Ознака: самит

logo

Милошоски на „Кроација самит“

Post Views: 3 Министерот за надворешни работи Антонио Милошоски денеска учествува на четвртиот „Кроација самит“ на тема „Стратешки императив на Европа – енергетика, инвестиции и развој”, што се одржува во Дубровник. Милошоски ќе има свое обраќање на панелот наречен “ЕУ и НАТО – Трансформација на Југоисточна Европа“, во кое ќе ги реафирмира стратешките определби на Македонија за отпочнување на преговорите за полноправно членство во ЕУ и членството во НАТО, како клучни прашања за политичкиот и демократски развој на земјата. Високи претставници на држави и на меѓународни...

Continue reading

Најкраткиот НАТО самит

Post Views: 4 Американскиот претседател Доналд Трамп побара од членките на НАТО на денешниот самит да посветат поголемо вниманиево борбата против тероризмот и миграцијата, како и на заканата од Русија и безбедноста на источните граници. Трамп од земјите во Алијансата побара да ги исполнуваат своите финансиски обврски, потенцирајќи дека 23 од 28 земји не плаќаат за својата одбрана колку што е потребно. – Ако државите од НАТО ги исполнат своите обврски, Алијансата ќе биде многу посилна пред заканите од тероризмот. Не знам колку чини новото седиште тука, не смеев да прашам, но убаво...

Continue reading

Antonio Miloshoski

Министерот Милошоски на Самиот на министри во Молдавија

Post Views: 8 Министерот за надворешни работи на Република Македонија, Антонио Милошоски, денеска и утре ќе учествува на Состанокот на министри и Самитот на шефови на Влади на земјите членки на Процесот за соработка на Југоисточна Европа (ПСИЈЕ) што се одржува во Кишињев, Молдавија. Тема на министерскиот состанок е улогата на ПСЈИЕ во јакнењето на регионалната соработка и интензивирање на соработката помеѓу земјите на политичко ниво во сферите од заеднички интерес. На маргините на состанокот на министрите за надворешни работи Милошоски ќе оствари неколку билатерални средби со свои...

Continue reading

logo

Премиерот Груевски на Самит на Европската народна партија во Брисел

Post Views: 0 Премиерот и претседател на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски денеска во Брисел ќе присуствува на Самитот на лидери, премиери и претседатели на држави од редовите на Европската народна партија (ЕПП). На средбата ќе се дискутира на повеќе актуелни теми, меѓу кои светската економска криза и мерките за нејзиното надминување. На Самитот е најавено учество на германскиот канцелар Ангела Меркел, францускиот претседател Никола Саркози, италијанскиот премиер Силвио Берлускони, претседателот на Европската комисија Хозе Мануел Баросо, поранешниот словенечки премиер Јанез Јанша, премиерот...

Continue reading

internet kafe

Македонски кандидати за Светскиот самит за информатичко општество

Post Views: 1 Кандидатите за претставници на Македонија за наградата на Светскиот самит за информатичко општество во 2009 година, ќе бидат претставени денеска во Скопје. Цел на наградата е поттикнување на креативните потенцијали низ целиот свет да дадат придонес за надминување на дигиталниот и содржинскиот јаз кои го спречуваат сеопфатниот и рамномерниот развој на информатичкото општество. Кандидатите од Македонија ќе конкурираат во осум категории по различни е-содржини, а жирито нема веднаш да ја донесе одлуката, туку дополнително детално ќе ги разгледа претставени проекти. Целиот...

Continue reading

CEI

Милошоски во Кишињев на Самит на ЦЕИ

Post Views: 1 Министерот за надворешни работи Антонио Милошоски денеска ќе учествува Состанокот на шефови на дипломатии и на Самитот на претседатели на влади на земјите-членки на Централно-европската иницијатива што се одржува во Кишињев, Молдавија. Тема на министерскиот состанок, како што соопшти МНР, е улогата на ЦЕИ во јакнењето на регионалната соработка и интеграцијата во Европската унија. На Самитот на ЦЕИ ќе биде разгледана ситуацијата во регионот, а ќе биде усвоен и финален документ што се однесува на улогата на Централно-европската иницијатива. Со овие собири завршува претседавањето...

