БУГАРИЈА

Post Views: 0 Викендов во Сандански, Р. Бугарија се одржа меѓународен Турнир во гаѓање со воздушно оружје на кој учество зедоа повеќе клубови од Р.Бугарија како и стрелци од два клубови од Македонија. Во категорија јуниорки (јуниорки до 20 години) со извонредно висок резултат и свој личен рекорд од 404,7 кругови Јана Маркоска се пласира на првата позиција. Во истата категорија нашиот друг претставник Мартина Петровска се пласира на четвртата позиција со 396,3 кругови.Во категорија на млади јуниорки ( јуниорки до 15 години) нашата јуниорка Анастасија Мојсовска исто така се пласира...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top