Ознака: реконструкција

РЕКОНСТРУИРАНИ САНИТАРНИТЕ ЈАЗЛИ ВО ОУТУ „ВАНЧО ПИТОШЕСКИ“

Post Views: 6 Како дел од проектот за локална и регионална конкурентност, во ОУТУ „Ванчо Питошески“ се изведе целосна реконструкција на санитарните јазли. Проектот е финансирани од Европска унија и кофинансиран од Владата на Република Северна Македонија и општина Охрид. Вредноста на проектот изнесува 574.695 денари.

Continue reading

РЕКОНСТРУКЦИЈА НА ПОДОВИТЕ ВО ПОДРАЧНОТО УЧИЛИШТЕ ВО КОЊСКО И ВО ДЕЛ ОД ОУ „ГРИГОР ПРЛИЧЕВ“

Post Views: 0 Во подрачниот училишен објект на ОУ „Свети Наум Охридски“ во селото Коњско деновиве беше извршена комплетна реконструкција на подовите во три училници и една канцеларија. Поставувањето на новиот ламинатен под е овозможено преку донацијата која Општина Охрид ја обезбеди од една локална компанија за трговија со градежни материјали. Како дел од истата донација деновиве беше извршена и реконструкција на подовите во неколку училишни простории во ОУ „Григор Прличев“. Во текот на наредниот период со средства од буџетот на Општина Охрид планирана е комплетна реконструкција на...

Continue reading

РЕКОНСТРУКЦИЈА НА САНИТАРНИТЕ ЈАЗЛИ ВО ОУ „ХРИСТО УЗУНОВ“

Post Views: 1 Во тек се работни активности за комплетна реконструкција на сите санитарни јазли во ОУ„Христо Узунов“. Во рамки на раконструкцијата ќе биде извршена промена на водоводната инсталација, ќе биде поставена нова санитарна опрема и плочки. Вкупната вредност на оваа инвестиција изнесува 2,9 милиони денари, а средствата се обезбедени од буџетот на Општина Охрид. Според планираното, во текот на наредниот период во ова основно училиште ќе биде извршена целосна промена на дограмата и ќе бидат реконструирани подовите во сите училници. Минатата година, со средства на Општина Охрид...

Continue reading

pokriv stadion

Се урнал покривот на стадионот на холандскиот ФК Твенте, има затрупани

Post Views: 0 Дел од покривот на стадионот на холандскиот фудбалски клуб Твенте денеска се урнал, додека била извршувана негова поправка, а под урнатините останале затрупани засега непознат број градежни работници, објавија холандските медиуми, пренесува Нетпрес. Инцидентот се случил за време на изврување на градежни работи за реконструкција на покривот на стадионот. “Дел од покривот падна. Под урнатините има луѓе. Не знаеме точно за колку лица станува збор“, изјавил полициски портпарол. Според информации објавени од холандските медиуми, попуштиле два од носечките столбови. {loadposition...

Continue reading

РЕКОНСТРУКЦИЈА НА КРАК ОД УЛИЦА „ДАМЕ ГРУЕВ“

Post Views: 7 Деновиве се изведуваат градежни активности од завршната фаза за реконструкција на крак од улицата „Даме Груев“ во населбата „Христо Узунов“. Во текот на денешниот ден беше поставен првиот асфалтен слој на коловозот. Претходно се изврши поплочување на тротоарите од двете страни на улицата со бехатон плочки и се изврши поставување на нови рабници. Овие активности се дел од годишната Програма за уредување на градежно земјиште на Општина Охрид. Според планираното, во текот на наредниот период ќе бидат реконструирани и уште неколку краци од улицата „Даме Груев“.

Continue reading

РЕКОНСТРУКЦИЈА НА ВНАТРЕШНИ ЅИДОВИ ВО ОСУ „СВЕТИ КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ“

Post Views: 1 Во тек се работни активности за реконструкција на внатрешните ѕидови во ОСУ „Свети Климент Охридски“. Освен санирање и обработка на оштетените ѕидови во дел од училниците и ходниците, се врши и комплетно молерисување на сите училишни простории. За оваа намена од буџетот на Општина Охрид се издвоени 378.780 денари. Според планираното, во текот на наредниот период планирана е реконструкција на училишните простории и во дел од останатите основни и средни училишта на подрачјето на општината.

