Ознака: рокот

Почнува да тече рокот за пријавување на спорните гласачи

Post Views: 3 Државната изборна комисија денес ќе ги објави имињата на сите 39.502 спорни записи од Избирачкиот список и ќе остави 25 дена овие гласачи да го докажат со валиден документ своето избирачко право. За да бидат повторно запишани во Избирачкиот список, треба овие идентитети дополнително да се пријават, лично во ДИК или преку електронска пријава.Идентитетот на граѓаните ќе се утврдува со лична карта или со патна исправа. При електронско пријавување, секој граѓанин преку пријава од апликацијата на ДИК, со матичен број и скениран личен документ, од кој ќе може да се прочитаат...

Continue reading

На полноќ истекува рокот за доставување на листи за пратеници

Post Views: 3 На полноќ вечерва истекува рокот за поднесување листи на кандидати за пратеници во Собранието на Република Македонија.Од Државната изборна комисија, кажаа дека до синоќа не пристигнала ниту една листа за кандидати за пратеници. ДИК откако ќе ги добие листите, има 48 часа за да утврди дали листата на кандидати е поднесена во утврдениот рок и дали е составена во согласност со одредбите на Изборниот законик. Ако има недостатоци, тие ќе треба да се отстранат исто во рок од 48 часа.ДИК вчера одржа седница на која го разгледа Извештајот од регистарот на државјани доставен...

Continue reading

olesnuvachi

Прекршен е рокот за избор на техничка Влада

Post Views: 2 Четирите партии не ги усогласија ставовите околу ингеренциите на новите министри и заменици министри, кои треба да останат на своите функции до изборите во април 2016-та, пренесува „Телма“. Работните групи, чиј состанок почна вчера околу 17 часот, некаде по полноќ си заминаа без договор. Тоа е непочитување на Протоколот од Пржино од 15 јули, со кој 20 октомври беше одреден како рок за избор на нови членови на Владиниот кабинет. Во него СДСМ треба да има министри за внатрешни работи и за труд и социјала, ВМРО ДПМНЕ заменици, плус СДСМ да има дополнителни заменици во...

Continue reading

zanaetcija

Рокот за субвенционирање занаетчии продолжен до 31-ви август

Post Views: 5 Министeрството за економија деновиве соопшти дека рокот за аплицирање на Јавниот повик за Субвенционирање на занаетчии и вршители на занаетчиска дејност ќе биде продолжен до 31-ви август 2015 година. Овој оглас кој беше објавен согласно Програмата за конкурентност иновации и претприемништво за 2015 година, обезбедува кофинансирање на занаетчиите до 70% од докажаните трошоци, но не повеќе од 120.000 денари. За трошоци во оваа програма се сметаат трошоците за Набавка на опрема и алат; Уредување и подобрување на деловниот простор; Изработка на визуелен идентитет на производ;...

Continue reading

Рокот на употреба на вакцината „Фајзер“ секаде во светот е продолжен од 6 на 9 месеци, а не само кај нас

Post Views: 2 Не е вистинито тврдењето во постот дека Македонија сама решила да го продолжи рокот на фајзеровата вакцина и дека тоа не е случај никаде во светот каде што вакцините се фрлаат. Напротив, Македонија е само една од земјите кои глобално го прифатиле фактот што производителот по своите истражувања, утврдил дека ако не е одмрзната, вакцината може да се користи до 9 месеци од датумот испишан на опаковката. Кај нас тоа е направено во координација со Европската агенција за лекови (ЕМА) и Агенцијата за лекови и медицински средства МАЛМЕД, по претходно одобрение издадено од европскиот...

Continue reading

legalizacija

Истекува рокот за легализација на дивоградбите

Post Views: 2 До 31-ви март треба да се поднесат барањата за легализација на дивоградби и активно да се искористи продолжениот рок. Во четврток истекува и рокот за легализација на инфраструктурните објекти, односно закомпаниите што поседуваат оптички, бакарни кабли, водоводи и друга инфраструктура. Елаборатите, пак, можат да се достават и до крајот на 2017 година. Сепак, за граѓаните кои веќе поднеле барања, рокот за доставување на елаборати е до крајот на годинава

Continue reading

Директорот на АХВ, Зоран Атанасов: Рокот за вградување на микрочипови кај домашните миленици се продолжува до крајот на годинава