Continue reading

eu summit

Судбински самит

Post Views: 2 Се очекува на самитот да биде донесена одлука за измена на спогодбата меѓу членките, со што би се продлабочила економската интеграција и би се зајакнала буџетската дисциплина. На стабилизацијата ќе влијае и новиот договор, кој го предлагаат Франција и Германија за формирање на зона на безбедност, која ќе спречи нова криза, изјави минситерот за европски интереси на Франција, Жан Леонети. Франција бара таа спогодба да ја прифатат сите 27 земји-членки на ЕУ, но не е исклучена можноста таа да биде потпишана само од 17-те членки на еврозоната. Претседателот на Европскиот...

Continue reading

samit

Американско-рускиот самит бесплатна реклама за Прага

Post Views: 2 Рекламирањето на „Златната Прага“ и нејзините знаменитости што обично чини 130.000 долари на една страница во дневниот весник „Њујорк Тајмс“ или пак 50.000 долари за три секунди во етерот на Си-Ен-Ен, овој пат чешкиот главен град ги доби сосема бесплатно. Според маркетинг-менаџерот Давид Лотак, како што јави дописникот на МИА од Прага, кампањата која деновиве се водеше во Чешка поради руско-американскиот Самит по повод потпишувањето на историскиот договор за нуклеарно разоружување има вредност од речиси 11 милиони долари. Експертите тврдат дека огромна предност е и...

Continue reading

Netanjahu

Нетанјаху го откажа учеството на средбата на врвот за нуклеарна безбедност

Post Views: 3 Иран ќе биде главна тема на светската средба врвот за нуклеарна безбедност во Вашингтон на 12 и 13 април, изјави портпаролот на Стејт департментот Филип Кроули. – Ќе има билатерални разговори и средби. Очекуваме Иран да е важна тема за разговор, изјави Кроули. Постојаните претставници на шесторката (САД, Русија, Кина, Велика Британија, Франција и Германија) во ОН се собраа во британската мисија на ОН за да го разгледаат проектот за резоулцијата, изготвен од САД, во кој се предвидуваат санкции против иранската Гарда на револуцијата, кои се сметаат вмешани во дејноста...

Continue reading

logo

Самит на ОН за климатски промени

Post Views: 3 Копенхаген во понеделник се подготвува да ги угости стотината шефови на држави и влади на конференцијата посветена на климатските промени во организација на Обединетите Нации(ОН). Самитот што ќе трае до 18 декември се очекува да изработи документ кој ќе го замени протоколот од Кјото, чија важност истекува во 2012 година. Експертите сметаат дека Самитот ќе биде успешен доколку на него биде постигнат и договор за намалување на емисијата на штетни гасови што го предизвикува ефектот на стаклена градина. Емисијата на штетни гасови, а особено на јаглен-диоксид(ЦО2) е главната...

Continue reading

logo

85 лидери ќе присуствуваат на самитот за климата во Копенхаген

Post Views: 3 Повеќе од 85 претседатели на држави и влади најавиле учество на самитот за климатските промени во организација на Обедиентите нации, кој ќе се одржи во данскиот главен град од 7 до 18 декември. Оваа информација потекнува од извори блиски на данскиот премиер Ларс Лоеке Расмунсен, кој престојува во Порт од Спејн на самитот на Комонвелтот кој е псоветен на глобалното затоплување. Расмунсен изјавил дека одговорите на поканите кои им биле испратени на премиерите и претседателите на држаавите, главно биле позитивни.Од неговиот кабиент, излегла информацијата дека до петокот,...

Continue reading

logo

Самит ЕУ – САД

Post Views: 0 Лидерите на Европската унија и САД ќе се сретнат во вторник на самитот во Вашингтон посветен на климатските промени, финансиската криза и ситуацијата во светот, првенствено во Авганистан и Иран. Делегацијата на ЕУ на состанокот со американскиот претседател, Барак Обама ќе ја предводи шведскиот премиер Фредерик Рајнфелт, чија што држава во моментот е претседавач со Унијата. Според најавите, на самитот во Вашингтон ќе учествуваат шефот на шведската дипломатија , Карл Билт, претседателот на Европската комисија Жозе Мануел Баросо и високиот претставник на ЕУ; Хавиер Солана. Станува...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top