Continue reading

РЕКОНСТРУКЦИЈА НА ДЕЛ ОД КАНАЛИЗАЦИОНАТА МРЕЖА ВО ПЕШТАНИ

Post Views: 2 Екипи на ЈП „Нискоградба“ деновиве работат на реконструкција на дел од канализационата мрежа во село Пештани. Акцијата се спроведува со цел да се реши проблемот предизвикан со дел од септичките јами. На стрмен простор се изработува каскадна шахта која ќе е поставена на длабочина од 2 метри, а на длабочина од околу 4 метри се поставува нова цевка Ф 20 со должина од 25 метри. Зафатот се очекува да заврши деновиве.

Continue reading

РЕКОНСТРУКЦИЈА НА ТРОТОАРОТ И ВЕЛОСИПЕДСКИТЕ ПАТЕКИ НА БУЛЕВАР „ТУРИСТИЧКА“

Post Views: 1 Деновиве започнаа работни активности за реконструкција на тротоарот и велосипедските патеки на булеварот „Туристичка“ во потегот од крстосницата со улица „Јане Сандански“ до крстосницата со улица „Даме Груев“. Освен асфалтирање, поплочување и поставување на нови рабници, планирана е замена на стариот дрворед со нови соодветни садници. На местото на старите стебла ќе бидат засадени нови дрвја од видот Лириодендрон тулипифера.

Continue reading

РЕКОНСТРУКЦИЈА НА УЛИЦАТА ВО ПОРАНЕШНАТА КАСАРНА

Post Views: 5 Деновиве започнаа работни активности за комплетна реконструкција на улицата која поминува низ поранешната касарна „Михајло Апостолски“ од улицата „Кленоец“ до населбата„Радојца Новичиќ“. Проектот за реконструкција предвидува асфалтирање на коловозната лента и изведба на тротоари. Исто така, улицата ќе добие и нова сигнализација и осветлување. Овие активности се дел од годишната Програма за Уредување на градежно земјиште и за оваа намена се издвоени околу 13 милиони денари од буџетот на Општина Охрид. Градежните работи на терен ги изведува фирмата АД „Илинден“ Струга.

Continue reading

ПОДГОТВИТЕЛНИ АКТИВНОСТИ ЗА РЕКОНСТРУКЦИЈА НА УЛИЦАТА „ПРВА МАКЕДОНСКА УДАРНА БРИГАДА“

Post Views: 0 Деновиве започнаа да се изведуваат подготвителни активности за реконструкција на улицата „Прва Македонска ударна бригада“ од крстосницата со улицата „Питу Гули” до „Стобекс”. Во моментов се работи на преместување на дистрибутивната нисконапонска мрежа за пренос електрична енергија и замена на постоечките дрвени столбови со нови бетонски столбови. Проектот за реконструкција на улицата „Прва Македонска ударна бригада“ е дел од годишната Програма за уредување на градежно земјиште и за оваа намена од буџетот на општина Охрид се издвоени 13 милиони денари.

Continue reading

10 милиони денари за инвестиции за реконструкција и пробивање на пристапни патишта до земјоделското земјиште

Post Views: 7 Од програмата за капитални субвенци за развој на 8 -те плански региони во областа на земјоделството и руралниот развој е распишан јавен повик за аплицирање на проекти за таа намена. Целта на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство е да ги подобри руралната патна инфраструктура, која е предуслов за развој на земјоделството и руралниот развој. „За 2020 вкупниот фонд е 10 милиони денари за сите плански региони. Може да аплицираат само Центрите за развој на планските региони. Максималниот износ по апликација е 2 милиони денари, а може да се достави една...

Continue reading

Објавен е тендер за изведба и реконструкција на улицата Абас Емин

Post Views: 3 Од 5 февруари започна објавата од страна на Министерството за транспорт и врски за избор на изведувач за целосна реконструкација на улицата Абас Емин. Со изборот на изведувач на градежните работи според тендерската процедура предвидена е сложена реконструкција. Одделението за комунаен фонд изработи неколку проекти . Средствата за овие зафати се во висина од околу 46 милиони денари. 26 милиони се обезбедени со заем од Европската банка за обнова и развој преку МТВ , информира Томе Нанески раководител на Фондот за Комунален развој. Работите се очекува да почнат на пролет...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top