Ознака: Река

11 УЧЕНИЦИ СЕ УДАВИЈА ВО РЕКА ВО ИНДОНЕЗИЈА

Post Views: 2 Единаесет ученици се удавија, а десет се спасени за време на проект на училиштето за расчистување на река во индонезиската област Западна Јава. Локалните власти соопштија дека 150 ученици на возраст од 13 до 15 години од Исламското средно училиште учествувале во чистењето на коритото на реката Силиур, кога 21 од нив се лизнале во водата. Времето беше убаво и немаше поплави. Децата кои се удавија се држеле за раце. Едно од нив се лизнало и ги повлекло другите – изјави шефот на спасувачката мисија Деден Ридвансија. Според првичните сознанија, учениците не носеле...

Continue reading

Црн Дрим прекриен со отпадоци

Post Views: 1 Еколозите велат дека состојбата не е за оценување, туку за потценување. Никој нема надлежност за да ја исчисти реката:- службите меѓусебно си ја префрлаат вината. Пластични шишиња, кеси и облека,  се само дел од отпадоците со кои е прекриена реката Црн Дрим. Фактичката состојба со хигиената на реката  излезе на виделина откако овие неколку  дена се спуштени клапните од браната,  на истекот од езерото. Состојбата со реката е загрижувачка, особено на потегот од металната клапна па се до местото викано „Даљан“. На ова реагираат еколозите, кои сериозно се загрижени за моменталната...

Continue reading

ГРАДОНАЧАЛНИКОТ ГЕОРГИЕВСКИ НА УВИД НА ГРАДЕЖНИТЕ АКТИВНОСТИ КАЈ РЕКА ГРАШНИЦА

Post Views: 6 Градоначалникот Константин Георгиески денеска направи увид на градежните активности за уредување и проширување на коритото на реката Грашница кои се реализираат од пресекот на булевар„ Туристичка“ со улица „Железничка“ во должина од околу 170 метри. По расчистувањето, речното корито ќе се бетонира и ќе се обложи со камен. Вредноста на проектот е 6 милиони и 750 илјади денари, а градежните активности ги реализира Градежната компанија „Бокоп “ од Боровец која беше избрана по претходно распишан тендер на Општина Охрид.

Continue reading

Иницијатива за реализација на проект за реставрација на река Сатеска

Post Views: 1 Министерството за животна средина и просторно планирање ја известува заинтересираната јавност дека инвеститорот Општина Дебрца со седиште во с.Белчишта бб општина Дебрца достави известување за намера за изведување на проектот и утврдување на потребата од оцена на влијанието на проектот врз животната средина: Информација за поднесено известување за намера за изведување на Проектот: Реставрација на река Сатеска и пренасочување во нејзиното природно речно корито, општина Дебрца. Со проектот се предвидува реставрирање на природното речно корито на река Сатеска со цел да...

Continue reading

лов

Во тек е мрестот на топловодните риби во река Црн Дрим

Post Views: 2 ЗРСК Пастрмка од Струга како концесионер на рибите во „риболовен ревир река Црн Дрим 1“ во тесна соработка со Државниот инспекторат за замјоделство од Охрид спроведуваат секојдневни акции за заштита на рибите кои се мрестат. Во споменатите акции запленети се повеќе од еден километар мрежи и друг недозволен риболовен алат: сертмиња, трокуки, харпуни и сл., затекнати се 12 лица како вршат недозволен риболов и против истите се покренати прекршочни постапки. Во една од акциите беше физички нападнат и овластениот рибочувар при ЗРСК Пастрмка – Струга, за што реагираше...

Continue reading

avion

Авион „Ербас A 320“ се урна во реката Хадсон

Post Views: 3 Авион „Ербас А 320“, на американската авиокомпанија „Ју Ес ервејс“, со над 150 патници, се урна во студените води на реката Хадсон, во близина на аеродромот во Њујорк „Ла Гвардија“, пренесоа светските агенции. Непосредно пред инцидентрот, авионот полетал од „Ла Гвардија“ за Шарлот, во Северна Каролина. Тој се обидувал да се врати на аеродромот откако се судрил со јато птици. Според првичните податоци птиците оштетиле два мотора на авионот. Портпаролката на Федералната администрација за авијација (ФАА) соопшти дека сите патници од авионот се извлекле неповредени и без...