Post Views: 2 Директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство, Зоран Атанасов денеска на прес-конференција информираше дека наместо до крајот на овој месец, рокот за бесплатна идентификација и регистрација на домашните миленици се продолжува до 31 декември годинава. За таа цел, како што рече директорот на АХВ, Атанасов набавени се 100 илјади микрочипови. Со нив треба да се идентификуваат и регистрираат сите домашни миленици, чијашто бројка, според податоците на Агенцијата, во моментов изнесува вкупно 49 илјади. „Би сакал да нагласам дека од 1-ви април апликацијата на чипот ќе се...

Continue reading

Рокот за пријавување по промотивна цена за учество на атлетскиот викенд Охрид Трчат кој ќе се одржи на 2 јуни истекува на 31 јануари

Post Views: 1 Промотивната цена за стартниот пакет за рекреативната трка на 5 километри и тим билдин трката изнесува 400 денари, а за трката на 10 километри стартниот пакет чини 700 денари. Асоцијацијата на спортови „Спорт за сите, сите за Спорт“ подготвува многу изненадувања и новини за третото издание кое повторно треба да ги помести границите во нашата земја. Повеќе информации околу пријавувањето и новостите на Охрид Трчат можете да најдите на официјалната интернет страна (ohridtrcat.mk). На следниот линк имате видео од впечатоците на учесниците од второто издание на Охрид трчаТ....

Continue reading

logo

Уште седум илјади фирми треба да воведат фискален апарат со GPRS уред

Post Views: 0 Даночните обврзници чиј промет во претходната година надминува 10.000.000 денари, понатаму обврзниците кои вршат угостителска дејност и кои вршат промет на нафтени деривати на мало (бензински пумпи) треба најдоцна до 31 октомври 2014 година да воведат и регистрираат фискален систем на опрема со GPRS уред. Рокот за сите други даночни обврзници е до 31 јануари 2015 година. Постапката на регистрација трае до 10 минути и се врши електронски од страна на овластениот производител, во моментот на набавка на фискалниот апарат. По успешната електронска регистрација во системот...

Continue reading

Продолжен рокот за регистрација во системот на УЈП за персонален данок

Post Views: 2 Сите граѓаните кои не се регистрираа до 31-ви декември минатата година во системот на Управата за јавни приходи за персонален данок, ќе може тоа да го направат и во текот на оваа година. Од Управата велат дека целта не е да казнуваат, па нема да вратат ниту еден граѓанин кој сака да се регистрира, но не се пријавил на време. Даночниците ќе се обидат да стапат во контакт и со тие кои воопшто не покажале интерес. – До 31.12.2018 година се регистрирани над 650.000 граѓани, но тоа не е конечната бројка. Задоволни сме од одзивот на граѓаните, кој е речиси 100 процентен. Системот...

Continue reading

Рокот за поднесување на барања за субвенции за мерките по обработлива површина и по грло добиток за 2018 година истекува на 15 Мај

Post Views: 3 Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој на република Македонија и  Канцеларијата за стручна поддршка на развојот на земјоделството на Општина Охрид, ги потсетува земјоделските стопанства дека рокот за поднесување на барања за субвенции за мерките по обработлива површина и по грло добиток за 2018 година ќе трае до 15 Мај. Барањата се поднесуваат по електронски пат, самостојно од барателите.Доколку барателите имаат потреба од помош при создавање на електронско барање, може да се обратат во подрачните единици на Министреството за земјоделств,...

Continue reading

Продолжен рокот за изградба на патната делница Кичево-Охрид

Post Views: 1 Владата на 60тата седница го прифати текстот на Анекс бр. 1 кон Договорот за изградба на патната делница Кичево-Охрид за продолжување на рокот за изградба помеѓу Јавното претпријатие за државни патишта и „Синохидро корпорејшн лимитид“.– Владата на Република Македонија денеска ја разгледа и ја усвои Информацијата за потребата од донесување на Закон за дополнување на Законот за реализација на инфраструктурни проекти за изградба на патна делница Миладиновци-Штип и патна делница Кичево-Охрид, и го разгледа и го прифати текстот на Анексот бр. 1 кон Договорот за изградба на...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top