Continue reading

kalimanci

Штип ја преживеа ноќта

Post Views: 0 Штип ја преживеа ноќта, а најавуваните и очекувани поплави и изливање на течението на река Брегалница не се остварија барем засега. Брегалница засега во Штип и Ново Село е под контрола но се најавуваат уште дождoви, но она што загрижува е браната Калиманци. Калиманци е под огромен притисок, сеуште се испушта големо количество вода со што сеуште во опасност се доведува регионот во М. Каменица и цела Источна Македонија. {loadposition content9}  

Continue reading

Во Волино се одржа Јавна расправа за проектот за реставрација на река Сатеска

Post Views: 1 Неодамна во просториите на Центарот на Месната Заедница во Волино, се одржа Јавната расправа по Студијата за оцена на влијание врз животната средина за проектот: „Реставрација на река Сатеска и пренасочување во нејзиното природно речно корито“, општина Дебрца. На состанокот преставници од Министерството за Животна средина  и проектните кординатори ја презентира Студијата и значењето на истата пред засегнати страни како и жителите на село Волино. Присутните имаа можност од прва рака со свои забелешки и сугестии да укажат по текстот на студијата. Со проектот се предвидува...

Continue reading

ribi

Вевчанска река порибена со 1000 парчиња речна пастрмка

Post Views: 58 1000 парчиња автохтона речна пастрмка денес запливаа во Вевчанска река. Ова порибување беше спроведено од страна на спортското риболовно друштво „Пастрмка“ од Струга, под надзор на Инспекторатот за земјоделие, оддел за рибарство и аквакултура. Од таму велат дека ова порибување не е единственото кое ќе биде спроведено од страна на спортското риболовно друштво „Пастрмка“. „Ова порибување е само дел од годишниот план кој го има предвидено риболовното друштво за порибување на риболовниот ревир кој го имаме под концесија. Во наредниот период ќе продолжи порибувањето и на...

Continue reading

СЕ УРЕДУВА КОРИТОТО НА РЕКА „СУШИЦА“

Post Views: 1 Градоначалникот Константин Георгиески денеска направи увид на градежните активности за изградба и уредување коритото на реката „Сушица“. Се работи за потегот од пресекот на улица „15-ти Корпус“ со улица „Српница“, во должина од околу 200 метри. Речното корито ќе биде бетонирано и ќе биде обложено со камен. Вредноста на проектот е 4,2 милиони денари, а средствата се обезбедени од буџетот на Општина Охрид. Градежните активности ги изведува градежната фирма „Бокоп“. Претходно со средства на Општина Охрид беше извршено уредување на речното корито на реката „Грашница“од...

Continue reading

Во Велгошка река е забележана појава на пена од непознато потекло

Post Views: 4 Во водите на Велгошка река е забележана појава на пена од непознато потекло. Месните жители кои биле сведоци на појавата испратија видео и фотографии до редакцијата на ТВМ. Тврдат дека вчера во претпладневните часови во речното корито забележале пена од непознато потекло и не знаат од каде доѓа и кој ја предизвикува. Како што тврдат пената по кратко време се стврднува, подига и лета низ воздухот. Стравуваат дека непозната супстанца може да биде штетна по здравјето на луѓето, но и животната средина. Некои од мештаните ги наводнуваат градините со вода од речното корито....

Continue reading

Еколошка катастрофа се случува на Коселска река

Post Views: 3   На Коселска река и се случува еколошка катастрофа. Во долниот дел од речното корито кај с. Орман нема минимум биолошка вода за опстанок на живиот свет. Еколозите и риболовците од РД Св. Апостол Петар посочуваат дека еко катастрофата се случува неколку години наназад посебно во летниот период. Прстот го вперуваат во несовесното однесување на некои коселчани и во затајување на работата на инспекторските служби. „Во Косел е изградена брана и водата се пренасочува за наводнување. Ние и еколозите реагиравме и порано да се сруши но досега нема разбирање и тоа нанесува несогледливи...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top